Советници

д-р Иле Масалковски - Заменик генерален секретар за организациони и протоколарни работи

ile masalkovski

Д-р Иле Масалковски дипломирал на Правниот факултет „Јустинијан I“ во Скопје, на отсекот за политички студии, а со звањето Магистер по јавна администрација се стекнал во 2011 година на Факултетот за администрација и менаџмент на информациски ситеми - Битола. Во 2017 година се стекнал со звањето Доктор на науки од областа на јавната администрација, при Универзитетот "Св. Климент Охридски" во Битола. Во 2006 година е ангажиран прво како демонстратор, а потоа и како помлад асистент по предметите Надворешна политика, Надворешно политичка анализа и Анализа на јавна политика на ФАМИС - Битола. Во 2009 година е ангажиран како Раководител за протокол и организациони работи во Кабинетот на Претседателот на Република Македонија, а за Заменик генерален секретар е именуван во 2010 година. Има неколку годишно искуство во работата на невладиниот сектор и меѓународната младинска политика. Учестувал на голем број тренинг курсеви, семинари во земјава и во странство, како и на првата „Школа за политика“ оганизирана од Советот на Европа (2003-2004). Бил Извршен директор на Граѓанското здружение за демократија, мир и толеранција „АУРОРА“ од Битола, како и Заменик координатор на ЕЦМП - Скопје. Активно го говори англискиот јазик, а го користи и француски јазик.

 

 

Генерал п.полковник Горанчо Котески - Советник за воени прашања

general_koteskiСоветникот за воени прашања на претседателот Иванов, генерал п.полковник Горанчо Котески, военото образование го започнал во Средното воено училиште во Сараево во 1980 година. По завршување на средното воено училиште завршува Воена академија во Сараево, како офицер на родот пешадија. Дипломирал на Командно-штабна академија „ген.Михаило Апостолски" во Скопје, а високо одбранбени студии завршил на одбранбениот колеџ на НАТО во Рим. Во досегашната кариера има завршено повеќе курсеви во СР Германија, САД и Канада. Во 2013 година магистрира во областа на безбедноста и одбраната на тема „АРМ во системот на националната безбедност“.  Во текот на кариерата извршувал бројни должности како командир на вод, командир на чета, командант на гардиски баталјон, командант на питомечки баталјон, командант на Центарот за обука на родови и специјални единици, заменик на командантот на Втора механизирана бригада во Кичево, командант на Здружена оперативна команда. Во периодот од 2003 до 2008 година со Указ на претседателот Борис Трајковски, ја извршува должноста воено аташе во Сојузна Република Германија. Во периодот од 2009 до 2011 година ја извршува должноста Аѓутант на Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов. Во периодот од 2011 до 2015 година, со Указ на претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов, назначен е на должност Началник на Генералштабот на АРМ. Генерал п.полковник Котески е добитник на повеќе награди и признанија, меѓу кои и „Третоноемвриска награда“ на општина Прилеп. Од 2015 година, со Указ на претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов поставен е на должност Советник за воени прашања на Врховниот командант на вооружените сили на Република Македонија.

Илија Исајловски - Посебен советник за прашања од областа на надворешната политика

.

Зерин Абаз - Посебен советник за прашања од областа на надворешната политика

.

д-р Фљора Кадриу - Посебен советник за прашања од областа на внатрешната политика

flora-kadriu

Фљора Кадриу посебен советник за прашања од областа на внатрешната политика во Кабинетот на Претседателот на Република Македонија и член на Советот за безбедност на Република Македонија. Дипломирала на Педагошки факултет “Св. Климент Охридски” во Скопје, магистрирала на факултетот за Јавна Администрација и Политички Науки на Универзитетот на Југоисточна Европа, а докторирала на тема “Граѓанско–политичките права, културната различност и консоцијалната демократија”, на Правниот факултет “Јустинијан Први” во Скопје. Професионалните почетоци на Кадриу се во Албански театар Скопје, каде што се вработува како актер. Нејзината прва политичка функција ја извршува како советник во град Скопје, во периодот од 2005-2006 година. Во периодите 2006-2008 и 2008-2011 година, Кадриу е пратеник во Собранието на Република Македонија. Таа е професор на приватниот универзитет „ФОН“ во Скопје.

Даниел Ѓокески - Посебен советник за прашања од областа на внатрешната политика

.

Анастасија Илиевска - Посебен советник за прашања од областа на одбраната и безбедноста

.

Бригаден генерал Методи Хаџи-Јанев - Аѓутант

metodi_hadzijanevБригадниот генерал, Методи Хаџи-Јанев е офицер со богато воено, дипломатско и академско искуство. Тој е доктор на науки по меѓународно право и меѓународни односи на правниот факултет при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј", во Скопје, а магистрирал на постдипломските воени студии во САД „ Колеџот за воено воздухопловство во САД". Методи Хаџи-Јанев дипломирал на Воената академија „Генерал Михајло Апостолски " во Скопје како еден од тројцата најдобри итомци за што бил награден од Претседателот на Република Македонија и Врховен Командант на Вооружените сили. Методи Хаџи-Јанев е припадник во специјалните единици на АРМ 12 години и е прв командант на македонските специјални сили во Ирак. За време на службата во специјалните сили извршувал повеќе командни должности. Хаџи-Јанев во 2015 година, бил назначен за нерезидентен воен советник при Постојаната мисија на Република Македонија во Обединетите Нации во Њујорк и за одбранбено аташе на Република Македонија во САД. Од 2017 година, Хаџи-Јанев е придружен професор на Државниот универзитет Аризона во САД, а бил професор и на Воената академија „Генерал Михајло Апостолски" во Скопје. Тој е автор и коавтор на повеќе дела и трудови во областа на сајбер безбедноста и одбраната и има посетувано обемни меѓународни обуки во борбата против тероризмот. Тој е потпретседател на Евро-атлантскиот Совет на Македонија, официјален дисеминатор на меѓународното хуманитарно право на Црвен Крст на Република Македонија и член на експертскиот – советодавен тим на Центарот за кризи и домашна безбедност при Државниот универзитет Аризона во САД. Во декември 2017 година,со Указ на Претседателот на Република Македонија е именуван за Аѓутант на Врховниот Командант на Вооружените сили на Република Македонија, Претседателот, д-р Ѓорге Иванов. Во декември 2017 година, со Указ на Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов е унапреден во чин Бригаден генерал.

Љуљета Ќуфлију - Советник за меѓунационални односи

Љуљета Ќуфлију има долгогодишно и сеопфатно работно искуство во различни државни институции,невладини и меѓународни организации. Својата кариера ја започнува во редакцијата за култура во Радио Втора програма при Македонската Радио Телевизија, но истовремено учествувала и во многу социјални и хуманитарни активности. По завршувањето на Педагошкиот факултет во Скопје, Ќуфлију е ангажирана во редакцијата за култура на дневниот весник “Флака”. Љуљета Ќуфлију уметноста на дипломатијата ја стекнува работејќи со меѓународни дипломати - претставници на повеќе светски организации. Почетоците на ова искуство се во Набљудувачката мисија на ОБСЕ во Скопје, од 2001 година. За време на повеќегодишното работно искуство во рамките на меѓународните организации, Ќуфлију била активно инволвирана во организација на културолошки и хуманитарни манифестации, како и во организацијата на средби и посети на важни меѓународни и локални делегации.