Македонија препознава и вреднува | |
По примерот на доделувањето на одликувања и признанија за дела што заслужуваат општо признание за пожртвуваност и истакнување, Претседателот на Република Македонија доделува признанија на поединци, организации и здруженија од дијаспората за нивните заслуги во промовирање на македонскиот идентитет, култура, традиција и јазик. Македонската дијаспора има голем број успешни луѓе во науката, медицината, спортот, бизнисот, уметноста и во многу други области и се вистински амбасадори на нашата земја, независно од етничката, верска или која било друга припадност. Секој нивен успех е успех и за Република Македонија. Со овој проект е помош во вмрежувањето на успешните Македонци од целиот свет со институции и поединци во Македонија за реализирање на заеднички истражувачки проекти. Со доделување на признанијата се вреднува нивниот успех и се отвора можноста за пренесување на нивното знаење во Македонија преку разни проекти со кои ќе се донесат инвестиции и да се воведат нови технологии во Македонија. Многу припадници на дијаспората веќе се вклучени во ваква соработка унапредувајќи ги односите на Република Македонија со дијаспората и со земјите во кои живеат. Поединците, здруженијата и организациите ќе се предлагаат по претходно објавен конкурс според јасно пропишани правила и критериуми. Македонија памети, препознава и вреднува |