Соопштенија
kinez
Проштална средба со амбасадорот на Народна Република Кина, Н.Е. Цуј Џивеи
Петок, 14 Март 2014
avstralija
Предавање на акредитивни писма од страна на новоименуваните амбасадори на Австралија и Португалската Република
Петок, 14 Март 2014

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваните амбасадори на Австралија и на Португалската Република во Република Македонија.

На средбата, по повод предавањето на акредитивните писма од страна на новоименуваниот амбасадор на Австралија, Н.Е. г-ѓа Џулија Фини, претседателот Иванов изрази очекување за унапредување на билатералните односи, и за интензивирање на политичкиот дијалог и економската соработка со Австралија.

„Ја користам оваа прилика да искажам увереност дека и Вие со вашето дипломатско искуство и со Вашиот ангажман ќе дадете придонес за унапредување на односите и збогатување на соработката меѓу нашите две земји", порача во поздравниот говор претседателот Иванов.

Новоименуваниот амбасадор на Австралија, г-ѓа Фини, искажа уверување дека за време на нејзиниот мандат ќе направи се што е во нејзина моќ за зајакнување на односите меѓу двете земји во сите области.

На средбата по повод предавањето на акредитивните писма од страна на новоименуваниот амбасадор на Португалската Република, Н.Е. г. Аугусто Хозе Пестана Сараива Пежото, претседателот Иванов изрази подготвеност за натамошно продлабочување на билатералните односи и збогатување на соработката во сите области од заеднички интерес.

„Наш примарен интерес е стабилноста и просперитетот на Балканот и неговото целосно интегрирање во Унијата. Се надевам дека можеме да сметаме на португалската поддршка во реализацијата на нашите стратешки цели, членството во НАТО и интеграција во Европската унија" порача македонскиот претседател.

Новоименуваниот амбасадор истакна дека Португалската држава ќе продолжи да ја подржува целосната интеграција на Република Македонија, како и на останатите држави од Западен Балкан, во НАТО и во Европската унија и додаде дека спроведените реформи во нашата држава европските земји високо ги ценат.

„Сметаме дека напорите кои ги вложува вашата земја во однос на реформите се исклучително позитивни и клучни во зајакнување на партнерството со Алијансата. Неодамна, земјите-членки на НАТО ги потврдија нивните заложби за политиката на отворени врати и изразија надеж дека евроатланската интеграција на Република Македонија ќе стане реалност", порача амбасадорот.

На новоименуваните амбасадорите претседателот Иванов им посака успешно извршување на одговорната дипломатска функција и им изрази поддршка во вршењето на должноста.

portugalija

bih1
Средба со членовите на Претседателството на Босна и Херцеговина
Вторник, 25 Февруари 2014

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов вечерва на Јахорина одржа средба со членовите на Претседателството на Босна и Херцеговина, г. Жељко Комшиќ, и г.Небојша Радмановиќ.

На средбата, претседателот Иванов изрази благодарност за севкупниот ангажман на властите во Босна и Херцеговина за достоинствено одбележување на 10-годишнината од загинувањето на поранешниот претседател Борис Трајковски и членовите на делегацијата.

Претседателот Иванов и членовите на Претседателството на БиХ разменија мислења и информации за билатералните односи и соработката, како и за актуелните политички и економски состојби во Република Македонија и Босна и Херцеговина. Двете држави имаат исклучително блиски и пријателски односи, негуваат традиционално пријателство со висок степен на взаемно разбирање и меѓусебна поддршка, а билатералната соработка има позитивна динамика, беше взаемно заклучено на средбата.

Во контекст на економската соработка, соговорниците констатираа взаемен интерес за нејзино натамошно интензивирање, но и дека обемот на истата, воопшто не кореспондира со можностите и капацитетите на двете економии. Договорено е фокусот на вниманието во наредниот период да биде ставен на зголемување на обемот и содржината на економската соработка и трговската размена.

bih2Претседателот Иванов подвлече дека забрзаната интеграција, наместо одржување на статус кво состојбата, е рецепт за европеизација и обезбедување трајна стабилност и просперитет на Балканот. Република Македонија е подготвена и спремна со Босна и Херцеговина како и со сите останати земји од регионот на ЈИЕ да соработува, да споделува искуства и поддршка за исполнување на таквата цел, истакна македонскиот претседател.

Денеска, претседателот Иванов ќе ја предводи државната делегација на одбележувањето на 10-годишнината од загинувањето  на поранешниот претседател Борис Трајковски и членовите на делегацијата во Ротимље.

venizelos01
Средба со г. Евангелос Венизелос, претседавач со Советот на ЕУ, заменик-претседател на Владата и Министер за надворешни работи на Република Грција
Четврток, 20 Февруари 2014

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска го прими претседавачот на Советот на Европската унија, министер за надворешни работи и заменик-претседател на Владата на Република Грција, г. Евангелос Венизелос.

На средбата беа разменети мислења и информации околу процесот на евроинтеграции на Република Македонија за време на грчкото претседавање со Европската унија.

