Соопштенија
oland
Сочувство од претседателот Иванов по повод терористичките напади во Париз
Сабота, 14 Ноември 2015

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, по повод терористичките напади во Париз, упати сочувство до Претседателот на Француската Република, г. Франсоа Оланд.

Почитуван господине Претседател,

Со шок, неверување и чувство на огорченост ги примив потресните вести за терористичките напади во Париз и длабоко жалам за изгубените животи од варварскиот чин. Ова е напад не само против граѓаните на Париз, туку и против врвните европски и општочовечки вредности и принципи.

Господине Претседателе, додека Франција минува низ овие тешки моменти, врвен приоритет за целата меѓународна заедница треба да биде соработката и солидарноста во борбата против злото, а во одбарана на споделените демократски и цивилизациски вредности. Овој злосторнички чин нема да не поколеба во одлучната борба против тероризмот. Нема да дозволиме терористите да го посеат семето на стравот, екстремизмот и хаосот во Европа. Македонските граѓани, како и секогаш во историјата, ќе застанат зад слободољубивите граѓани на Франција во борбата против непријателите на мирот, слободата и правдата.

Во овие тажни мигови за Вас и граѓаните на Француската Република, дозволете ми, во името на граѓаните на Република Македонија да упатам длабоко сочувство. Нашите мисли и молитви се со Вас и семејствата на настраданите и повредените.

д-р Ѓорге Иванов

Orav_Izveshtaj_01
Средба со амбасадорот Аиво Орав, Шеф на Делегацијата на Европската унија во Република Македонија
Вторник, 10 Ноември 2015

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов денеска го прими амбасадорот Аиво Орав, Шеф на Делегацијата на Европската унија во Република Македонија.

На средбата, амбасадорот Орав на претседателот Иванов му го врачи Извештајот за напредокот на Република Македонија за 2015 година и го информираше за клучните оценки содржани во извештајот, подготвен од Европската комисија.

Претседателот Иванов оцени дека и годинешниот извештај на Европската комисија дава објективна слика на актуелните состојби во повеќе области во Република Македонија. „Имајќи ја предвид огромната поддршка која интегративниот процес ја има од граѓаните на Република Македонија, политичкиот, меѓуетничкиот, социјалниот, и всушност целокупниот општествен консензус за интеграцијата во ЕУ, трансформативната моќ која ја има самиот процес, недвосмислено упатува на неопходноста со максимална сериозност сите општествени и политички фактори во земјата својата енергија да ја насочат кон надминување на забелешките од Извештајот. Граѓаните на Република Македонија имаат потреба реформските процеси за достигнување на стандардите и исполнување на критериумите да бидат највисок приоритет во наредниот период", рече претседателот Иванов на средбата.

Претседателот Иванов посочи на неопходноста за промена на status quo состојбата во контекст на отворањето на пристапните преговори за членство.

„Крајно време е Република Македонија да ги отпочне пристапните преговори за членство во Европската унија. Треба објективно да се согледаат последиците од предолгото чекање. Политичките кризи се повторуваат и за жал секоја следна криза е со посилен интензитет и поопсежни последици", истакна претседателот Иванов на средбата.
Orav_Izveshtaj_02Во однос на Договорот од 2 јуни и Протоколот од 15 јули, усогласени од страна на лидерите на политичките партии, претседателот Иванов смета дека договорените решенија да бидат доследно спроведени, да се надминат политичките надмудрувања и дневно политичките игри. Сите политички актери неодложно и целосно да се посветат на европската и евроатлантската агенда на Република Македонија.

„Во иднина очекувам политичкиот дијалог да се остварува во институциите на системот, со доверба во истите и со нивно целосно и безусловно почитување", порача претседателот Иванов на средбата со амбасадорот Орав.

Претседателот Иванов оцени дека Република Македонија ја очекува интензивен период на политичката сцена и повика одговорно однесување од сите политички актери.
Orav_Izveshtaj_03

sredba_akdogan
Средба со г. Јалчин Акдоган, заменик - претседател на Владата на Република Турција
Понеделник, 09 Ноември 2015

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска го прими г. Јалчин Акдоган, заменик - претседател на Владата на Република Турција.

На средбата двајцата соговорници изразија задоволство од традиционално пријателските билатерални односи меѓу двете земји, и континуираниот политичкиот дијалог на сите нивоа. Честитајќи го успехот на парламентарните избори во Република Турција, претседателот Иванов изрази уверување дека и со новата влада соработката не само што ќе продолжи, туку и ќе се интензивира во сите области од взаемен интерес.

