|
Божиќен ручек кај Поглаварот на МПЦ г.г. Стефан
|
|
|


По повод празнувањето на „Св. Стефан“ и трет ден Божик, Поглаварот на Македонската православна црква г.г Стефан, денеска организираше традиционален божиќен ручек за државниот врв на Република Македонија. На божиќната трпеза присуствуваа Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов, Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски и Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски. Божиќниот ручек се одржа во резиденцијата на Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан.
|