Галичката свадба е препознатлив македонски бренд - Претседателот Иванов покровител на традиционалната манифестација
Недела, 17 Јули 2011   

altПретседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов, како овогодишен покровител, денеска присуствуваше на 47-мата Галичка свадба - традиционалната свадбена церемонија карактеристична за Мијаците, која отсликува автентични обичаи пренесувани низ вековите.

Венчавката на младенците Љупчо Равановски, скопјанец, по потекло од Галичник и 25-годишната Верица Митричка од Куманово, се одржа во црквата „Св Петар и Павле“ во Галичник, каде покрај Претседателот на државата присуствуваа и околу две илјади посетители од земјата и од странство.

Покоровителот на манифестацијата, Претседателот д-р Ѓорѓе Иванов заедно со неговата сопруга, по завршувањето на церемонијата на годинешните младенци им подари икона со ликот на Свети Климент Охридски.

Претседателот Иванов нагласи дека Галичката свдба е препознатлив белег кој ги привлекува сите оние кои скаат да ја запознаат Македонија. alt

„Голема чест и гордост е да се биде покровител на ваква манифестација. Галичката свадба на најавтентичен начин ја чува нашата традиција, ги обновува обичаите и ги остава на идните покололенија. Галичката свадба ги собира на едно место и нашите од дијаспората, странските туристи и нашите граѓани, со што таа стана препознатлив бренд. Па така секој кој сака да ја осознае автентичноста на Македонија, доаѓа на извориштето, во Галичник,“ изјави Претседателот Иванов.

Меѓу покровителите на годинешното издание на Галичка свадба беше и Министерството за култура.

„Прекрасно е да бидете дел од вековната традиција, обичаите и сето она што ја отсликува автеничноста и оригиналноста. Заради негувањето на високите културни вредности, Министерството за култура ќе продолжи да ја поддржува оваа манифестација,“ рече Министерката за култура, Елизабета Канчевска-Милевска.

Манифестацијата е дел од Галичкото културно лето 2011, во чии рамки вчера беше откриен споменик на преродбеникот Ѓорѓија Пулевски и беше отворена изложба на дела од Лазар Личеноски, основоположник на современото македонско сликарство.

  Back<<Назад