Претседателот Иванов во Њујорк учествуваше на Балканскиот лидерски самит
Среда, 22 Септември 2010   

Македонскиот Претседател Ѓорге Иванов во Њујорк учествуваше и имаше обраќање на Годишниот Балкански лидерски самит, што го организира Федерацијата на Балканско-Американската асоцијација (ФЕБА).
- Во овој момент сите држави на Баканот имаат демократски избрани влади и ние имаме потреба за мир кој јас го нарекувам Пакс Еуропеана. Единствено отворениот простор создава луѓе со отворен ум. Отворениот простор создава единствен пазар. Тоа денес го може единствено Европската унија, таа може да го отвори просторот на Балканот, да почнат луѓето да размислуваат за идните поколенија, да им остават мир. Мирот е неопходен на Балканот. Единствено европската идеја може да го обезбеди нашиот мир - порача Претседателот Иванов.
Тој истакна дека присуството на бизнисмени од Балканот на Форумот покажува дека луѓето кои имаат свој интерес знаат како тоа да го остварат, Балканот да има нова инфраструктура, нови комуникации, отворен простор каде сите проблеми ќе се решаваат со дијалог.

  Back<<Назад