Соопштенија
kanada1
Средба со Ендру Шир, Претседател на Претставничкиот дом на Парламентот на Канада
Понеделник, 01 Септември 2014

Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов, денеска оствари средба со Претседателот на Претставничкиот дом на Парламентот на Канада, Почесниот Ендру Шир, кој престојува во официјална посета на Република Македонија.

На средбата беше разговарано за натамошно јакнење на билатералните односи меѓу двете земји, за соработката на мултилатерален план, како и за состојбите во врска со членството на Република Македонија во НАТО.

Двајцата соговорници констатираа дека политичките односи на двете земји ги карактеризира позитивна развојна динамика без отворени прашања, континуиран политички дијалог и значајна соработка во повеќе области од заемен интерес.

Претседателот Иванов изрази задоволство од успешниот развоен тренд на односите меѓу двете пријателски земји и од плодниот политички дијалог, реафирмирајќи ја нашата подготвеност за зајакнување и продлабочување на политичките односи, и зголемување на соработката во сите полиња од заемен интерес.

Во однос на македонското членство во НАТО, претседателот Иванов се заблагодари за принципиелната поддршка од Канада, и побара поддршка и ангажман и на претстојниот НАТО Самит во Велс. Во контекст на тоа, македонскиот претседател го запозна соговорникот со импликациите од статус-кво состојбата во однос на нашите евроатлантски интеграции, како и за состојбата во разговорите за разликата околу името, кое претставува единствена пречка на нашиот евроатлантски пат.

На средбата, претседателот Иванов ја поздрави парламентарната соработката помеѓу двете држави, која бележи позитивен и успешен развој, за што голем придонес имаат Парламентарните групи за пријателство формирани во двата парламента.

Македонскиот претседател изрази очекување за унапредување на соработката во сферата на одбраната и економијата, и за зголемување на канадските инвестиции, при што ја истакната потребата од унапредување на договорната правна рамка помеѓу двете држави и што поскоро потпишување на конкретни договори, како и потребата од либерализација на канадскиот визен режим во однос на македонските граѓани.

Претседателот Иванов и спикерот на Претставничкиот дом, г. Шир ја реафирмираа подготвеноста за продлабочување на соработката, како на билатерален, така на мултилатерален план.
kanada2

prmportret
Претседателот Иванов го честита христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица
Среда, 27 Август 2014

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, упати честитка до Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан и до сите верници од православна вероисповед, по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица.

Ваше Блаженство,

Дозволете ми, Вам лично, на сите верници од православна вероисповед, на членовите на Светиот архијерејски синод, на преподобното свештенство и монаштво, да Ви упатам искрени честитки по повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица.

Одбележувајќи го денот посветен на мајката Божја споменуваме за вредностите на скромноста, трпеливоста, човечноста, споделувањето на радоста и тагата и подавањето рака на секому кому му е потребна.

Празнувањето на успението на Богородица значи празнување и почитување на семејството и семејните вредности, на разбирањето и љубовта кон ближните и подготвеноста за надминување на искушенијата.

Негувајќи ја традицијата, години наназад, го славиме денот на Мајката и заштитничката, молитвеницата и закрилницата на сите христијани следејќи ги начелата кои нè прават човечни и се извор на нашата духовна сила. На овој голем ден ја потврдуваме нашата определба за заеднички напредок, за слога, за почитување и разбирање на сите граѓани на Република Македонија.

Ваше Блаженство, честитајќи Ви го големиот христијански празник Ви посакувам добро здравје и духовен мир. На верниците од православна христијанска вероисповед им посакувам мир и спокој, опкружени со своите најблиски и исполнети со радост.

Д-р Ѓорге Иванов

mnr_2
Средба со г. Едгарс Ринкевичс, министер за надворешни работи на Латвија
Понеделник, 25 Август 2014

Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов, денеска го прими г. Едгарс Ринкевичс, министер за надворешни работи на Латвија.

На средбата беа разменети мислења околу развојoт на билатералните односи и соработката меѓу Република Македонија и Латвија, како и за состојбите во врска со членството на Република Македонија во Европската Унија и НАТО.

