Средба со членовите на Специјалната Олимпијада Македонија по повод новогодишните празници
Среда, 05 Јануари 2011   


Генералниот секретар на Кабинетот на Претседателот на Република Македонија, Борис Јосифовски денеска по повод новогодишните празници ги посети членовите на македонскиот разгранок на меѓународната организација Специјална Олимпијада.

Генералниот секретар особено ја поздрави работата на волонтерите кои се посветени на овозможување на спортските активности на членовите на Олимпијадата и ја искористи можноста да им посака среќна и успешна Нова година на учесниците на Специјалната Олимпијада, со желби и во 2011 година да бидат одлични претставници на Македонија и наша заедничка гордост.

 

На средбата, Генералниот секретар го истакна високо почитување на Претседателот на Република Македонија за работата на Специјалната Олимпијада Македонија, истакнувајќи дека Претседателот Иванов лично особено ги подржува активностите поврзани со  лицата со посебни потреби. Борис Јосифовски истакна дека, како покровител на активностите на македонскиот разгранок на Специјалната олимпијада, Кабинетот на Претседателот ќе продолжи да ја укажува секоја можна поддршка.

  Back<<Назад