Услови за учество

Во рамки на проектот на Претседателот на Република Македонија „Македонија препознава и вреднува“ секој може да поднесе иницијатива, или да номинира некого за одликување. Условите се следни:
 

* номинираните кандидати да бидат македонски државјани! Апликациите на странски државјани не се разгледуваат.
* апликациите задолжително да се поднесуваат на македонски јазик и
* минимум две физички или правни лица да ја поддржат кандидатурата на секој апликант.


Образецот за пополнување на апликациите е достапен на Интернет страната на Агенцијата за иселеништво - http://www.makemigration.com/iselenistvoweb/index.html(во рубриката Обрасци „Македонија препознава и вреднува“).
 

Пополнетите апликации се испраќаат до Кабинетот на Претседателот, по е-маил или по пошта каде што Комисијата за одликување на Претседателот на Република Македонија внимателно ги разгледува и донесува крајна одлука.