Опис на проектот

Во рамки на проектот на Претседателот на Република Македонија „Македонија препознава и вреднува“ се доделуваат одликувања и признанија за особени заслуги и достигнувања на физички и правни лица од иселеништвото.
 

Признанието „Повелба на Република Македонија“ се доделува за особени заслуги и достигнувања на организациите во насока на зачувување и афирмирање на македонските историски, културни и духовни традиции и вредности, како и за придонес кон унапредување на пријателските односи и соработка со повеќе држави во светот.
 

Медалот за заслуги за Македонија“ се доделува на поединци – припадници на македонската дијаспора, за исклучителната посветеност и ангажираност во нивното работење и дејствување, со што значително придонесуваат кон афирмација на Република Македонија во светот.