Претседателот Иванов се заблагодари за досегашната активна латвиска поддршка во однос на европската и евроатланската интеграција на Република Македонија, и изрази надеж дека истата ќе продолжи и во иднина, со цел деблокада на македонските евроатлантски интеграции.

„Почетокот на преговорите ќе помогне да продолжат реформите со поголемо темпо, и да се надминат слабостите нотирани во Извештаjoт на Европската комисија", истакна претседателот Иванов на средбата, и притоа ја нагласи потребата од паралелно движење на преговорите со надминувањето на билатералната разлика.

Министерот Ринкевичс, ја истакна подготвеноста на Латвија за натамошна поддршка во однос на евроатлантските интеграции на Република Македонија, како и за пренесување на латвиските искуства поврзани со регионалната соработка, дополнувајќи дека Латвија останува силен поддржувач на политиката на проширување на ЕУ.

На средбата беше заемно констатирано дека односите меѓу двете земји се традиционално добри и пријателски, со редовен политички дијалог. Истовремено беше изразена заедничка подготвеност за подинамична секторска соработка, како и за постојано унапредување на договорната рамка меѓу двете земји.
mnr_3

ind_1
Проштална средба со амбасадорот на Индонезија во Република Македонија, Н.Е. г. Марули Туа Сагала
Понеделник, 25 Август 2014

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска во проштална средба го прими амбасадорот на Индонезија во Република Македонија, Н.Е. г. Марули Туа Сагала.

На средбата, претседателот Иванов изрази задоволство од досегашната соработка со амбасадорот, и од неговиот придонес и ангажман во унапредување на билатералните односи и соработката меѓу Република Македонија и Индонезија.

Заедничка констатација на средбата беше дека соработката меѓу двете земји во наредниот период треба да биде насочена кон интензивирање на политичката и економската соработка, како и на соработката во областа на културата и образованието, за што е неопходно да се пристапи кон уредување на правната рамка.

Амбасадорот на Индонезија, г.Сагала, се заблагодари за укажаното гостопримство во текот на неговиот мандат и изрази задоволство од вршењето на дипломатската должност во земјава.

Заблагодарувајќи се за досегашниот ангажман и добрата соработка, претседателот Иванов на амбасадорот г. Сагала му посака успех во натамошната работа.

Akreditivi_-_Germanija1
Претседателот Иванов ги прими акредитивните писма на новоименуваните амбасадори на Сојузна Република Германија и на Државата Израел
Четврток, 21 Август 2014

Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваните амбасадори на Сојузна Република Германија и на Државата Израел за Република Македонија.

На средбата со новоименуваниот амбасадор на Сојузна Република Гермнанија, Н.Е. д-р Кристине Алтхаузер, претседателот Иванов, истакна дека Македонско-германските односи ги карактеризира искрено пријателство, меѓусебна почит, континуиран политички дијалог и значајна динамика во соработката во повеќе области, и додаде дека очекува натамошно интензивирање на соработката и поддршката, во однос на нашите евроатлански интеграции.

„За нас од особено значење е поддршката и помошта од Сојузна Република Германија за реализација на нашите зацртани стратешки цели, членство во НАТО и во Европската унија. Република Македонија и нејзините граѓани, решително и одлучно работат на реализацијата на овие цели. Тоа се цели кои во голема мера придонесоа за трансформација на нашето општество преку исполнувањето на евроатлантските стандарди и критериуми. Тоа се цели кои имаат кохезивна моќ во нашето мултиетничко општество, поради што уживаат апсолутна политичка, социјална и меѓуетничка поддршка. Република Македонија ги има исполнето сите критериуми за членство во Алијансата и е подготвена веднаш, неодложно да ја започне следната фаза за интеграцијата во ЕУ", порача претседателот Иванов во поздравното обраќање.

Akreditivi-Germanija2Македонскиот претседател го нагласи интересот на Република Македонија за натамошно интензивирање на соработката со Сојузна Република Германија во сферата на економијата, и во сите останати области од заемен интерес, и изрази уверување дека мерките и активностите, што ги презема Владата за постојано подобрување на инвестициската и вкупната деловна клима, успешно ќе придонесат за натамошно унапредување на односите на овие полиња.

