Соопштенија
polska
Претседателот Иванов го прими во проштална средба полскиот амбасадор, Н.Е. г. Пжемислав Чиж
Четврток, 11 Јули 2013

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска во „Вила Билјана" во Охрид, го прими во проштална средба амбасадорот на Република Полска во Република Македонија, Н.Е. г. Пжемислав Чиж.

На средбата, заемна констатација беше дека односите меѓу двете земји се на исклучително ниво и беше искажано задоволство од континуираниот политички дијалог. Двајцата соговорници констатираа дека во наредниот период, двете земји треба да се фокусираат и со заеднички ангажман да се искористат потенцијалите за продлабочување на билатералната соработка во сите сфери од заемен интерес.

Претседателот Иванов се заблагодари за континуираната поддршка која Република Македонија ја добива од Република Полска во настојувањата за реализација на зацртаните стратешки цели, потенцирајќи дека Република Македонија во Република Полска секогаш гледа искрен пријател и партнер.

Амбасадорот Чиж се заблагодари за помошта и поддршката која ја уживал од претседателот Иванов, неговиот кабинет и од институциите на Република Македонија за време на должноста, нагласувајќи дека Република Полска, како и досега, така и во иднина, ќе ги поддржува стратешките цели на Република Македонија.

Писмо со благодарност од претседателот Обама за честитката по повод Националниот празник на САД, 4 јули - Денот на независноста
Вторник, 09 Јули 2013
PRMportret_resize
Честитка од претседателот Иванов до сите припадници на исламската вероисповед по повод почетокот на рамазанските пости
Понеделник, 08 Јули 2013

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, по повод почетокот на рамазанските пости, упати честитка до поглаварот на Исламската верска заедница во Република Македонија, реис-ул-улема ефенди Сулејман Реџепи, до членовите на Ријасетот и до сите припадници на исламската вероисповед во Република Македонија.


Почитуван реис-ул-улема ефенди Сулејман Реџепи,

Дозволете ми да Ви го честитам започнувањето на рамазанските пости, Вам, на Ријасетот на Исламската верска заедница и на сите граѓани - припадници на исламската вероисповед во Република Македонија, посакувајќи да ги поминете во мир, здравје и благосостојба, во духот и традицијата на вашата вера.

Возвишениот месец Рамазан e време на молитва, духовно прочистување, љубов и хуманост. Од изгрејсонце до зајдисонце, Вашата истрајност и посветеност на верата и молитвата се почитувани од сите граѓани и религиозни групи во Република Македонија. Верувам дека токму рамазанските пости ќе бидат инспирација за натамошно градење на мирна, демократска и просперитетна Република Македонија, во која соработката и соживотот се секојдневје и трајна вредност.

Во оваа пригода би сакал да ја потенцирам мојата увереност дека и во иднина, Исламската верска заедница ќе продолжи со својата активност да придонесува Република Македонија и понатаму да биде пример за заедничко живеење во мир и меѓусебно разбирање, и почитување на сите граѓани, без разлика на нивната етничка и верска припадност.

Од сè срце посакувам рамазанските пости да ви бидат исполнети со хармонија и со радост да го дочекате големиот празник Рамазан-бајрам.


д-р Ѓорге Иванов

NL1
Средба со делегација од Комисијата за европски прашања на парламентот на Кралството Холандија
Недела, 07 Јули 2013

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска во „Вила Билјана" во Охрид, прими делегација од Комисијата за европски прашања на парламентот на Кралството Холандија.

Во фокусот на разговорите на претседателот Иванов со холандските парламентарци беше европската интеграција на Република Македонија и на земјите од Балканот.

Македонскиот претседател порача дека Република Македонија ќе продолжи со спроведувањето на неопходните реформи и подготвено ќе ја дочека одлуката за старт на пристапните преговори со ЕУ, кога таа ќе биде донесена.

Во таа смисла, претседателот Иванов го повтори ставот дека Република Македонија останува целосно подготвена да ги почне пристапните преговори со Европската Унија, како што е случај од 2009 година наваму.

Во однос на наметнатиот спор за името, претседателот Иванов истакна дека Република Македонија останува целосно посветена на разговорите под покровителство на Организацијата на Обединетите Нации за да се дојде до заемно прифатливо решение.

Македонскиот претседател на средбата со холандските пратеници посочи дека парламентарната димензија на соработка е од исклучително значање и придонесува за продлабочување на односите меѓу Република Македонија и Кралството Холандија.

