Новости
nevladini
Средба на претседателот Иванов со здруженија на граѓани од областа на заштитата на животната средина
Четврток, 05 Јуни 2014

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска, по повод Светскиот ден на животната средина, прими претставници на 15 здруженија на граѓани од областа на заштитата на животната средина.

На средбата, на која присуствуваше заменик-министерот за животна средина и просторно планирање, г. Стево Темелковски, беа разменети мислења за повеќе аспекти од заштитата на животната средина.

Претседателот Иванов изрази поддршка за активностите на овие организации, потенцирајќи ја важноста од подигнувањето на свесноста за прашањата поврзани со заштитата на животната средина.

Претставниците на здруженијата на граѓани му се заблагодарија на претседателот Иванов за приемот и го информираа за тековните активности, проекти и иницијативи што ги превземаат во врска со заштитата на животната средина, климатските промени, подобрување на енергетската ефикасност, како и обезбедувањето на обновливи извори на енергија. Тие посочија на тековните проекти што ги превземаат со локалните власти, со цел заштита и унапредување на животната средина.

Соговорниците заклучија дека е потребно натамошно подигање на јавната свест и информираноста за значењето на екологијата и заштитата на животната средина, како и зајакнување на меѓународната соработка во делот на заштитата на природата.
nevladini1


dom
Средба со претставници од политичката партија „Демократска обнова на Македонија“
Понеделник, 02 Јуни 2014

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска оствари средба со претставници на политичката партија „Демократска обнова на Македонија“, предводени од нејзиниот претседател, г-а Лилјана Поповска.
 
На средбата беа разменети мислења за начините на идна координација и соработка во однос на прашањата од доменот на екологијата, заштитата на животната средина, зачувувањето на природните ресурси во Република Македонија, како и во справувањето со предизвиците од климатските промени.

Претседателот Иванов ги поздрави досегашните ангажмани на „Демократската обнова на Македонија“, како политичка партија во Република Македонија што ја застапува зелената опција, за придонесот на ова поле и изрази очекување дека и во наредниот период, тие ангажмани ќе продолжат со засилено темпо, како дел од стандардите што Република Македонија треба да ги достигне на патот кон евроатлантските интеграции. Македонскиот претседател истакна дека, како и до сега, прашањата од областа на екологијата и животната средина ќе останат високо на неговата агенда.

Соговорниците заклучија дека е потребна поголема посветеност за вклученоста на Република Македонија кон надминувањето на предизвиците во борбата со климатските промени, како на регионално, така и на планетарно ниво.

moleben
Молебен на гробот на Свети Кирил во базиликата „Свети Климент“ во Рим
Сабота, 24 Мај 2014

Македонската државна и црковна делегација, предводена од претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска се поклони на гробот на Свети Кирил во базиликата „Свети Климент" во Рим.

Со молебенот на гробот на сесловенскиот просветител чиноначалствуваше митрополитот европски г. Пимен, во придружба на отец Климент Мишањ од Пјаченца.

На чествувањето на свети Кирил во базиликата Свети Климент присуствуваа и повеќе од 300 верници од црковните општини на македонската дијаспора во Италија. Нивниот број секоја година се зголемува, со што покрај од државната делегација празникот се одбележува од целиот македонски народ во Италија

moleben1Во состав на државната делегација за молебенот на традиционалната манифестација во чест на основачите на првата словенска азбука Свети Кирил и Методиј, беа и министерката за култура Елизабета Канческа Милевска, и амбасадорите на Македонија во Рим и во Ватикан Оливер Шамбевски и Звонимир Јанкулоски.

Поклонението на гробот на свети Кирил во Рим првпат е организирано во 1969 година за 1100 години од смртта на Свети Кирил и оттогаш секоја година на 24 Мај се одбележува со највисоки почести од црковно-државна делегација.

Претедателот Иванов денеска оствари и средба со Македонското национално малцинство во Италија.

moleben2

institutfratini
Претседателот Иванов одржа предавање во Рим за комуникациските коридори во регионот и Европа
Петок, 23 Мај 2014

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов денеска одржа предавање на италијанскиот Институт за меѓународни односи во Рим, каде го истакна значењето на транспортните комуникациски коридори во регионот и во Европа од минатото до денес.

Темата на предавањето кое го одржа македонскиот претседател беше „Од Виа Игнација до Виа Европа".

