Соопштенија
si
Сочувство до кинескиот претседател , г. Си Џинпинг по повод несреќата во Тианјин
Петок, 14 Август 2015
plevneliev_socuvstvo
Сочувство до бугарскиот претседател Плевнелиев, по повод смртта на неговиот син, Филип
Сабота, 08 Август 2015
ilinden2015_chestitki
Честитки дo претседателот Иванов по повод Националниот празник на Република Македонија – 2 Август
Недела, 02 Август 2015

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, по повод Националниот празник на Република Македонија - 2 Август прими честитки од повеќе државници.

Изразувајќи срдечни честитки по повод Националниот празник на Република Македонија, претседателот на Италијанската Република, г. Серџо Матарела во писмото истакнува дека процесот на евро-атлантска интеграција на земјите од западен Балкан преставува основен услов кој гарантира се поголема стабилност на регионот и Европа.

„Италија убедливо го поддржува напредокот на реформите и зајакнувањето на дијалогот меѓу балканските земји и народи, свесни дека се основен предуслов за продолжувањето по патот за пристапување кон ЕУ и НАТО", се вели во честитката од италијанскиот претседател Матарела.

Во честитката од претседателот на Руската Федерација, г. Владимир Путин, се наведува дека руско-македонските односи кои се базираат на добрите традиции на пријателство и духовна блискост, се развиваат во позитивна насока.

„Убеден сум, дека со заеднички ангажман ќе постигнеме натамошно проширување на заемно полезната билатерална соработка за доброто на граѓаните на нашите земји, а во интерес на зацврстување на регионалната стабилност и безбедност", се вели во честитката од рускиот претседател Путин.

Австрискиот сојузен Претседател, г. Хајнц Фишер во својата честитка до македонскиот претседател вели: „По повод Националниот ден на Република Македонија задоволство ми е да Ви ги пренесам моите најсрдечни честитки. Ја користам оваа прилика да ви посакам добро здравје и среќна иднина на македонските граѓани".

Најискрени честитки до претседателот Иванов, во име на полскиот народ и во свое име упати и претседателот на Република Полска, г. Бронислав Коморовски.

„Драго ми е што односите меѓу нашите земји успешно се развиваат. Нашите разговори, како и за времето на мојата посета на Скопје во септември 2013 година, така и тие од мултилатералните средби ги чувам во убаво сеќавање. Се надевам дека оваа добра соработка ќе продолжи. Ја потврдувам постојаната полска поддршка за европските и евроатланските аспирации на Македонија, како и подготвеност за споделување на искуството од интеграцијата", стои во соопштението на полскиот претседател.

Во честитката од претседателот на Република Бугарија, г. Росен Плевнелиев се вели: „Се надевам дека Република Македонија ќе го искористи сегашниот круцијален момент за да направи витални реформи и дека ќе ја покаже приврзаноста кон основните принципи на Европската унија, меѓу кои важно место заземаат добрососедските односи".

Во името на словенечкиот народ и во негово лично име желби за сестран напредок и благосостојба упати претседателот на Република Словенија, г. Борут Пахор кој изрази увереност дека сеопфатната соработка меѓу двете земји и натаму ќе се развива.

„Со задоволство констатирам дека Република Словенија и Република Македонија успеаја да изградат цврсти пријателски односи, што е најдобар пат за нашата заедничка билатерална како и регионална соработка и во иднина. Меѓусебната почит и доверба се важна основа за сите нови резултати, за кои верувам дека ќе бидат во корист на двете држави, ќе придонесат за консолидација на стабилноста и развојот на соработката во регионот, се вели во честитката на претседателот на Република Словенија, Борут Пахор.

„Дозволете ми, во свое име и во име на хрватскиот народ, да ви упатам Вам и на Вашиот народ најсрдечни честитки по повод националниот празник на Република Македонија, како и искрени честитки за подобрување и нови успеси на Вашата држава и пријателскиот македонски народ. Двете наши држави ги поврзува цврсто пријателство втемелено врз историски, културни и економски врски. Уверена сум дека и во престојниот период ќе продолжиме да ги развиваме и зацврстуваме нашите односи преку сестрана соработкаво разни области од заеднички интерес", се вели во честитката од претседателот на Република Хрватска, Колинда Грабар- Китаровиќ.

Срдечни честитки по повод Националниот празник Илинден упати и црногорскиот претседател г. Филип Вујановиќ кој оценувајќи дека односите помеѓу Црна Гора и Македонија традиционално се срдечни и пријателски, изрази уверување дека во иднина ќе се продолжи со негување на соработката.