NL2

PRM
Анкета на ИПИС: Расте рејтингот на претседателот Иванов
Сабота, 06 Јули 2013

Резултатите од последното истражување на Институтот за политички истражувања од Скопје (ИПИС) за ставовите на граѓаните за активностите и работењето на Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, покажуваат дека позитивното мислење на граѓаните за претседателот Иванов континуирано се зголемува, додека бројот на граѓаните со негативно мислење бележи тренд на опаѓање.

Во најновата анкета на ИПИС, 59.1% од испитаниците се изјасниле дека имаат позитивно мислење за македонскиот претседател, што значи пораст од речиси 5% во споредба со март 2012, 10% во споредба со мај 2011, односно 14% повисок во споредба со 2010 година.

Додека во 2010 година, 44% од анкетираните граѓани имале негативно мислење за шефот на државата, во 2013 бројката е речиси двојно помала, односно 23.8% од испитаниците се изјасниле негативно во однос на нивното мислење за претседателот Иванов, што е за околу 7% помалку во споредба со март 2012, кога истата изнесуваше 30.6 отсто.

Македонските граѓани и натаму најмногу ја ценат чесноста на македонскиот претседател, покажуваат резултатите од испитувањето на ИПИС. На прашањето - дали сметате дека претседателот чесно ја извршува својата работа, 73.6 % од испитаниците одговориле позитивно, додека 14.3% негативно. Споредбено со март 2012, бројот на испитаници кои сметаат дека Претседателот е чесен во извршувањето на функцијата е за речиси 2% поголем, додека пак, бројот на анкетираните со негативно мислење е за 4% помал.

Во однос на прашањето за името, политиката и работата на Претседателот, позитивно ја оценуваат 59.8 отсто од анкетираните, наспроти 27.4 отсто кои имаат негативна оценка за дејствувањето на претседателот Иванов во однос на ова прашање.

На прашањето - како ја оценувате политиката и работата на Претседателот во однос на надворешната политика, 56.2 % дале позитивен одговор. Со негативни оценки за политиката и работата на Претседателот во однос на надворешната политика се изјасниле 30 % од испитаниците.

Над половина од анкетираните граѓани се изјасниле дека претседателот ги исполнил нивните очекувања во досегашниот мандат. 50.4 % од анкетираните одговориле потврдно, наспроти 39.9 % кои сметаат дека Претседателот не ги исполнил очекувањата.

Телефонската анкета е спроведена во периодот помеѓу 14 и 17 јуни јуни 2013 година на примерок од 1.119 испитаници, како дел од редовните мерења на ставовите на граѓаните во однос на нивната доверба и перцепции за работата и активностите на Претседателот на Република Македонија.

MKD-Slide1
MKD-Slide2
MKD-Slide3
MKD-Slide4
MKD-Slide5
MKD-Slide6
MKD-Slide7
MKD-Slide8

katar4
Емирот на Државата Катар, Шеик Тамим бин Хамад ал-Тани и Хамад бин Калифа ал-Тани се заблагодарија на претседателот Иванов за упатените честитки
Петок, 05 Јули 2013

Емирот на Државата Катар, Шеик Тамим бин Хамад ал-Тани и неговиот татко, кој му ја предаде должноста Емир на Државата Катар, Хамад бин Калифа ал-Тани, упатија писма со благодарност до претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, за честитките кои ги упати македонскиот претседател по повод преземањето и предавањето на функцијата Емир на Државата Катар.

Во продолжение се упатените писма до претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов.

Ваша Екселенцијо,

Дозволете ми, во име на народот на Државата Катар и во мое лично име, да искажам, Ваша Екселенцијо, искрена благодарност и почит за Вашите срдечни поздрави и честитки за моето преземање на функцијата Емир на Државата Катар како и да Ви ги упатам моите најискрени желби за Ваше добро здравје и поголема благосостојба и напредок на Вашиот народ.

Во оваа прилика би сакал да Ве уверам за нашата желба за натамошно јакнење на билатералните односи меѓу нашите две земји во иднина.

Ве молам примете ги изразите на моето највисоко почитување.

Тамим бин Хамад ал-Тани
Емир на Државата Катар

Ваша Екселенцијо,

Со задоволство ја примив Вашата љубезна порака по повод преземањето на функцијата од страна на Неговото Височество, Шеик Тамим бин Хамад ал-Тани.

Многу ги ценам Вашите посебни чувства кон мене и Ви ги упатувам моите најискрени желби за Ваше добро здравје и постојан напредок и благосостојба на Вашиот пријателски народ.

Ве молам примете ги изразите на моето највисоко почитување.

Хамад бин Калифа ал-Тани

 
Почеток < Пред 91 92 93 94 95 96 97 98 99 100 Следно > Крај
Страница 100 од 175