Соопштенија
prostalnacrnagora
Проштална средба со амбасадорот на Црна Гора, Н.Е. г. Душан Мрдовиќ
Вторник, 24 Јуни 2014

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска во проштална средба го прими амбасадорот на Црна Гора во Република Македонија, Н.Е. г. Душан Мрдовиќ.

На средбата, двајцата соговорници изразија задоволство од севкупниот досегашен развој на билатерален план, кој континуирано бележи позитивен и нагорен тренд, како и од традиционално блиските и одлични политички односи меѓу двете земји. Заемна констатација е дека нема отворени прашања меѓу Република Македонија и Црна Гора, дека двете земји се посветени на идентични надворешно-политички цели, членство во НАТО и ЕУ и интензивна регионална соработка.

Претседателот Иванов изрази задоволство што двете земји споделуваат идентична визија и приоритети за иднината, во однос на соработката и взаемната подршка во евроатлантските интеграции, и ја истакна потребата од натамошно интензивирање на економската соработка.

Амбасадорот Мрдовиќ се заблагодари за укажаното гостопримство во текот на неговиот мандат и изрази задоволство од соработката со сите македонски институции.

prostalnanato
Република Македонија останува целосно посветена на членството во НАТО - Проштална средба со началник на Канцеларијата за врски на НАТО во Република Македонија, полковник Александар Александров
Вторник, 24 Јуни 2014

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска во проштална средба го прими началникот на Канцеларијата за врски на НАТО во Република Македонија, полковник Александар Александров.

На средбата двајцата соговорници изразија задоволство од соработка меѓу Република Македонија и НАТО, при што беше оценето дека односите се на исклучително високо ниво. Особено беше истакнат придонесот што Република Македонија го дава во рамки на меѓународните мировни мисии.

Република Македонија е решителна и одлучна во исполнувањето на поставените стратешки цели, истакна претседателот Иванов, надополнувајќи дека Република Македонија ги исполни сите критериуми за членство во Алијансата и очекува почитување на меѓународното право и на меѓународните обврски во насока на заземање на заслуженото членство во Алијансата. Членството на Република Македонија во НАТО не е придобивка само за нас, туку и за Алијансата и за нашиот регион и Република Македонија, ќе продолжи да го дава својот придонес за стабилноста на регионот и пошироко, преку учество во меѓународните мировни мисии, порача претседателот Иванов.

Македонскиот претседател изрази благодарност за досегашниот придонес на полковник Александров, во насока на унапредување на односите меѓу Република Македонија и НАТО, и му посака успех во натамошната кариера.

jol_1
Средба со д-р Зоран Јолевски, министер за одбрана на Република Македонија
Понеделник, 23 Јуни 2014

Претседателот на Република Македонија и врховен командант на вооружените сили на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска го прими министерот за одбрана на Република Македонија, д-р Зоран Јолевски.

Претседателот Иванов на министерот Јолевски му го честиташе стапувањето на функцијата министер за одбрана на Република Македонија и му посака успех во работата.

На средбата претседателот Иванов и министерот Јолевски разменија мислења за развојот на Армијата на Република Македонија во согласност со приоритетите на НАТО во рамките на концептот „мудра одбрана" и за учеството на Армијата на Република Македонија во меѓународните мисии под НАТО, ЕУ и ОН. Министерот Јолевски го информираше претседателот Иванов за планот за претстојните активности поврзани со Самитот на НАТО во Велс оваа година.

Соговорниците се согласија дека покрај уставните и законските обврски и должности на Министерството за одбрана и АРМ, реформските процеси во функција на одржувањето на компатибилноста со НАТО стандардите на АРМ и членството на земјата во Алијансата претставуваат врвни приоритети и во наредниот период. Во таа насока беше договорена натамошна тесна соработка и координирани ангажмани меѓу врховниот командант, Министерството за одбрана и АРМ. Соговорниците изразија задоволство од фактот дека АРМ е институцијата во која граѓаните имаат најголема доверба, и искажаа подготвеност за максимална посветеност за таквата перцепција на граѓаните и понатаму да продолжи.
jol_2

nmnoglas
Јавен повик за доставување на пријави за избор на „Најдобар млад научник“ за 2014 година
Сабота, 21 Јуни 2014

Признанието го доделува Претседателот на Република Македонија, како поттик на младата научна и истражувачка мисла во Република Македонија.

Јавниот повик ги опфаќа сите лица што во тековната календарска година навршиле 30 години, а кои во досегашната научна работа имаат постигнато научни резултати што придонесуваат за позитивен развој на општеството и околината во која живеат и работат.

Услови за конкурирање:

• добиена меѓународна награда за научно-истражувачка дејност,
• добиено меѓународно признание за научно-истражувачка дејност,
• добиено домашна награда за научно-истражувачка дејност,
• добиено домашно признание за научно-истражувачка дејност,
• објавени резултати од научно истражување во релевантно меѓународно списание,
• објавени резултати од научно истражување во релевантно домашно списание,
• применетост на резултатите од научното истражување.

Доказ за исполнување на еден или повеќе од условите:

• Биографија,
• Реализирани проекти во 2014 година со кои конкурираат,
• Доказ за државјанство на Република Македонија

Материјалите да се достават во еден печатен и еден електронски примерок (CD)

Право на учество имаат сите граѓани на Република Македонија кои ги исполнуваат условите за конкурирање

Документите да се достават до Кабинетот на Претседателот на Република Македонија најдоцна до 31.12.2014 година.

Кабинет на Претседателот на Република Македонија (Комисија за „Најдобар млад научник")
„Вила Водно"
Ацо Караманов 33 А
МК-1000 Скопје

plevneliev
Телеграма со сочувство до бугарскиот претседател Плевнелиев по повод поплавите во градот Варна
Петок, 20 Јуни 2014
Spanski_kral
Честитка до Неговото Величество Фелипе VI Крал на Шпанија, по повод стапување на шпанскиот престол
Петок, 20 Јуни 2014

Претседателот на Република Mакедонија, д-р Ѓорге Иванов, упати писмо со честитка до Неговото Величество Фелипе VI, Крал на Шпанија, по повод стапување на шпанскиот престол.

Ваше Величество,

Имам особена чест и задоволство, во свое лично име и во име на граѓаните на Република Македонија, да упатам срдечни честитки по повод Вашето стапување на шпанскиот престол.

Цврсто сум убеден дека сo Вашата посветеност, лидерство и модерна визија ќе прoдолжи натамошниот севкупен напредок на Кралството Шпанија.

Дозволете ми, во овие историски мигови, да го поздравам постојаниот подем во развојот на односите и соработката меѓу нашите две пријателски држави, и да подвлечам дека Република Македонија е целосно подготвена за внесување на нова енергија за натамошно унапредување на севкупните односи со Кралството Шпанија.

Со такво уверување, Ваше Величество, Ви ги пренесувам изразите на моето највисоко почитување.

д-р Ѓорге Иванов

 
Почеток < Пред 81 82 83 84 85 86 87 88 89 90 Следно > Крај
Страница 85 од 175