„Уверен сум дека со заеднички напори и понатаму ќе ги развиваме и унапредуваме билатералните односи меѓу Србија и Македонија и така ќе придонесеме за просперитетот на граѓаните на нашите земји", се вели во честитката на претседателот на Република Србија, г. Томислав Николиќ до македонскиот претседател.

Срдечни честитки по повод Националниот празник на Република Македонија упати г. Драган Човиќ, претседавач со претседателството на Босна и Херцеговина, кој изрази задоволство од блиските и традиционално пријателските односи меѓу Босна и Херцеговина и Република Македонија.

Просперитет на Република Македонија со желби за благосостојба во својата честитка изрази претседателот на Република Литванија, г-ѓа Далиа Грибаускаите, истакнувајќи дека годинава се одбележува 20. годишнина од воспоставувањето на дипломатските односи помеѓу двете земји.

„Литванија останува силен поддржувач на евроатланските аспирации на македонскиот народ. Моја голема желба е, заедничките иницијативи развиени од граѓаните на нашите земји од областа на политиката, безбедноста, трговијата, науката и културата, да бидат зајакнати со билатерален дијалог за битни прашања и да обезбедат добросостојба за сите граѓани, истакна претседателот на Република Литванија, Грибаускаите.

„Ја користам оваа можност, претседателе, да ги пренесам желбите за личен успех, и за благосостојба и просперитет на овој пријателски народ", се наведува во честитката која што претседателот Иванов ја прими од Кралот на Шпанија, Фелипе VI.

„Ваша Екселенцијо ја користам оваа можност да ви посакам многу здравје и среќа, а на пријателскиот македонски народ понатамошен развој и просперитет", се вели во честитката на Емирот на Катар, Тамим бин Хамад Ал-тани, кој додава дека врските на пријателство меѓу двете земји во иднина дополнително ќе се заврстуваат.

Честитајќи го Националниот празник на Република Македонија – 2. Август на претседателот Иванов и македонските граѓани, Генералниот секретар на Обединетите нации, г. Бан Ки Мун изрази уверување дека земјава ќе продолжи да го дава својот придонес за остварување на заедничката кауза со што ќе се постигнат заеднички цели од областа на мирот, развојот и човековите права.

По повод Националниот празник на Република Македонија - 2 Август, претседателот Иванов прими честитки и од премиерот на Катар, Абдула бин Насер бин Калифа Ал-тани, од поглаварот на Римокатоличката црква папата Франциск, како и од Генералниот директор на ФАО, Хозе Грацијано да Силва

al
Претседателот Иванов ги прими акредитивните писма на новоименуваните амбасадори на Република Албанија, Босна и Херцеговина и Република Литванија
Петок, 31 Јули 2015

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов денеска во Вила Билјана во Охрид ги прими акредитивните писма на новоименуваните амбасадори на Република Албанија, Босна и Херцеговина и Република Литванија.

На средбата со новоименуваниот амбасадор на Република Албанија, Н.Е. г. Фатос Река, двајцата соговорници го потврдија интересот за натамошно развивање на добрососедството, билатералната соработка и остварување на заедничката стратешка определба - членството во ЕУ.

„Очекуваме безрезервна поддршка од Република Албанија во однос на интеграцијата на Република Македонија во НАТО, а во поглед на интеграцијата во ЕУ очекуваме заемна поддршка и тесна соработка", истакна претседателот Иванов во поздравното обраќање.

Македонскиот претседател посочи дека Република Македонија континуирано ја унапредува положбата на граѓаните од албанска националност и изрази увереност дека и Република Албанија, со иста посветеност ќе продолжи да работи на унапредувањето на правата на граѓаните на Република Албанија од македонска националност.

Новоименуваниот амбасадор Река нагласи дека за Република Албанија останува приоритет натамошното унапредување на добрососедските односи со Република Македонија.

„Албанија е целосно посветена да ја види Македонија целосно интегрирана во НАТО и во ЕУ. Ние ја сметаме Македонија за сосед-пријател и го поддржуваме нејзиниот просперитет, суверенитет, интегритет и стабилност", рече амбасадорот Река.

