header

header_peperut_-_Copy3

Фото галерија
28.09.2018-Сопругата на претседателот на Република Македонија, г-ѓа Маја Иванова, во рамки на учеството на 73. Генерално Собрание на Обединетите Нации, присуствуваше на настанот со сопругите на шефовите на делегациите учесници на 73. ГС на ОН, во организација на Првата дама на САД, г-ѓа Меланија Трамп.
Активности на г-ѓа Иванова за време на 73. ГС на ОН

22.09.2018-Во рамки на работната посета на Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов на САД, сопругата на претседателот, г-ѓа Маја Иванова, во Детроит ја посети Детската болница на Мичиген.
Г-ѓа Иванова во посета на Детската болница на Мичиген во Детроит

04.10.2018-Сопругата на Претседателот г-ѓа Маја Иванова оствари средба со г-ѓа Ивана Земанова, сопруга на Претседателот г. Земан. Покрај средбата на претседателските парови, г-ѓа Иванова и г-ѓа Земанова имаа одвоена дамска програма на која покрај средбата, имаа и кратка прошетка низ Прашкиот замок.
Дамска програма Официјална посета на Чешката Република

15.04.2018-Сопругата на претседателот на Република Македонија, г-ѓа Маја Иванова, организираше велигденски ручек за сопругите на резидентните амбасадори во Република Македонија, при што беа посетени манастирската црква „Св. Андреја“ и манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ на Матка во близина на Скопје.
Велигденски ручек на г-ѓа Иванова за сопругите на амбасадорите

14.04.2018-Сопругата на Претседателот на Република Македонија, г-ѓа Маја Иванова, присуствуваше на Гала концертот на младиот уметник Вејчеслав Поповски, што се одржа во Македонската опера и балет.
Гала концерт на младиот уметник Вејчеслав Поповски

20.02.2018-Сопругата на Претседателот на Република Македонија, г-ѓа Маја Иванова, во рамките на официјалната посета на претседателот Иванов на Република Турција, оствари средба со сопругата на Претседателот на Република Турција, г-ѓа Емине Ердоган.
Средба на г-ѓа Маја Иванова со г-ѓа Емине Ердоган

31.12.2017- Сопругата на Претседателот на Република Македонија, г-ѓа Маја Иванова, ја посети Клиниката за детски болести во Скопје, и на децата кои се лекуваат на клиниката им подели новогодишни пакетчиња по повод Новогодишните и Божиќните празници.
Пакетчиња за децата од Детската клиника од г-ѓа Маја Иванова

07.07.2017- Сопругата на Претседателот на Република Македонија, г-а Маја Иванова, е наградена со „Златен медал на форумот Кран Монтана“, како признание за нејзините активности, проекти и иницијативи од хуманитарен карактер.
Доделување на Златен медал на форумот Кран Монтана на г-а Иванова

19.09.2016-Присуство на г-ѓа Маја Иванова, сопруга на претседателот на Република Македонија, на приемот кај првата дама на САД, г-ѓа Мишел Обама, организиран за сопружниците на Шефовите на држави и влади на 71. Генерално Собрание на Обединетите Нации.
Придружба при официјални посети

17.02.2017-Сопругата на Претседателот на Република Македонија, г-ѓа Маја Иванова, се обрати на свеченото отворање на првиот Глобален самит на жени лидери.
За женските предизвици

08.12.2016-Свечена литургија во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“, по повод државниот празник 8 Декември - Свети Климент Охридски и одбележувањето на 1100 години од упокојувањето на Свети Климент Охридски.
Наследство и култура