|
Средба со организаторите на манифестацијата „Галичка свадба“
|
|
|
Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, во пресрет на одржувањето на 40-та Галичка свадба на 13 и 14 јули, денеска во „Вила Билјана" во Охрид се сретна со г. Киро Кипроски и г. Митре Аџиески, организатори на манифестацијата.
На средбата претседателот Иванов нагласи дека за него е чест што традиционално е покровител на Галичката свадба како една од најзначајните македонски кулутрно-туристички манифестации.
Македонскиот претседател беше запознаен со текот на подготовките на јубилејот и за издавањето на монографијата „Галичник засекогаш", чиј автор е г. Кипровски, како и за останатите настани предвидени во рамки на галичкото културно лето.

|