|
Средба со организаторите на „Охридско лето“ и со рускиот оперски пејач Хворостовски кој ќе го отвори фестивалот
|
|
|
Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска во „Вила Билјана" во Охрид ги прими организаторите на фестивалот „Охридско лето", како и светски познатиот баритон, оперската ѕвезда од Русија, Дмитри Хворостовски, со чиј настап ќе биде свечено отворено годинешното 53 –то издание на фестивалот.
На средбата, во пресрет на утрешното отворање на „Охридско лето", претседателот Иванов, како традиционален покровител на фестивалот, изрази задоволство од годинешната програма, посочувајќи дека фестивалот претставува еден од најзначајните македонски културни манифестации.

|