Новоименуваниот амбасадор д-р Кристине Алтхаузер, истакна дека ќе се заложи за продлабочување и проширување на односите помеѓу двете земји, како и за унапредување на евроатланската интеграција на Република Македонија.

„Во Скопје постои претставништво на германското стопанство. Германско-македонското стопанско здружение брои 170 фирми членки. Разновидноста и богатството во сите области на Германско-македонските односи се резултат на ангажманот на многу луѓе во нашите две земји, што за мене претставува поттик а воедно и предизвик. Уверена сум дека овој ангажман е важен составен дел на нашите заеднички напори европската перспектива да стане реалност не само за македонското население туку и за целиот регион", порача амбасадор Алтхаузер.

Akreditivi-Izrael1На средбата со новоименуваниот амбасадор на Државата Израел, Н.Е. г. Дан Орјан, претседателот Иванов изрази задоволство од цврстата поддршка што Државата Израел ѝ ја дава на Република Македонија во изминатиот период од стекнувањето на нашата независност, додавајќи дека постојат можности за интензивирање економската соработка со цел унапредување на вкупните Македонско-израелски релации.

„Иако изминатиов период евидентен е зголемениот интензитет на соработка, би сакал да констатирам дека постојат можности за нејзино унапредување во сите сфери од заеднички интерес, имајќи предвид дека Израел претставува високо развиена водечка светска нација во областа на науката, технологијата, културата и во други области", истакна македонскиот претседател.

Новиот израелски Амбасадор Орјан изрази надеж дека за време на неговиот мандат ќе придонесе за развојот и зацврстувањето на билатералните односи меѓу Република Македонија и Државата Израел, кои наредната година ќе прослават јубилеј - 20 години од воспоставувањето на дипломатските односи.

„Ние високо ги цениме напорите на Вашите државни институции во подигнувањето на квалитетот на животот и на образованието, на Еврејската заедница во Република Македонија, во минатото и денес", потенцираше израелскиот амбасадор во обраќањето по повод предавањето на акредитивните писма, и додаде дека Државата Израел и посакува успех на Република Македонија и во нејзините аспирации да стане земја-членка на Европската унија и на НАТО.

Претседателот Иванов на двајцата амбасадори им посака успешно извршување на одговорната дипломатска функција и им изрази поддршка во вршењето на должноста.
Akreditivi-Izrael3

prostalna_indija_1
Проштална средба со амбасадорот на Република Индија во Република Македонија, Н.Е. г. Дивиаб Манчанда
Понеделник, 18 Август 2014

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска во проштална средба го прими амбасадорот на Република Индија во Република Македонија, Н.Е. г. Дивиаб Манчанда

Македонскиот претседател, изрази благодарност за досегашниот придонес и личен ангажман на амбасадорот г. Манчанда, во унапредување на билатералните односи и интензивирање на соработката меѓу двете земји во сите сфери од заеднички интерес.

На средбата беше изразено заемно задоволство што односите меѓу Република Македонија и Република Индија се развиваат во духот на пријателството, меѓусебното разбирање и заемното почитување.

"Политичкиот дијалог на владино и парламентарно ниво, последниве години го доби посакуваниот интензитет, унапредувањето на правната рамка исто така, што се поволни претпоставки за натамошно продлабочување на билатералната соработка во сферата на економијата, културата и образованието, но исто така и за мултилатералната соработка. На тој план Република Македонија е целосно подготвена", истакна претседателот Иванов.

Амбасадорот на Република Индија, г. Манчанда, се заблагодари за укажаното гостопримство во текот на неговиот мандат и изрази задоволство од вршењето на дипломатската должност во земјава.

Заблагодарувајќи се за досегашниот ангажман и добрата соработка, претседателот Иванов на амбасадорот г. Манчанда му посака успех во натамошната работа, изразувајќи очекување дека конструктивната соработка ќе продолжи и со следниот амбасадор на Република Индија во Република Македонија.

 
Почеток < Пред 71 72 73 74 75 76 77 78 79 80 Следно > Крај
Страница 80 од 175