Новости
Отворање на саемот на книгата во Матица Македонска
Четврток, 20 Јануари 2011


Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов присуствуваше на отворањето на саемот на книгата во Матица Македонска.
Саемот ќе трае до 20 февруари, а во предвидениот период, љубителите на добриот збор ќе имаа можност да купуваат книги по значително намалени цени. На свеченото отворање присуствуваше и министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска.
Претседателот Иванов ја истакна важноста од ваквите случувања, ставајќи акцент на фактот дека читањето и пишувањето книги нему му е професија.
- Ова е извонредна продукција на наслови и можат многу нешта да се научат за времето во кое живееме, за светот во кој живееме, за настани од минатото кои се повторуваат и во денешно време на многу поинаков начин. Едноставно книгата ни отвора очи - истакна Претседателот Иванов.
Министерката за култура говореше зошто саемот на книгата е значаен и упати апел истиот да се посети.
- Овие акции се една одлична можност читателите да бидат поблиску до интелектуалните образовни трендови, да имаат можност да купат книги кои навистина сакаат да ги прочитаат. Јас сум голем љубител на книгата и препорачувам секој да чита што повеќе книги - изјави министерката Канческа-Милевска.
Министерката истакна дека Министерството за култура стои зад издавачката дејност со максимална поддршка и ја истакна важноста од почесто случување на вакви настани.

Водици во Велес
Среда, 19 Јануари 2011
Божиќен ручек кај Поглаварот на МПЦ г.г. Стефан
Недела, 09 Јануари 2011
Централно одбележување на Рождеството Христово - Божик во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“
Петок, 07 Јануари 2011


Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов денеска присуствуваше на централното одбележување на Рождеството Христово - Божик во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје, каде Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан богослужеше со Златоустовата литургија.


Претседателот Иванов по завршувањето на литургијата на граѓаните од православна вероисповед им го честита Божик и им посака здравје, среќа, успех и спокојство. На сите граѓани на Република Македонија кои го слават Христовото раѓање - Божик им посакувам многу среќа, радост и успех во животот.



Овие се моменти кога сите си посакуваме да бидеме многу посложни, многу сплотени, како што вели нашата традиција, тогаш во тие моменти можно е да се исполнат сите наши цели што сме ги поставиле пред нас. Сакам на сите православни христијани со традиционалниот поздрав „Христос се роди“ да им посакам многу среќа и радост во животот, изјави Претседателот Иванов по завршувањето на литургијата.


На централното одбележување на Рождеството Христово - Божик во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ присуствуваа и Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, Претседателот на Владата Никола Груевски, вицепремиерот Васко Наумовски, директорот на Комисијата за односи со верски заедници и религиозни групи Валентина Божиновска, градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски и други личности од јавниот живот во Република Македонија.

Децата од СОС Детско село Скопје за бадник во домот на Иванови
Четврток, 06 Јануари 2011
Средба со членовите на Специјалната Олимпијада Македонија по повод новогодишните празници
Среда, 05 Јануари 2011


Генералниот секретар на Кабинетот на Претседателот на Република Македонија, Борис Јосифовски денеска по повод новогодишните празници ги посети членовите на македонскиот разгранок на меѓународната организација Специјална Олимпијада.

Генералниот секретар особено ја поздрави работата на волонтерите кои се посветени на овозможување на спортските активности на членовите на Олимпијадата и ја искористи можноста да им посака среќна и успешна Нова година на учесниците на Специјалната Олимпијада, со желби и во 2011 година да бидат одлични претставници на Македонија и наша заедничка гордост.

 

На средбата, Генералниот секретар го истакна високо почитување на Претседателот на Република Македонија за работата на Специјалната Олимпијада Македонија, истакнувајќи дека Претседателот Иванов лично особено ги подржува активностите поврзани со  лицата со посебни потреби. Борис Јосифовски истакна дека, како покровител на активностите на македонскиот разгранок на Специјалната олимпијада, Кабинетот на Претседателот ќе продолжи да ја укажува секоја можна поддршка.

 
Почеток < Пред 171 172 173 174 175 176 177 178 179 180 Следно > Крај
Страница 175 од 198