Децата од СОС Детско село Скопје за бадник во домот на Иванови
Четврток, 06 Јануари 2011   



Триесетина деца од СОС Детското село Скопје денеска по повод бадник и коледарските обичаи го посетија домот на семејството Иванови. Со коледарската песна, пред вратата на претседателската резиденција децата го најавија нивното пристигнување. На влезот ги пречекаа Претседателот Иванов, неговата сопруга Маја и синот Иван. Откако ја слушнаа "Коледе леде", домаќините ги поканија децата во нивниот дом каде што им поделија бадникарски пакетчиња, полни со костени, ореви, бонбони, овошје и со парички. Децата од СОС Детското село се запознаа и дружеа и со шарпланинецот Алек, домашниот миленик на семејството Иванови.

 

 


  Back<<Назад