Новости
alt
Претседателот ги посети опожарените места во близина на Битола
Понеделник, 22 Август 2011

Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов денеска ги посети опожарените подрачја во битолскиот регион, во придружба на градоначалникот на Битола, Владимир Талески. Тој се сретна и со жителите на селото Ротино, чии куќи се најдоа во голема опасност при избувнувањето на пожарите. 

„За пофалба е што градоначалникот, заедно со сите надлежни институции и со помош на АРМ, реагираа ефикасно и го локализираа пожарот навреме. Им честитам на сите ангажирани лица и на локалното население кое соработуваше за заштита на имотите и природата, помагајќи она што сме го наследиле од претходните, да се зачува за идните генерации,“ изјави претседателот  Иванов.

Задоволен од интервенцијата на гаснење на пожарите во Националниот парк Пелистер, претседателот Иванов истакна дека пожарите се проблем кој не познава државни граници, заради што е потребен регионален пристап.

„Со хеликоптерот и со авијацијата што сега ја имаме за гаснење пожари покажавме како треба да реагираме секогаш кога има вакви непогоди. На средбите со претседателите од регионот ова прашање го поставуваме на регионално ниво, затоа што пожарите, поплавите, земјотресите не почитуваат државни граници. Мора да гледаме од поширок контекст, затоа што се случува понекогаш од другите држави кај нас да се пренесуваат пожари и поплави. И затоа, не треба да размислуваме само на микро план во справувањето со риродните катастрофи, туку да размислуваме и на регионален план,“ изјави претседателот Ѓорге Иванов.

Градоначалникот на општина Битола, Владимир Талески го информираше претседателот Иванов дека сестраната поддршка на локалната самоуправа придонела за поефикасно дејствување и гаснење на пожарите. Тој очекува наскоро со поконкретни податоци да се произнесат надлежните институции кои вршат истрага за предизвиканите пожари, за кои е извесно дека причина е човечки фактор, а од кои викендов во Националниот парк Пелистер изгореа 400 хектари борова и моликова шума.
 

alt
Претседателот Иванов на Ифтар во Тетово
Вторник, 16 Август 2011

Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов, по повод одбележувањето на муслиманскиот свет месец Рамазан, присуствуваше на ифтар вечера во Тетово, на покана на поглаварот на Исламската верска заедница, Реис ул улема Хаџи Сулејман ефенди Реџепи.

На вечерата, освен муфтиите и гостите на Исламската верска заедница, присуствуваа и гости од Република Турција - Заменик претседателот на Исламска заедница на Република Турција, Мехмет Емин Озавшар  и директорот на Секторот за верска настава при Министерството за надворешни работи на Турција,  Ирфан Ајџан.

Претседателот Иванов им се заблагодари на домаќините за срдечната покана да се придружи во празнувањето на рамазанските пости, во светиот месец Рамазан, за отворените порти и срца, и за пријателството кое се негува и зацврстува од година во година.

Месецот Рамазан, како што нагласи тој, е периодот кога верниците се повлекуваат од дневните, овоземските уживања, и се посветуваат кон мислите за своите најблиски, за altпредците, за потомството, за идниот свет. Во оваа прилика Претседателот Иванов на припадниците на муслиманската веросиповед, им ги честита Рамазанските пости и им посака преостанатите денови од постите да им поминат во мир, здравје и благосостојба.

„Претседателот Иванов беше прв што прифати еден ваков чекор и изрази желба во текот на светиот муслимански месец Рамазан да дојде на Ифтар заедно со претставниците на ИВЗ. Се надеваме дека без разлика кој ќе биде претседател на државата во иднина оваа активност ќе прерасне во традиција. Претседателот на државата Иванов на овој начин покажа почитување на Рамазанот и верниците од муслиманска вероисповед,“ рече поглаварот на ИВЗ Реџепи.

Во рамките на посетата на Тетово, Претседателот Иванов ја посети и Шарената Џамија, еден од најзначајните религиозни објекти во Македонија османскиот период со исклучителна културно-историска вредност, и беше запознаен со нејзината историја како и со уникатноста на нејзината внатрешност.
 

alt
Претседателот Иванов ги прогласи победниците на 25-тиот Охридски пливачки маратон
Понеделник, 15 Август 2011

Претседателот на Република Македонија, кој традиционално е покровител на Охридскиот пливачки маратон, со ловорови венци ги пречека на целта победниците на 25-тиот меѓународен натпревар во маратонско пливање. И оваа година, десетти пат по ред победник е Петар Стојчев од Бугарија, која патеката „Климе Савин“ - од Свети Наум до Охрид, во должина од 30 километри, ја исплива за 5 часа, 35 минути и 13 секунди. 

