Церемонија на свечена промена на државното знамe
Петок, 10 Јануари 2014   

zname5Во Кабинетот на Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска се одржа церемонија на свечено менување на државното знаме.

Промената на државното знаме на Република Македонија пред Кабинетот на Претседателот на традиционален начин го изврши гардиската единица на Армијата на Република Македонија.

Церемонијалната промена на државното знаме е со цел подигање на чувството и почитта кон знамето на Република Македонија како симбол на државноста на нашата земја.

  Back<<Назад