|
Државниот врв на божиќен ручек кај поглаварот на Македонската православна црква - Охридска Архиепископија
|
|
Четврток, 09 Јануари 2014
|
|
|
Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска присуствуваше на традиционалниот божиќен ручек, кaј поглаварот на Македонската православна црква - Охридска Архиепископија, г.г Стефан го приреди за државниот врв по повод празнувањето на Св.Стефан и трет ден Божиќ.
Божиќниот ручек се одржа во резиденцијата на Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, а покрај претседателот Иванов, присутни беа и претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, и премиерот Никола Груевски. На свечениот ручек присуствуваа и дел од членовите на Светиот синод на МПЦ.
|