Совет за меѓународни односи

Мисијата на Советот за меѓународни односи на Претседателот на Република Македонија е разгледување на прашања кои се однесуваат на надлежностите на Претседателот на Република Македонија, особено на полето на надворешните работи, проценка на актуелните политики, развивање на стратешки планови и изнесување предлози и иницијативи кои имаат за цел подобрување на меѓународната политичка, економска и културна дипломатија на Република Македонија.

 

Советот за меѓународни односи е неформално советодавно тело на Претседателот на Република Македонија, составено од домашни и странски експерти по меѓународно право, меѓународни политички односи и дипломатија.

 

Советот за меѓународни односи се состанува најмалку еднаш годишно на различни теми од неговата надлежност, при што усвојува конкретни заклучоци. На седниците на Советот, во зависност од темите за кои се дебатира, ќе бидат поканувани и актуелни и поранешни претседатели, премиери, министри за надворешни работи, како и поранешни и актуелни шефови на меѓународни организации.