На средбата беше поздравен нагорниот тренд што го бележи економската соработка, при што претседателот Иванов потенцираше дека и натаму постојат неискористени потенцијали од двете страни за интензивирање на економската соработка. Во тој контекст беа разгледани можностите за инвестиции во повеќе области, како што се културата, образованието и туризмот, со акцент на развојот на културно - историскиот туризам.

Претседателот Иванов и г. Акдоган, разменија мислења за актуелните случувања во двете земји, како и за состојбите со мигрантската криза во регионот и во Европа. Во однос на надворешно-политичките приоритети на Република Македонија, македонскиот претседател истакна дека нашата држава високо ја вреднува поддршката од Република Турција во однос на интеграцијата на Република Македонија во НАТО, и изрази уверување дека и во иднина Република Турција ќе продолжи да биде силен промотор на македонските евроатлантски аспирации.

Двајцата соговорници изразија задоволство од досегашната соработка во рамките на Алијансата на цивилизациите и уверување дека традицијата на почит на различностите и натаму ќе се афирмира. Воедно, претседателот Иванов упати честитки за отворањето на канцелариите на ТРТ и новинската агенција Анадолија во Република Македонија, со надеж дека истите ќе придонесат кон подобро запознавање на јавноста со тековните настани.

Македонскиот претседател искажа благодарност за поддршката од Владата на Република Турција и Турската агенција за соработка и координација – ТИКА, преку реализацијата на бројни проекти во Република Македонија. Претседателот Иванов изрази посебна благодарност за поддршката за отворање на првиот Ургентен центар на Универзитетската клиника за детски болести во Република Македонија, што се спроведе под покровителство на неговата сопруга, г-ѓа Маја Иванова. Во таа насока, беа разменети мислења околу можностите за проширување на соработката со ТИКА и во наредниот период.
sredba_akdogan_1

PRMportret
Писмена изјава на претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов
Петок, 06 Ноември 2015

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, ја поздравува искажаната волја од страна на лидерите на политичките партии и постигнатата согласност, во насока на имплементирање на Договорот од 2 јуни и Протоколот од 15 јули.

Во интерес на граѓаните на Република Македонија, претседателот Иванов повикува договорените решенија да бидат доследно спроведени, и што е можно поскоро сите политички актери целосно да се посветат на европската и евроатлантската агенда на Република Македонија, како наша врвна стратегиска цел.

Резултатот од разговорите на лидерските средби е уште еден доказ дека дијалогот е единствениот начин преку кој можат да се надминат сите предизвици и сите отворени прашања, потсетува претседателот Иванов.
Сите треба да извлечеме поука од оваа епизода и во иднина сите предизвици да ги надминуваме со политички дијалог во институциите на системот, со целосно и безусловно нивно почитување.

FINSKA_PROSTALNA_1
Проштална средба со финскиот амбасадор, Н.Е Тимо Рајакангас
Петок, 06 Ноември 2015

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска го прими на проштална средба амбасадорот на Република Финска, Н.Е Тимо Рајакангас.

На средбата беше изразено задоволство од унапредувањето на билатералните односи и пријателството меѓу Република Македонија и Република Финска. Во таа насока, претседателот Иванов изрази подготвеност за интензивирање на политичкиот дијалог меѓу двете земји, како и за проширување и зајакнување на соработката во областа на економијата, здравството, животната средина, образованието и културата.

Реафирмирајќи го членството на Република Македонија во Европската унија и НАТО како нејзини стратешки цели, изрази надеж дека Република Финска и понатаму ќе продолжи со поддршката во напорите за поместување на статус кво состојбата и деблокирање на македонските евроатлански интеграции.

На средбата беа разменети и мислења околу актуелни прашања од заеднички интерес за двете земји со посебен акцент на бегалската и мигрантската криза по мини-самитот во Брисел и имплементирањето на донесените заклучоци од истиот.

За ангажманот за унапредување и зајакнување на односите меѓу двете земји, претседателот Иванов на амбасадорот Рајакангас му изрази особена благодарност посакувајќи му понатамошен успех на личен и професионален план.

iohannis
Сочувство до Претседателот на Романија, г. Клаус Јоханис
Недела, 01 Ноември 2015
 
Почеток < Пред 51 52 53 54 55 56 57 58 59 60 Следно > Крај
Страница 56 од 175