Баталјон за почести | |
ИСТОРИЈА НА БАТАЛЈОНОТ ЗА ПОЧЕСТИ Баталјонот за почести е заснован врз темелите на Првата Гардиска бригада која беше формирана по осамостојувањето на Република Македонија на ден 26 Март 1992 година во касарната “Илинден”, по заминувањето на тогашната Југословенска Народна Армија и формирање на Армија на Република Македонија. Со преструктуирањето на Армијата на Република Македонија во 2001 година, започна формирањето на Гардискиот Баталјон за почести во состав на Првата Гардиска бригада која беше активно вклучена во одбраната на суверенитетот и територијалниот интегритетот на Република Македонија во сите кризни подрачја. Според тогашната формациската поставеност на баталјонот во неговиот состав беа: Командата на баталјонот, првата и втората гардиска чета, четата за опслужување и воениот оркестар. Во составот на баталјонот влегоа старешини со големо искуство стекнато во првата Гардиска бригада, така што на 22.07.2002 година официјално почна да функционира гардискиот баталјон за почести и опслужување. На 01.03.2006 година, Гардискиот баталјон за почести се трансформира во баталјон за почести во чија формациска поставеност влегоа: Команда на баталјонот, гардиска чета, чета за опслужување и воен оркестар. Со последната трансформација во АРМ, со која се вршеше професионализација, осовременување и целосни подготовки за влезот во НАТО, баталјонот за почести е ставен во формацискиот состав на Командата за логистичка поддршка (КЛП) на АРМ.
• Стручно и методско оспособување и усовршување на целокупниот состав за давање на протоколарни почести од различен карактер и големина. • Постојано Логистичко обезбедување на Министерство за Одбрана и Генерал Штаб на Армијата на Република Македонија во сите услови. • Обезбедување на Претседателската резиденција со готовиот вод кој е во состав и дел од мисијата на Баталјон за почести Согласно Правилото на служба во АРМ, баталјонот за почести денес постигнува квалитетено и професионално ниво во организирањето и изведувањето на борбената обука, при што се создадени пореални услови за постигнување на пропишаните норми дадени според НАТО – борбените правила. Баталјонот за почести на многубројни странски делегации и државници им оддаде почести на највисоко професионално ниво.
• Гардиската капа претставува стилизиран качкет во темно црвена боја кој на двете страни има аплицирано знак на Армијата на Република Македонија кој претставува стилизиран цвет на сончоглед. |