Новости
dojran01
Претседателот Иванов присуствуваше на одбележувањето на големиот христијански празник Богојавление (Водици) во Дојран
Недела, 19 Јануари 2014

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорѓе Иванов со својата сопруга, г-ѓа Маја Иванова и членовите на дипломатскиот кор, учесници на традиционалниот дипломатскиот прием, денеска во Дојран присуствуваа на одбележувањето на големиот христијански празник Богојавление (Водици).

Најсреќен меѓу петнаесетмината што се пуштија по светиот крст беше г. Ристо Стамов од дојранското село Николиќ. Тој од претседателот Иванов доби подарок крст со македонски рубин.

„Oва ми е втор пат како го фаќам светиот крст. Првиот пат пред две години ми донесе вработување, а сега сакам да ми донесе здравје, среќа и бериќет. Со тој благослов ќе го носам светиот крст во сите христијански домови во општина Дојран", рече г. Стамов.

д-р Томас Михаел Бајер, амбасадор на Република Австрија, изјави дека е среќен што имал можност да ја посети Гевгелија и Дојран.

„Им благодарам на претседателот и на општината што ни овозможија да го проследиме ова верско празнување заедно со луѓето од регионот", рече австрискиот амбасадор Бајер.

Задоволство од престојот во Гевгелија и Дојран изрази и г. Ернесто Масимино Белели, амбасадор на Италијанската Република.

dojran02„Многу сум среќен што сум тука. Ова е убав настан. Убаво е да се види како се чува и се одржува традицијата. Се надевам дека оваа Нова година ќе биде добра за сите, за Македонија и за граѓаните на Македонија", истакна амбасадорот Белели.

Претходно, претседателот Иванов и претставниците на дипломатскиот кор во Гевгелија присуствуваа на презентацијата на инвестициските можности на општините од југоисточниот регион.

Во организација на општина Гевгелија, инвестициските можности пред претседателот Иванов и претставниците на дипломатскиот кор ги претставија градоначалниците на Гевгелија, Иван Франгов, на Богданци, Анастасија Олумчева, на Дојран, Борче Стамов и градоначалникот на Валандово, Николче Чурлиновски.

Претседателот Иванов и дипломатите во Гевгелија ја посетија и националната установа Музеј на општина Гевгелија, како и амамот, што датира од XIX век.

prezentacijage

zname5
Церемонија на свечена промена на државното знамe
Петок, 10 Јануари 2014
rucek
Државниот врв на божиќен ручек кај поглаварот на Македонската православна црква - Охридска Архиепископија
Четврток, 09 Јануари 2014
bozik1
Да сме сплотени и да си помагаме меѓу себе – претседателот Иванов на божиќна литургија во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје
Вторник, 07 Јануари 2014

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, заедно со неговата сопруга, г-ѓа Маја Иванова, денеска присуствуваа на божиќната литургија во Соборниот храм „Свети Климент Охридски" во Скопје, со која чиноначалствуваше архиепископот охридски и македонски, г.г. Стефан.

На централното одбележување на Божиќ во Соборниот храм во Скопје присуствуваа и претседателот на Собранието, г. Трајко Вељаноски и претседателот на Владата, м-р Никола Груевски.

„Сакам на сите православни христијани да им го честитам овој голем празник Рождество Христово-Божиќ и да си посакаме на сите многу здравје, радост, среќа, но и многу просперитет на секој поединец и на целата наша татковина. Овие празници се момент кога посакуваме се најубаво и оваа сплотеност што ја имаме за време на празниците да ја имаме во текот на целата година, да си помагаме меѓу себе, да бидеме солидарни. Секој кој има потреба од помош да му помогнеме и на секого да му посветиме внимание. Христос се роди, навистина се роди, за многу години", рече претседателот Иванов.

На бадниковата вечер во домот на претседателот Иванов, паричката се падна кај Господ.

bozik2

kolede1
Младите играорци од КУД „Никола Јонков-Вапцаров“ на коледе во домот на семејството Иванови
Понеделник, 06 Јануари 2014

По повод Бадник и коледарските обичаи, во пресрет на големиот христијански празник Божик, петседателот Иванов и неговото семејство - сопругата Маја и синот Иван, денеска во резиденцијата примија бадникарски коледари - подмладокот на Културно-уметничкото друштво „Никола Јонков-Вапцаров".

Со коледарската песна, пред вратата на претседателската резиденција младите играорци го најавија нивното пристигнување. На влезот ги пречекаа Претседателот Иванов, неговата сопруга Маја и синот Иван.

Откако ја слушнаа "Коледе леде", домаќините ги поканија децата во нивниот дом каде што им поделија бадникарски пакетчиња. Семејството Иванови своите гости ги почестија со сок и со посни колачиња.

kolede4Младите играорци одиграа неколку македонски ора и добија подароци. Изјавија дека се радуваат за настанот, а некои од нив будни го дочекале денот од возбуда дека ќе бидат коледари во домот на претседателот.

Иван Иванов, изјави дека и тој се радува на овој ден кој го потсетува на детството кога не пропуштал да оди на коледе.

„Денес во нашиот дом има многу радост, има многу ведри лица, коледари ни се најмалата група на КУД „Никола Јонков-Вапцаров", кои со своето присуство, со својата исконска македонска народна песна и со својата народна носија, на кои е испишан македонскиот бит, историја и фолклор, ни го разубавија домот. Цело детство бев коледар, а и сега, иако не сум детето што бев порано, повторно одам на коледе кај дедо ми. Неговата насмевка е бесцената кога ќе ги види внуците како коледари", изјави Иван Иванов, кој во оваа пригода им го честиташе Божик на сите православни христијани.

Изненадување за гостите беше запознавањето со домашниот миленик на Иванови, шарпланинецот Алек со кого се дружеа и забавуваа.

kolede3

veles1
Новогодишна посета на припадниците на АРМ во касарната „Алексо Демниевски – Бауман“ во Велес
Среда, 01 Јануари 2014

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, придружуван од Началникот на Генералштабот на Армијата на Република Македонија, генерал-потполковник Горанчо Котески, на првиот ден од новата 2014 година, ги посети припадниците на АРМ во касарната „Алексо Демниевски – Бауман" во Велес.

„Традиционално, првиот ден од новата година сум со припадниците на Армијата на Република Македонија. Оваа година тоа се припадниците на армијата во касарната во Велес. Честитајќи им ја новата година, им посакувам се најубаво во животот, им посакувам да им се исполнат сите желби што ги имаат. Воедно, честитајќи им ја новата година, од името на граѓаните на Република Македонија, им искажувам огромна благодарност за сето она што го прават за Република Македонија, обавувајќи ги професионално своите обврски. Ова е, воедно и момент, сите припадници на Армијата на Република Македонија кои се во мирновни мисии во странство да ги поздравиме и да им ја честитаме новата година. Како и секоја година и оваа година желбата ни е да ги оствариме нашите стратешки цели - Македонија да биде членка на НАТО", изјави претседателот Иванов во Велес.

Воедно, претседателот Иванов им ја честиташе новата година на сите граѓани на Република Македонија.

„Да им посакам многу здравје, многу радост, многу просперитет во сите области. Им посакувам лична среќа, едноставно да бидат среќни и годината да им помине во убаво расположение и сето она што го посакуваат да им се исполни, како на нив, така и на нивните семејства", изјави претседателот Иванов за време посетата на велешката касарна.

veles3

 
Почеток < Пред 91 92 93 94 95 96 97 98 99 100 Следно > Крај
Страница 98 од 198