Пред присутните дипломати и студенти на Институтот, македонскиот претседател, ја повтори пораката од неговите денешни разговори со италијанскиот претседател Џорџо Наполитано, за клучноста од поврзувањето на Коридорот 8 со Јадранско-јонската магистрала. Се очекува овој предлог да се најде на агендата на италијанското претседателство со ЕУ кое почнува на 1 јули.

При посетата на Институтот, со кој раководи поранешниот потпретседател на ЕК и италијански министер за надворешни работи Франко Фратини, денеска беше потпишан меморандум за соработка со Институтот при македонското Министерство за надворешни работи.

fratini1Воедно денеска беше потпишан и меморандум за соработка на правните факултети при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје и Универзитетот „Ла сапиенца" во Рим.

Претседателот Иванов во Рим ја предводи македонската делегација по повод манифестацијата „Македонија во чест на Свети Кирил", во чии рамки синоќа во Ватиканските музеи беше отворена изложба „Словенски ракописи од Македонија од 13. до 19 век".

Паралелно со 46. издание на манифестацијата се одбележува 20 годишниот јубилеј од воспоставувањето дипломатски односи помеѓу Македонија и Ватикан.

Програмата на манифестацијата продолжува вечер со изведба на балетската претстава „14 часа" во тратарот „Куирино", во продукција на МОБ. Автор на музиката е Кирил Џајковски, кореографијата и сценографското идејно решение се на Игор Киров, костимите на Александар Ношпал, а режијата и либретото на Наташа Поплавска. Во современото балетско дело настапуваат Александра Мијалкова, Наташа Јосифовска, Саша Евтимова, Билјана Басмаџиева, Ангела Велевска, Васил Чичијашвили, Игор Велановски, Јан Кисилев, Агим Бафтии и Иван Бојко.

Централниот настан во рамки на чествувањето на Свети Кирил е молебенот на гробот на Свети Кирил во базиликата „Свети Кирил" во Рим. Со службата ќе чиноначалствува митрополитот европски г. Пимен, во придружба на отец Климент Мишањ од Пјаченца.

fratini2

napolitano0
Иванов-Наполитано: Целосна поддршка од Италија за членство на Македонија во ЕУ и НАТО
Петок, 23 Мај 2014

Во рамки на посетата на Италијанската Република и Светиот Престол, претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов денеска оствари средба со Претседателот на Италијанската Република г. Џорџо Наполитано.

Република Македонија има целосна поддршка од Италија во заложбите за членство во НАТО и ЕУ, и со право истрајува на позицијата за почитување на меѓународното право. Во идното претседавање на Италија со ЕУ, проширувањето останува високо на агендата, а македонската држава може да смета на максимална поддршка и за развој на инфраструктурата и останатите области.

Двајцата претседатели разговараа за отворените прашања со кои се соочува ЕУ, блокадите на Македонија во изминатиот период и за тоа како да се најде начин да успее во заложбите да стане членка на НАТО и на ЕУ.

„Од нивна страна, како и досега, ја имаме целокупната поддршка и помош и тие ќе бидат нашиот глас за време со претседавањето со ЕУ", изјави претседателот Иванов.

Заедничка оценка на македонскиот и на италијанскиот претседател е дека политичкиот дијалог помеѓу двете држави е на највисоко ниво и е добра основа за продлабочување на соработка во сите области.

„Не случајно мојата прва билатерална посета во вториот мандат е Италија, затоа што е следниот претседавач со Европската унија, и голем пријател на Македонија. Минатата година одбележавме 20 години од воспоставувањето дипломатски односи и за овие години Италија стана нашиот петти трговски партнер на Македонија. Не поддржуваат во сите наши заложби и Италија е навистина земја пријател на Македонија. Со претседателот Наполитано разговаравме за тоа дека во претседавањето со Унијата проширувањето останува високо на агендата", истакна претседателот Иванов.

napolitano2Двајцата претседатели разговараа и за меѓународното право во контекст на пресудата на Меѓународниот суд во Хаг, при што е истакнато дека Македонија со право истрајува на општо прифатените принципи за негово почитување.

