Водици во Велес
Среда, 19 Јануари 2011   


Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов, придружуван од амбасадорот за европски прашања на Унгарија Георг фон Хабсбург, присуствуваше на свеченото празнување на Богојавление – Водици во Велес.

Пред илјадниците собрани Велешани, Митрополитот Вардардски Агатангел ги освети водите на реката Вардар. Од десетиците Велешани кои скокнаа во Вардар, најуспешен беше Зоран Миладинов, на кого ова му е втор пат да го фати светиот крст, кој се верува дека ќе му донесе среќа во текот на годината.

Претседателот Иванов и Амбасадорот Хабсбург воедно имаа средба со владиката Агатангел, градоначалникот Горан Петров и пратеници од Велес.

  Back<<Назад