Новости
rusin
Средба со организаторите на „Охридско лето“ и со рускиот оперски пејач Хворостовски кој ќе го отвори фестивалот
Четврток, 11 Јули 2013
gal01
Средба со организаторите на манифестацијата „Галичка свадба“
Четврток, 11 Јули 2013
InfoDenNK
Инфо-ден за иновативни мали и средни претпријатија и претприемачи во Народната канцеларија на Претседателот на Република Македонија
Четврток, 11 Јули 2013

Во Народната канцеларија на претседателот на Република Македонија, во Скопје, денеска се одржа инфо-ден, насловен „Бизнис ангели за иновативни МСП и претприемачи 2013", во организација на ЕУ-Проект центар за знаење и иновации - ЕМКИЦЕ. Присутните на инфо-денот имаа можност да се запознаат со процесот на подготовка за инвестирање, поволните области за инвестиции, како и предностите и придобивките од користењето на ЕУ фондовите за таа намена. Во рамки на инфо-денот беше презентиран акциониот план во 5 точки ("Action Plan to benefit SME growth in 2014-2020") за поттикнување на претприемачите и поддршка и раст на мали и средни компании.

„Во оваа прилика изразуваме благодарност до претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов и до Народната канцеларија во Скопје, што ни овозможија да одржиме инфо-ден и воедно да одбележиме уште еден чекор од кампањата започната во мај во Брисел", истакна Илија Вучков, претседател на ЕМКИЦЕ.

Предводен од идејата дека првиот чекор кон освојување на иднината се иновациите, а во таа насока потребно е стимулирање на натпревар на идеи меѓу малите и средни претпријатија, претседателот Иванов континуирано ги поддржува настаните и иницијативите кои ја поттикнуваат иновативноста, креативноста и претприемачкиот дух кај младите.

tika
Средба на претседателот Иванов со претседателот на ТИКА, д-р Сердар Чам
Четврток, 04 Јули 2013

Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов, денеска во „Вила Билјана" во Охрид, прими претставници на Турската агенција за соработка и координација – ТИКА, предводени од претседателот на ТИКА, д-р Сердар Чам.

На средбата, претседателот Иванов ги поздрави досега реализираните проекти во Република Македонија во областа на образованието, здравството, земјоделието, туризмот, индустријата, посочувајќи дека проектите, кои со поддршка на ТИКА се реализираат во Република Македонија, позитивно се одразуваат на севкупните односи меѓу Република Македонија и Република Турција и се во интерес на унапредување на соработката меѓу двете пријателски земји. Во тој контекст, претседателот Иванов ги потврди неговите заложби за натамошна поддршка и поттикнување на идните активности на ТИКА во земјава.

Македонскиот претседател, пред делегацијата на ТИКА, предводена од д-р Чам, порача дека во земјава се секогаш добредојдени искуствата на Република Турција, оценувајќи дека нивните проекти придонесуваат во зајакнувањето на институциите, преку конкретната техничка соработка, но и во одржувањето на блискоста на народите.

На средбата претседателот Иванов упати поздрави до претседателот на Република Турција, г. Абдула Ѓул, премиерот г. Реџеп Таип Ердоган, министерот за надворешни работи, г. Ахмет Давутоглу и до целиот турски народ. Воедно истакна дека со внимание ги следи актуелните настани во Република Турција и го изрази очекувањето Република Турција да продолжи со својот просперитет и развој. Претседателот Иванов истакна дека, како што Република Македонија ужива безрезевна поддршка од Република Турција и раководството во предизвиците со кои се соочуваме, така и тие ја уживаат нашата целосна поддршка во соочувањето со предизвиците со кои се соочуваат. Република Турција и раководството се докажани пријатели на Република Македонија, рече претседателот Иванов на средбата.

Д-р Сердар Чам и претставниците на ТИКА, кои инаку се во посета на балканските држави, се заблагодарија за средбата со претседателот Иванов и за можноста да ги презентираат досега спроведените, тековните проекти и плановите за во иднина, истакнувајќи дека особено ја ценат континуираната поддршка, идеите и личните заложби на Претседателот, за нивно успешно имплементирање. Како што истакна раководството на ТИКА, денешната средба со претседателот Иванов, воедно е доказ за пријателството меѓу двете земји, но и потврда за подготвеноста на институциите во Република Македонија за натамошна соработка со агенцијата.

