Соопштенија
alt
Честитка до претседателот на претседателството Комшиќ по повод Националниот ден на Босна и Херцеговина
Петок, 25 Ноември 2011

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов по повод Националниот ден на Босна и Херцеговина испрати честитка до Жељко Комшиќ, Претседавач на Претседателството на Босна и Херцеговина.

Почитуван господине Претседавач,

По повод Националниот ден на Босна и Херцеговина, ми претставува особена чест и задоволство, во име на граѓаните на Република Македонија и во свое лично име, да Ви упатам најсрдечни честитки и желби за натамошен просперитет на Вашата земја и благосостојба на нејзиниот народ.

Во оваа свечена прилика би сакал да го истакнам моето длабоко уверување дека традиционално добрите односи меѓу Република Македонија и Босна и Херцеговина и натаму успешно ќе се развиваат во интерес на двете земји. Сигурен сум дека во периодот што следи, со заеднички ангажман ќе продолжиме да го даваме својот придонес кон обезбедувањето на регионалната стабилност и просперитет.

Останувајќи во пријатно сеќавање од нашата неодамнешна средба во Република Македонија, дозволете ми, господине Претседавач, да Ви ги упатам изразите на моето највисоко почитување.

Д-р Ѓорге Иванов

alt
Честитка до граѓаните од албанската етничка заедница по повод Денот на албанската азбука
Вторник, 22 Ноември 2011

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов по повод 22 ноември, Денот на албанската азбука упати честитка до припадниците на албанската етничка заедница во Република Македонија.

Почитувани сограѓани,

Ми претставува особена чест и задоволство да Ви го честитам 22 ноември, Денот на албанската азбука.

Благодарение на Конгресот во Битола пред 103 години албанскиот народ конечно го заврши макотрпниот пат до конечна унифицирана азбука отворајќи ново поглавје во својот национален и културен развој.

Во оваа пригода, би сакал да упатам порака до Вас и до сите граѓани на Република Македонија дека азбуките и јазикот се основните елементи на националното идентификување, но и исто така и мост за соживот, меѓусебно разбирање и толеранција. Токму ова се и основните столбови  на македонското општество и оттука Денот на албанската азбука е значаен за сите граѓани на Република Македонија.

Цврсто сум убеден дека и во иднина припадниците на албанската заедница во Република Макеоднија со својата богата традиција и култура ќе продолжат да придонесуваат за просперитетна иднина и благосостојба на сите граѓани на Република Македонија.


Д-р Ѓорге Иванов

alt
Честитка до московскиот и руски патријарх Кирил по повод неговиот роденден
Вторник, 22 Ноември 2011
alt
Средба со академиците Алиу, Старова и Абази
Понеделник, 21 Ноември 2011

Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов, денес, во пресрет на Денот на Албанската абука – 22 ноември, ги прими членовите на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) - д-р Али Алиу, д-р Луан Старова и д-р Алајдин Абази.

Академиците го поздравија овој гест на Претседателот, изразувајќи задоволство од можноста да поразговараат со него за значењето на Конгресот за унификација и стандардизација на Албанскиот јазик, кој во 1908 година се одржа во Битола, како и за повеќе актуелни теми од културниот и општествениот живот, значајни за граѓаните Албанци во Република Македонија.

Претседателот Иванов изрази подготвеност овие средби да прераснат во традиционални. Тој во оваа прилика на академиците, но и на сите граѓани од албанска националност им го честиташе Денот на албанската абука. Претседателот Иванов истакна дека и во иднина ќе продолжи редовно да се среќава со личности од општествениот, културниот и социјалниот живот на Албанците во Република Македонија, како и да ги поддржува нивните предлози и иницијативи.

alt
Честитка до Принцот алберт Втори по повод Националниот празник на Кнежеството Монако
Сабота, 19 Ноември 2011

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов по повод Националниот празник на Кнежевството Монако испрати честитка до Неговото Височество, Принцот Алберт Втори.

Ваше Височество,

Ми претставува особена чест и големо задоволство, во мое лично име и во името на граѓаните на Република Македонија, да Ви упатам најсрдечни честитки по повод Националниот празник на Кнежеството Монако и воедно да Ви посакам добро здравје, лична среќа и натамошна успешна работа.

По враќањето во мојата земја, сакам најљубезно да Ви се заблагодарам за топлиот и срдечен пречек и укажаното гостопримство кон мене и мојата делегација во Кнежевството Монако. Во оваа свечена прилика, би сакал повторно да ја изразам подготвеноста на Република Македонија за натамошно интензивирање на односите и продлабочување на соработката со Кнежевството Монако, во сите области од заемен интерес, како на билатерален, така и на мултилатерален план. Верувам дека преку воспоставувањето на дипломатски односи ќе можеме поуспешно да ги развиваме и користиме можностите за соработка.

Со надеж дека наскоро ќе имам можност да Ве поздравам во Република Македонија, Ве молам, Ваше Височество, да ги примите изразите на моето највисоко почитување.


Д-р Ѓорге Иванов

alt
Честитка до претседателот Бержињс по повод Денот на независноста на Република Латвија
Петок, 18 Ноември 2011

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов по повод Денот на независноста на Република Латвија испрати честитка до Претседателотна Република Латвија, Андрис Бержињс.

 

Ваша Екселенцијо,

 

Имам особена чест и задоволство, по повод Денот на независноста на Република Латвија, во име на граѓаните на Република Македонија и во мое лично име, да Ви упатам најсрдечни честитки и искрени желби за просперитет на Вашата земја и за благосостојба на пријателскиот народ на Република Латвија.

 

Дозволете ми да ја искористам оваа свечена прилика и да го изразам задоволството од досегашниот развој на односите и соработката меѓу Република Македонија и Република Латвија.

 

Изразувајќи ја својата увереност, дека односите меѓу нашите две земји и во иднина успешно ќе се развиваат и надградуваат, во духот на заедничките заложби за демократска, стабилна, обединета и просперитетна Европа, дозволете ми, Ваша Екселенцијо, да Ви ги упатам изразите на моето највисоко почитување.

 

 

Д-р Ѓорге Иванов

 
Почеток < Пред 141 142 143 144 145 146 147 148 149 150 Следно > Крај
Страница 146 од 175