Разговаравме, посочи претседателот Иванов, особено во контекст на неговата изјава што ја даде во Варшава, кога рече дека се уште ЕУ не е Европа и оти со вклучување на Западниот Балкан конечно ЕУ ќе може да зборува во името на цела Европа

„Во тој контекст, беше споменат и нашиот случај, особено со пресудата од Меѓународниот суд во Хаг, затоа што во последно време имаме случаи кога европски лидери се повикуваат на меѓународното право, а во други случаи забораваат истото тоа да го потенцират за Македонија. Претседателот на Италија кажа дека меѓународното право мора да се почитува, односно меѓународната заедница има обврска за почитување на воспоставениот стандард на целата планета, а тоа е меѓународното право. Исто така и дека Македонија со право истрајува на она што се општо прифатени принципи што треба да ги почитува секоја земја, затоа што ние со Грција сме презеле меѓусебни обврски со привремената спогодба, таа не ја почитува, поради што беше нашиот сучај во Хаг, рече Иванов, потенцирајќи дека однесувањето кон пресудата на Меѓународниот суд во Хаг не ни дава гаранција дека Грција ќе почитува каква било идна спогодба или договор", рече претседателот Иванов.

Македонија од Италија очекува поддршка и во настојувањата за членство во Јадранско јонската иницијатива, каде италијанската држава е еден од значајните партнери. „Тоа, пред се, ни овозможува нашиот регион да се развива инфраструктурно и да имаме поврзување со останатите држави од регионот. Затоа заложбите на Италија се Коридоорт 8 да се оформи и тие ќе го поддржат тој процес затоа што тоа е и во нивен интерес", посочи претседателот Иванов.

Македонскиот претседател во Италија ја предводи македонската државна делегација во рамки на чествувањето на Свети Кирил. Четириесет и шесттата традиционална манифестација во чест на Свети Кирил, според претседателот Иванов, е исто така традиција која ги зближува Македонија и Италија на културен план. Соработката, пак, во областа на образованието, меѓу останатото, ќе се продлабочи и со меморандумите за соработка на македонски и италијански универзитети, предвидени при престојот на Италија.

napolitano1

predavanje0
Претседателот Иванов одржа предавање на Универзитетот „Федерико Втори“ во Неапол
Четврток, 22 Мај 2014

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов денеска ги претстави постигнувањата и придонесот на Република Македонија во меѓународното право на предавањето што го одржа на Универзитетот „Федерико Втори" во Неапол.

Претседателот Иванов на предавањето говореше на темата „Од Taurisius до Constantinopolis – од Corpus Iuris Civilis до меѓународно право".

Соработката со „Федерико Втори", светски позната високообразовна институција, се официјализираше со Меморандум за соработка со Универзитетот „Свети Кирил и Методиј" во Скопје, во присуство на министерот за образование и наука Спиро Ристовски и ректорот на неаполскиот Универзитет проф.д-р Масимо Марели.

Посетата на Универзитетот „Федерико Втори" и потпишаниот Меморандум, според министерот Ристовски, е од исклучително значење за натамошно интензивирање на соработката.

„Во рамки на посетата на Италија заедно со претседателот Иванов го посетивме „Федерико Втори", што е втор најстар универзитет во светот. Денешната посета беше од исклучитено значење бидејќи се потпиша меморандум за соработка со Универзитетот „Свети Кирил и Методиј" во Скопје, а претседателот Иванов имаше предавање во областа на правото и експликација за постигнувањата и придонесот на Република Македонија во рамки на меѓународното право", изјави министерот Ристовски.

predavanje1Универзитетот од Неапол „Федерико Втори" е основан во 1224 година. Студенти на оваа високообразовна институција биле свети Тома Аквински и Џордано Бруно, како и неколку италијански претседатели, меѓу кои и италијанскиот претседател Џорџо Наполитано, кој утре ќе биде соговорник на македонскиот претседател.

На овој универзитет пред 45 години е отворен и првиот лекторат по македонски јазик во светот. Покрај со „Федерико Втори", ќе се воспостави соработка и со Универзитетот „Ла Сапиенца". Протоколот за соработка меѓу правните факултети на УКИМ и „Ла Сапиенца" ќе биде потпишан утре.

„Очекуваме плодна соработка во иднина со поддршка на најеминентните универзитети во светот лоцирани во Република Италија", рече министерот Ристовски.

Претседателот Иванов во Италија ја предводи македонската делегација по повод 46. манифестација „Македонија во чест на Свети Кирил". Манифестацијата почнува вечер со отворање на изложбата „Словенски ракописи од Македонија од XIII до XIX век" во Ватиканските музеи.

Утре македонскиот претседател ќе оствари билатерална средба со неговиот италијански колега, претседателот Џорџо Наполитано, и ќе го посети Институтот на Франко Фратини, каде ќе одржи предавање на тема „Од Виа Игнација до Виа Европа".

predavanje2

 
Почеток < Пред 91 92 93 94 95 96 97 98 99 100 Следно > Крај
Страница 93 од 198