Претседателот Иванов и посака на Република Грција успешно претседавање со Европската унија и изрази очекување дека како претседавачи ,и покрај фактот што не е во приоритетите, сепак ќе останат посветени на политиката на проширување.

Претседателот Иванов потенцираше дека Република Македонија бележи постојан напредок во клучните реформски области, што се потврдува и со петте последователни препораки за почеток на пристапните преговори, и дека клучна препрека за евро-интеграцискиот напредок и натаму останува прашањето за името.

Овозможувањето на паралелно движење на процесот за решавање на билатералното прашање и процесот на пристапни преговори за членство во ЕУ, кој се покажува како успешна и позитивна практика, доколку се примени во нашиот случај, ќе биде од корист не само за Република Македонија, туку и за Република Грција и за целиот регион, посочи македонскиот претседател.

„Решение за отвореното прашање е можно само со стриктно придржување до рамката во која се води процесот во ООН, со почитување на постоечките резолуции на Советот за безбедност, Времената спогодба, меѓународното право и пресудата од Хаг", му порача македонскиот претседател на министерот Венизелос, дополнувајќи дека навлегувањето во прашањата од сферата на идентитетот и човековото достоинство не е дел од рамката и не придонесува кон напорите за изнаоѓање на взаемно прифатливо решение.

Претседателот Иванов истакна дека е потребно е да се следи примерот на двете општества, потребно e зголемување на меѓусебната доверба, што ќе се постигне преку почести контакти на сите нивоа.

„Не доликува на две европски соседни земји во 21 век да не комуницираат на највисоко политичко ниво. Меѓу нашите земји има огромни можности и потенцијали за соработка во сите сфери од заемен интерес", истакна Иванов и ја повтори отворената покана за посета на грчкиот претседател на Република Македонија.

Во контекст на билатералната соработка, македонскиот претседател го потврди интересот на Република Македонија за интензивирање на економската соработка и зајакнување на преку-граничната соработка, посочувајќи дека проширување на билатералната правна рамка за соработка ќе придонесе во унапредување и на политичките односи меѓу двете земји.

На средбата беа разменети мислења и информации околу актуелните случувања во регионот, односно околу европските перспективи на земјите од Западен Балкан.

venizelos02

china
Честитка до претседателот на НР Кина, г. Си Џипинг, по повод Кинеската Нова година
Петок, 31 Јануари 2014

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, по повод Кинеската Нова година, упати честитка до Претседател на Народна Република Кина, Н.Е. г. Си Џипинг.

Ваша Екселенцијо,

Ми претставува особена чест и задоволство во мое имe и во име на граѓаните на Република Македонија, да Ви ја честитам Кинеската Нова година, со најискрени желби за успешна година и благосостојба на вашата голема држава и пријателскиот кинески народ.

Дозволете ми во оваа свечена пригода да го изразам своето уверување дека одличните односи и соработката меѓу Република Македонија и Народна Република Кина кои ги красат искрено пријателство, меѓусебна доверба и разбирање, ќе продолжат да бележат успешен развој и ќе бидат збогатени со нови содржини, за што ја повторувам нашата целосна подготвеност.

Ваша Екселенцијо, сеќавајќи се на нашата срдечна средба сакам уште еднаш да Ве уверам дека граѓаните на Република Македонија и јас, лично, секогаш ќе бидеме благодарни за принципиелната и континуирана поддршка од Народна Република Кина.

Со такво уверување и со најискрени желби за Ваша натамошна успешна работа, добро здравје и лична среќа, Ви ги упатувам изразите на моето највисоко почитување.

д-р Ѓорге Иванов

belorusija
Претседателот Иванов ги прими акредитивните писма на новоименуваните амбасадори на Монголија и на Република Белорусија
Петок, 31 Јануари 2014

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Монголија, Н.Е. г. Дугержав Лкхамсурен и новоименуваниот амбасадор на Република Белорусија, Н.Е. г. Владимир Чушев.

Во поздравните говори претседателот Иванов на двајцата амбасадори им посака добредојде и успех во вршењето на амбасадорската должност.

На средбата со новоименуваниот амбасадор на Монголија, со седиште во Софија, е реафирмиран интересот за интензивирање и зајакнување на соработката меѓу двете земји во сите области од заемен интерес, особено на економската.

„Од исклучително значење е двете страни да создадат правна рамка којашто ќе претставува нов поттик за градење на билатералната соработка, вклучително и во доменот на стопанската и трговската соработка", истакна претседателот Иванов на средбата со амбасадорот Лкхамсурен.

На средбата со амбасадорот Чушев, претседателот Иванов изрази уверување дека постојат можности за натамошно унапредување на билатералните односи и меѓусебната соработка со Република Белорусија во повеќе области од заемен интерес.

„Притоа, посебно би сакал да ја истакнам нашата желба за дооформување на нормативно-правната рамка за уредување на билатералните односи и соработка, како и нашиот интерес за јакнење на економската соработка", рече претседателот Иванов на средбата со новоименуваниот амбасадор на Република Белорусија, со седиште во Белград.

mongolia

 
Почеток < Пред 81 82 83 84 85 86 87 88 89 90 Следно > Крај
Страница 89 од 175