Совет за безбедност

Врз основа на член 84 алинеа 6, член 86 став 1 и 2 и Амандман XIII од Уставот на Република Македонија, донесена е одлука за именување претседател и членови на Советот за безбедност на Република Македонија

Претседател на Советот за безбедност на Република Македонија е д-р Ѓорге Иванов, претседател на Република Македонија.

За членови на Советот за безбедност на Република Македонија именувани се:

1. Талат Џафери, претседател на Собранието на Република Македонија,
2. Зоран Заев, претседател на Владата на Република Македонија,
3. Радмила Шеќеринска, министер за одбрана на Република Македонија,
4. Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи на Република Македонија,
5. Никола Димитров, министер за надворешни работи на Република Македонија,
6. д-р Јован Донев,
7. Фуркан Чако,
8. Насер Сејдини, пензиониран генерал потполковник

.