|
Проштална средба со амбасадорот на Индонезија во Република Македонија, Н.Е. г. Марули Туа Сагала
|
|
Понеделник, 25 Август 2014
|
|
|
Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска во проштална средба го прими амбасадорот на Индонезија во Република Македонија, Н.Е. г. Марули Туа Сагала.
На средбата, претседателот Иванов изрази задоволство од досегашната соработка со амбасадорот, и од неговиот придонес и ангажман во унапредување на билатералните односи и соработката меѓу Република Македонија и Индонезија.
Заедничка констатација на средбата беше дека соработката меѓу двете земји во наредниот период треба да биде насочена кон интензивирање на политичката и економската соработка, како и на соработката во областа на културата и образованието, за што е неопходно да се пристапи кон уредување на правната рамка.
Амбасадорот на Индонезија, г.Сагала, се заблагодари за укажаното гостопримство во текот на неговиот мандат и изрази задоволство од вршењето на дипломатската должност во земјава.
Заблагодарувајќи се за досегашниот ангажман и добрата соработка, претседателот Иванов на амбасадорот г. Сагала му посака успех во натамошната работа.
|