Генерален секретар | |
Борис ЈосифовскиГенералниот секретар во Кабинетот на Претседателот, Борис Јосифовски вршел повеќе одговорни функции на ниво на локалната и централната власт. Во периодот од 2005 до 2009 година, Јосифовски бил Советник во Општина Гази Баба, место каде стекнува искуство во управувањето со една од најдинамичните, најголеми и најразвиени општини во главниот град.
Како дипломиран историчар на уметноста од Филозофскиот Факултет на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј – Скопје“, Борис Јосифовски бил ангажиран како Советник во Секторот за дејностите од областа на културата во Министерството за култура, а потоа и како Државен советник за меѓународна соработка.
Претседателот д-р Ѓорге Иванов во 2009 година го покани Борис Јосифовски да се приклучи во тимот како Државен советник за внатрешна политика. Како еден од водечките луѓе во Кабинетот на Претседателот, на Јосифовски од 01.04.2010 му е доверена позицијата Генерален секретар.
|