Соопштенија
putin
Сочувство до претседателот на Руската Федерација, г. Владимир Путин
Недела, 01 Ноември 2015
amb
Средба со амбасадорите и замениците-амбасадори на дел од земјите од групата пријатели на Република Македонија во ЕУ
Четврток, 29 Октомври 2015

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска прими делегација од амбасадорите и замениците-амбасадори на дел од земјите од групата пријатели на Република Македонија во Европската унија: на Чешката Република, на Република Австрија, на Словачката Република, на Кралството Шведска, на Република Хрватска и на Република Словенија.

На средбата беше разговарано за последните случувања околу актуелната политичка криза во земјата и можностите за нејзино надминување.

Претседателот Иванов уште еднаш истакна дека очекува одговорно однесување од лидерите на сите политички партии, потписници на договорот, порачувајќи дека преземените обврски мора доследно да бидат реализирани и во рамки на предвидените рокови.

„Македонија е предолго време во политичка криза и сите политички партии мора да покажат максимална одговорност и доследно да ги исполнат сите обврски од договорот. Тоа е нивна обврска, и тоа е нешто кое го очекуваат граѓаните на Република Македонија", истакна на средбата претседателот Иванов.

Македонскиот претседател уште еднаш повика на разумност и на конструктивен дијалог, како единствен успешен начин за изнаоѓање решение, усогласување на ставовите и надминување на предизвиците.

Соговорниците, како претставници на земјите од групата пријатели на Република Македонија, ја изразија својата загриженост од неможноста политичките партии да постигнат согласност во однос на спроведувањето на политичкиот договор за излез од политичката криза. Се согласија дека политичкиот дијалог и стабилизирањето на политичката клима во земјата е од суштинско значење за европската и евроатлантската иднина на Македонија. Во тој контекст заеднички апелираа до политичките партии да заземат сериозен и одговорен пристап во однос на имплементирање на договорот и да се фокусираат на евроатлантскиот пат на земјата.

Потенцирајќи дека Република Македонија има вложено огромен труд, ресурси и посветеност за имплементирање на европските реформи, претседателот Иванов порача дека евентуалното назадување на патот на евроинтеграциите ќе претставува огромен неуспех за сите субјекти во државата и пред сè ќе влијае фрустрирачки и демотивирачки за македонските граѓани, кои во огромно мнозинство ја поддржуваат европската перспектива на земјата.
ambasadori_2

SVAJCARIJA
Проштална средба со амбасадорот на Швајцарската Конфедерација во Република Македонија, Н.Е. д-р Стефано Лазарото
Вторник, 27 Октомври 2015

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска на проштална средба го прими амбасадорот на Швајцарската Конфедерација во Република Македонија, Н.Е. д-р Стефано Лазарото.

На средбата, претседателот Иванов изрази благодарност за придонесот на амбасадорот Лазарото во развојот и негувањето на билатералните односи, како и во интензивирањето на целокупната соработка меѓу двете земји во сите сфери од заемен интерес.

Македонскиот претседател изрази уверување дека традиционално блиските и пријателски односи со Швајцарската Конфедерација ќе продолжат и во иднина, притоа нагласувајќи дека Македонија високо ја цени континуираната поддршка и помош од Швајцарската Конфедерација за голем број проекти од различни области.

Амбасадорот Лазарото изрази благодарност за можноста за вршење на неговата дипломатска должност во Република Македонија, истакнувајќи дека Швајцарската Конфедерација, како досега, така и во иднина ќе ги поддржува евроатлантските интеграции на Република Македонија.

5
Средба на претседателот Иванов со бизнис делегација од Државата Катар
Вторник, 27 Октомври 2015

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска ја прими бизнис делегацијата на Државата Катар, која на покана на македонскиот претседател престојува во неколкудневна посета на Република Македонија.

Целта на посетата е унапредување на економската соработка меѓу Република Македонија и Државата Катар, преку реализација на конкретни инвестициони проекти во различни области.