Tурската агенција за координација и соработка е дел од Претседателството на Владата на Република Турција, а во Република Македонија е присутна и функционира од 2005 година, со своја Канцеларија за програмска координација. ТИКА досега има отворено 35 канцеларии во светот и спроведува проекти во 110 земји.

tika1

izjavacroatia
Историска средба на претседателот Иванов со грчкиот претседател Папуљас во Загреб
Понеделник, 01 Јули 2013

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, синоќа во Загреб се сретна со неговиот грчки колега Каролос Папуљас, прва средба воопшто одржана меѓу македонски и грчки претседател.

„На моја иницијатива прв пат се сретнавме со грчкиот претседател и разговаравме отворено како луѓе за нашите две општества, за нашите граѓани, и како можеме ние како претседатели да придонесеме да има една поголема соработка меѓу двете општества, бидејќи треба да ги следиме добрите односи, добрите трендови кои почнаа да се случуваат меѓу граѓаните на нашите две земји", нагласи претседателот Иванов во Загреб. Папуљас, како што изјави претседателот Иванов, ветил нова средба.

„Остана да го продолжиме разговорот. Вети дека ќе имаме и друга можност повторно да разговараме. Така што, ова го чуствувам како еден пробив, бидејќи од нашата независност до сега немало средба меѓу грчки и македонски претседател", изјави претседателот Иванов.

zagreb1Македонскиот претседател, кој синоќа на загрепскиот плоштад „Бан Јелачиќ" присуствуваше на централната прослава по повод влезот на Хрватска во Европската Унија, упати честитки до граѓаните на земјата и посака се најубаво во нејзиниот натамошен развој.

„Со членувањето на секоја земја од нашиот регион во Европската Унија добива целиот регион, затоа што добиваме поддржувач. Еве сега, Словенија и Хрватска заедно го започнаа процесот познат како „Брдо процес", да нашиот цел регион, сите оние што денеска бевме на појадокот, да се сретнеме повторно во присуство на францускиот претседател Оланд. Тоа кажува дека има желба да се соработува и да се помага. Меѓутоа, симболично, за нас ова има големо значење, бидејќи прв пат, со влегувањето на Хрватска во Европската Унија, Македонците влегуваат во Европската Унија. Знаете, во хрватскиот устав Македонците се признати и тоа на нас ни причинува особено задоволство и некоја лична сатисфакција, затоа што ќе немаат некои евро-бирократи алиби да не го користат зборот Македонци и Македонија", изјави претседателот Иванов во Загреб.

croatia2

Конституирана Комисијата за настаните од 24 декември
Петок, 14 Јуни 2013

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов денеска ги прими членовите на Комисијата за расветлување на настаните кои се случија и кои претходеа на 24 декември 2012 година. Формираната комисија е во состав г. Борче Давитковски – претседател, и членови г. Илија Димовски, г-ѓа Благородна Дулиќ, г. Љубомир Данаилов Фрчкоски и г-ѓа Рената Треневска – Десковска.

Претседателот на Комисијата, професорот Борче Давитковски по средбата изјави дека Комисијата од утре редовно ќе се состанува и дека ќе предложи членовите да прифатат деловник за работа во којшто ќе биде предвиден начинот на донесување одлуки. Денеска се одржа првата конститутивна седница на експертската комисија која има налог и задача да ги испита правните аспекти на настаните што се случија на 24 декември минатата година. Благодарение на претседателот Ѓорге Иванов, неговото посредништво и медијаторство се формира комисијата. Од утре почнуваме сериозно да работиме за да ги испитаме настаните согласно насоките што ни се дадени од договорот што е склучен помеѓу политичките партии и претставниците на ЕУ, рече проф. Давитковски.

Професорот Давитковски посочи дека станува збор за комисија која во рок од 60 дена треба да утврди факти без да носи политички заклучоци. Се надеваме дека во овој рок ќе ја завршиме работата. Ние утврдуваме факти, нема да носиме политички заклучоци, рече претседателот на Комисијата. Заклучоците од Комисијата професорот Давитковски рече дека ќе им ги достави на лидерите на двете политики партии од кои го добил мандатот, односно поддршката да биде претседател на Комисијата.

Претседателот на Комисијата истакна дека има голема волја за расчитување на настаните и кај едните и кај другите. Особено кога, условно да речеме, застанаа зад мене како декан на Правниот факултет со некое правно искуство кое го имам. Ми веруваат и сакаат да се најде решение. Мислам дека тоа е добар знак и сигурно дека во предвидениот рок ќе го направиме извештајот и ќе го доставиме каде што треба, рече професорот Давитковски.

 
Почеток < Пред 111 112 113 114 115 116 117 118 119 120 Следно > Крај
Страница 111 од 198