Младите играорци од КУД „Никола Јонков-Вапцаров“ на коледе во домот на семејството Иванови
Понеделник, 06 Јануари 2014   

kolede1По повод Бадник и коледарските обичаи, во пресрет на големиот христијански празник Божик, петседателот Иванов и неговото семејство - сопругата Маја и синот Иван, денеска во резиденцијата примија бадникарски коледари - подмладокот на Културно-уметничкото друштво „Никола Јонков-Вапцаров".

Со коледарската песна, пред вратата на претседателската резиденција младите играорци го најавија нивното пристигнување. На влезот ги пречекаа Претседателот Иванов, неговата сопруга Маја и синот Иван.

Откако ја слушнаа "Коледе леде", домаќините ги поканија децата во нивниот дом каде што им поделија бадникарски пакетчиња. Семејството Иванови своите гости ги почестија со сок и со посни колачиња.

kolede4Младите играорци одиграа неколку македонски ора и добија подароци. Изјавија дека се радуваат за настанот, а некои од нив будни го дочекале денот од возбуда дека ќе бидат коледари во домот на претседателот.

Иван Иванов, изјави дека и тој се радува на овој ден кој го потсетува на детството кога не пропуштал да оди на коледе.

„Денес во нашиот дом има многу радост, има многу ведри лица, коледари ни се најмалата група на КУД „Никола Јонков-Вапцаров", кои со своето присуство, со својата исконска македонска народна песна и со својата народна носија, на кои е испишан македонскиот бит, историја и фолклор, ни го разубавија домот. Цело детство бев коледар, а и сега, иако не сум детето што бев порано, повторно одам на коледе кај дедо ми. Неговата насмевка е бесцената кога ќе ги види внуците како коледари", изјави Иван Иванов, кој во оваа пригода им го честиташе Божик на сите православни христијани.

Изненадување за гостите беше запознавањето со домашниот миленик на Иванови, шарпланинецот Алек со кого се дружеа и забавуваа.

kolede3

  Back<<Назад