Претседателот Иванов истакна дека Република Македонија има одлични политички односи со Државата Катар и изрази силна поддршка за интензивирање на економската соработка меѓу двете земји.

Македонскиот претседател посочи дека постојат многу неискористени можности и потенцијали за соработка и дека во периодот кој следи неопходно е да се зајакнат контактите меѓу бизнис заедниците на двете земји, со цел реализирање на конкретни проекти.

Бизнис делегацијата од Катар изрази особен интерес за областите на земјоделието, производството на храна, енергетиката, телекомуникациите, градежништвото, инфраструктурата и недвижностите.

Во тој контекст, изминативе денови беа организирани и средби меѓу катарската делегација со институциите задолжени за привлекување на странски инвестиции, како и со домашни компании - членки на стопанските комори на Република Македонија. На средбите беа разгледани бизнис можностите за инвестирање и беа претставени поволностите што странските инвеститори ги имаат во нашата држава, оценките на релевантните меѓународни фактори за реформските процеси и економските резултати.

Посетата на катарската бизнис делегација во Република Македонија, следи откако на почетокот на годината претседателот Иванов оствари средба со Емирот на Државата Катар, Н.В. Шеик Тамим Бин Хамад Ал Тани, како и со шеикот Калифа бин Јасим Ал Тани, претседател на катарската стопанска комора.
4

cestitka23
Честитка од претседателот Иванов по повод 23 Oктомври - Ден на македонската револуционерна борба
Петок, 23 Октомври 2015

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, упати честитка по повод одбележувањето на државниот празник 23 Oктомври – Денот на македонската револуционерна борба.

Почитувани сограѓани,

Одбележувањето на 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба е празнување на идејата за самостојна и независна Република Македонија. Овој ден претставува завет на македонските револуционери, предвесник на Македонската Револуционерна Организација, симбол на непокор, патриотизам и правда.Овој ден е паметник за шестемина македонски патриоти кои се здружија со визијата за слободна Македонија, со што ја втемелија и ја осведочија желбата за независна држава која ќе ги сплоти сите под едно знаме, во една цела земја, под едно име – Република Македонија. Вечно ќе ги славиме и ќе се сеќаваме на хероите, Хаџи Николов, Поп Арсов, Груев, Татарчев, Димитров и Батанџиев.

Патот до слободата што го започнаа шестемина родољуби, го продолжија илинденците и асномците остваруваjќи го вековниот стремеж за сопствена, суверена и демократска држава. Затоа, овој светол празник нè обединува и денеска во остварувањето на нашата мисија за создавање на просперитетна и европска Македонија.

Нека ни е вечен Денот на македонската револуционерна борба!
Да живее Република Македонија!

д-р Ѓорге Иванов

erdogan1010
Писмо со сочувство до Претседателот на Р.Турција, г.Реџеп Таип Ердоган
Сабота, 10 Октомври 2015

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, упати писмо со сочувство до г. Реџеп Таип Ердоган, Претседател на Република Турција по повод терористичките напади во Анкара.

Почитуван господине Претседателе,

Со голем шок и длабока загриженост ја примив веста за терористичките напади во Анкара.

Во овие мигови на длабока тага, дозволете ми во име на граѓаните на Република Македонија, да изразам искрено сочувство и да Ве охрабрам во истрајноста и решителноста во борбата со насилството и cите злосторнички акти. Господине Претседателе, нашите мисли и молитви се со Вас и со пријателскиот турски народ.

Сакам да знаете дека силно го осудуваме ова насилство кое се случи во Анкара, во форма на серија кукавички и грозоморни терористички напади. Искрено се надевам дека додека Република Турција поминува низ овие тешки моменти, целата меѓународна заедница ќе работи заедно во борбата против злото и во насока на интензивирање на постоечката соработка против тероризмот.

Ве молам, господине Претседателе, изразите на сочувство да ги пренесете до семејствата на трагично настраданите.


д-р Ѓорге Иванов
Претседател на Република Македонија

 
Почеток < Пред 51 52 53 54 55 56 57 58 59 60 Следно > Крај
Страница 57 од 175