Средба со претставници од Сојузот на здруженија на граѓани „Мрежа за мултикултурно општество“
Вторник, 26 Јули 2011   

altПретседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов денеска прими претставници од Сојузот на здруженија на граѓани „Мрежа за мултикултурно општество“.

На средбата која се одржа во Вила Билјана во Охрид присуствуваа г-дин Мирољуб Орландиќ, претседател на Мрежата за мултикултурно општетсво, г-дин Иван Брадиќ, претседател на заедницата на Хрватите во Македонија, г-дин Рубин Земон, претседател на Сојузот на Балканските Египќани и г-дин Вахид Мемед од Здружението на Балканските Египќани.

Основни цели на Мрежата се развој на мултикултурно општество и мултикултурализам во Македонија, чување, негување, развивање и истражување на етничкото минато и мултикултурната традиција на Македонија, како и заштита и информација на човековите и граѓанските права и слободи.alt

  Back<<Назад