Овогодинешниот пливачки маратон претставува историски подвиг и за македонските маратонци Томи Стефановски и Евгениј Поп Ацев, кои ги освоија второто и третото место, што е најголем успех на македонските пливачи во две и пол-децениската историја на обновениот Охридски пливачки маратон. Поп-Ацев со освоеното трето место во Охрид ја обезбеди и третата позиција на Светската ранг-листа на ФИНА.

Победник во женска конкуренција е Карла Ситиќ од Хрватска на која и беа потребни 5 часа,  52 минути и 55 секунди за да го преплива Охридското Езеро. Зад неа како втора целта ја мина Шпанката Естер Нуњез Морера, додека третопласирана е Аргентинката Гељо Пиљар. alt

„Секоја година како покровител на Охридскиот маратон ја имам честа и задоволството да ги поздравам пливачите и гостите на една од најпрестижните спортски, но и туристички манифестации во Република Македонија. Пливањето на Охридскиот маратон не е само борба со времето и водата тоа е и борба со себеси и со своите можности и граници. Навистина е фасцинантно што во ова, навидум вечно мирно езеро, се одвива драматична спортска борба,“ рече Претседателот Иванов, нагласувајќи дека оваа манифестација прераснува во бренд кој се спомнува во целиот свет и по кој Македонија ја препознаваат во светските спортски кругови.

Тој им честита на организаторите на манифестацијата, и секако на маратонците, и на победниците и на оние кои годинава не се закитија со трофеите.

„Сакам да знаете дека овде нема поразени, сите кои учествуваат на оваа манифестација и стигнуваат на целта се победници. На тие што се првпат на Охридскиот маратон им посакувам да продолжат да доаѓаат и во иднина. Бидете уверени дека вратите на Охрид и Македонија секогаш ви се ширум отворени,“ рече Претседателот Иванов.

Организатор на трката со награден фонд од 25 илјади долари, инаку последна во Гран-при серијата на Меѓународната пливачка федерација за оваа сезона, беше Пливачката федерација на Македонија, а технички организатор Клубот за спортови на вода „Охридски бранови“ од Охрид.

 

alt
Средба со претставници од Сојузот на здруженија на граѓани „Мрежа за мултикултурно општество“
Вторник, 26 Јули 2011
alt
Галичката свадба е препознатлив македонски бренд - Претседателот Иванов покровител на традиционалната манифестација
Недела, 17 Јули 2011

Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов, како овогодишен покровител, денеска присуствуваше на 47-мата Галичка свадба - традиционалната свадбена церемонија карактеристична за Мијаците, која отсликува автентични обичаи пренесувани низ вековите.

Венчавката на младенците Љупчо Равановски, скопјанец, по потекло од Галичник и 25-годишната Верица Митричка од Куманово, се одржа во црквата „Св Петар и Павле“ во Галичник, каде покрај Претседателот на државата присуствуваа и околу две илјади посетители од земјата и од странство.

Покоровителот на манифестацијата, Претседателот д-р Ѓорѓе Иванов заедно со неговата сопруга, по завршувањето на церемонијата на годинешните младенци им подари икона со ликот на Свети Климент Охридски.

Претседателот Иванов нагласи дека Галичката свдба е препознатлив белег кој ги привлекува сите оние кои скаат да ја запознаат Македонија. alt

„Голема чест и гордост е да се биде покровител на ваква манифестација. Галичката свадба на најавтентичен начин ја чува нашата традиција, ги обновува обичаите и ги остава на идните покололенија. Галичката свадба ги собира на едно место и нашите од дијаспората, странските туристи и нашите граѓани, со што таа стана препознатлив бренд. Па така секој кој сака да ја осознае автентичноста на Македонија, доаѓа на извориштето, во Галичник,“ изјави Претседателот Иванов.

Меѓу покровителите на годинешното издание на Галичка свадба беше и Министерството за култура.

„Прекрасно е да бидете дел од вековната традиција, обичаите и сето она што ја отсликува автеничноста и оригиналноста. Заради негувањето на високите културни вредности, Министерството за култура ќе продолжи да ја поддржува оваа манифестација,“ рече Министерката за култура, Елизабета Канчевска-Милевска.

Манифестацијата е дел од Галичкото културно лето 2011, во чии рамки вчера беше откриен споменик на преродбеникот Ѓорѓија Пулевски и беше отворена изложба на дела од Лазар Личеноски, основоположник на современото македонско сликарство.

 
Почеток < Пред 151 152 153 154 155 156 157 158 159 160 Следно > Крај
Страница 160 од 198