Воедно, претседателот Иванов и амбасадорот Река ја нагласија потребата од интензивирање на економската соработка и соработката во насока на реализација на инфраструктурни и енергетски поврзувања.

baНа средбата со новоименуваниот амбасадор на Босна и Херцеговина, Н.Е. г-ѓа Лепа Бабиќ, беше разменето мислење за актуелните случувања во регионот и изразена подготвеноста за натамошна соработката меѓу двете земји во евроатланските интеграциски процеси. Претседателот Иванов ја истакна потребата од поттикнување и развој на економските односи.

„Ценам дека постои потенцијал и можности за натамошно јакнење на соработката во сите области, особено во сферата на економијата. Верувам дека со заеднички ангажмани и со збогатување на нормативно - правната рамка за уредување на билатералните односи и соработка, можеме да ги искористиме таквите потенцијали", посочи во обраќањето претседателот Иванов.

Г-ѓа Бабиќ го потенцираше интересот на Босна и Херцеговина за унапредување на севкупните односи со Република Македонија, согласно европските стандарди, а со цел просперитет, мир и стабилност во регионот.

На средбата со новоименуваниот амбасадор на Република Литванија, Н.Е г-ѓа Раса Каириене, претседателот Иванов посочи дека Република Македонија е силно посветена на исполнување на обврските за просперитетна Европа, се заблагодари за досегашното пријателство и изрази очекување за натамошна принципиелна поддршка од Република Литванија во однос на македонските европски и евроатлански интеграции. Воедно, беше афирмиран интересот и потребата за интензивирање економската соработка.

„Верувам дека мерките и активностите што ги презема Владата на Република Македонија за постојано подобрување на инвестициската и вкупната деловна клима ќе го привлече вниманието на литванската бизнис заедница", истакна во обраќањето претседателот Иванов.

Новоименуваната амбасадорка истакна дека Литванија и натаму ќе биде силен поддржувач на македонските евроатлански интеграции и изрази очекување за продлабочување на соработката во сферата на одбраната, културата, образованието и науката.

Двајцата соговорници разменија мислења околу актуелната меѓународна состојба со мигрантите, како и за актуелната политичка состојба во Република Македонија.

Претседателот Иванов на новоименуваните амбасадори им посака успех во вршењето на дипломатската должност и изрази надеж дека со својот ангажман ќе придонесат за натамошно унапредување на политичките и економските односи со земјите кои ги претставуваат.

lt

Iran
Договорот со Иран е чекор кој треба да води кон стабилизација - средба со иранскиот амбасадор во Република Македонија
Вторник, 21 Јули 2015

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска оствари средба со амбасадорот на Исламска Република Иран во Република Македонија, Н.Е. г. Саид Садег Мохамади.

На средбата претседателот Иванов го поздрави постигнатиот договор на Иран со петте постојани членки на СБ на ОН и Германија за иранската нуклеарна програма, оценувајќи го истиот како историски позитивен чекор‎ за земјите од регионот на Блискиот Исток.

„Договорот помеѓу Иран и петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН и Германија, претставува чекор кој треба да води кон стабилизација и поголема безбедност во регионот на Блискиот Исток", истакна претседателот Иванов, и додаде дека целосната имплементацијата на истиот ќе придонесе долгогодишните тензии и санкции да се преточат во конкретна економска соработка и градење доверба. ‎„Со договорот за Иран, за една стара цивилизација, земја со богата култура и традиции, се отвора можноста за ново поглавје, повторно да биде активен член во меѓународната заедница и да придонесува за регионалната и меѓународната безбедност", рече претседателот Иванов.

Во тој контекст, македонскиот претседател истакна дека унапредувањето на економската соработка и јакнењето на трговската размена меѓу Република Македонија и Исламската Република Иран, треба да биде приоритет на двете земји во наредниот период, воедно посочувајќи на потребата од унапредување на договорната и правна рамка.

Амбасадорот Мохамади посочи дека договорот гарантира дека иранската нуклеарна програма ќе биде исклучиво за мирољубиви цели и ќе биде во функција на зацврстување на регионалната и меѓународната безбедност.

Иранскиот амбасадор изрази задоволство од укинувањето на долгогодишните економски санкции и дипломатска изолација и истакна дека договорот отвора нова перспектива во соработката со светот, што позитивно ќе се одрази на јакнење на меѓусебната доверба.

Во разговорите, амбасадорот Мохамади го реафирмираше ставот дека Иран и во иднина ќе настојува на градење и развивање на билатералната соработка со Република Македонија во сите области од заемен интерес.

 
Почеток < Пред 61 62 63 64 65 66 67 68 69 70 Следно > Крај
Страница 62 од 175