По повод Националниот празник на Сојузна Република Германија, Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов испрати честитка до Претседателот на Сојузна Република Германија Кристијан Вулф.
Почитуван господине Претседател,
По повод Националниот празник на Сојузна Република Германија, имам особена чест и задоволство, во името на граѓаните на Република Македонија и во свое име, да Ви упатам срдечни честитки и искрени желби за просперитет на Вашата земја и благосостојба на пријателскиот германски народ.
Дозволете ми, во овој свечен момент, да ја изразам својата увереност дека односите и соработката меѓу нашите две земји, и во иднина ќе бележат позитивен развој во сите сфери од заемен интерес.
Ја користам можноста да изразам благодарност за досегашната поддршка на Република Македонија во процесот на нејзиното интегрирање во европските и евроатланските структури. Имајќи ги предвид заедничките заложби и визии за обединета, демократска и просперитетна Европа, убеден сум дека поддршката од Сојузна Република Геманија ќе ја имаме и во периодот што претстои.
Со најискрени желби за Ваша натамошна успешна работа, добро здравје и лична среќа, Ви ги упатувам, господине Претседател, изразите на моето највисоко почитување.
д-р Ѓорге Иванов