Соопштенија
Сочуство до српскиот претседател Тадиќ за загинатите во пожарот во Нови Сад
Понеделник, 02 Април 2012
Македонија е посветена на дигиталниот развој и унапредувањето на инвестициските потенцијали – средба со Карлос Слим
Недела, 01 Април 2012

Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов денес во Охрид оствари средба со г-дин Карлос Слим, ко-претседавач со Комисијата за широкопојасен интернет и дигитален развој и еден од најеминентните бизнисмени на глобално ниво.

Претседателот Иванов и г-динот Слим, кој допатува во Охрид на петтиот по ред состанок на Комисијата за широкопојасен интернет, изразија заемно задоволство што овој форум се одржува токму тука, воедно отворајќи ја можноста г-динот Слим да се запознае со Македонија, нејзините потенцијали и капацитети.

Претседателот Иванов истакна дека Република Македонија е стратешки посветена на развојот на информациските технологии и информатичкото општество, особено во контекст на економскиот и општествениот развој. Одржувањето на конференцијата на Комисијата во Охрид, претставува признание и потврда на тие напори.

Г-динот Слим истакна дека во текот на денот беше запознаен со актуелните економски состојби во земјата, стратешките интереси, како и со потенцијалните инвестициски проекти во неколку сектори.

Двајцата соговорници разменија мислења и за условите и поволностите за инвестирање во Македонија, и сите реформски зафати кои шест години по ред ја поставуваат земјата високо меѓу најдобрите инвестициски дестинации, рангирани во извештајот на Светска банка.

Претседателот Иванов на својот гостин Слим му посака успешна и продуктивна посета на Република Македонија.


Заложби за унапредување на билатералната соработка – средба со претседателот на Руанда, Пол Кагаме
Недела, 01 Април 2012

Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов, денес во Вила Билјана во Охрид го прими претседателот на Руанда, Пол Кагаме.

Двајцата претседатели, кои за прв пат остваруваат билатерална средба, изразија заемно задоволство што петтиот состанок на Комисијата за широко-појасен интернет и дигитален развој за прв пат се одржува вo Охрид – духовната и културна престолнина на Македонија.


Претседателот Иванов нагласи дека одржувањето на конференцијата со еминентни учесници е своевидно признание за Република Македонија која многу вложува и е силно посветена на развојот на информациските технологии и информатичкото општество, кои денес се нераскинливо поврзани со економскиот развој, но и со севкупните општествени текови.

 
Македонскиот претседател Иванов и претседателот на Руанда Кагаме се согласија дека односите меѓу двете земји, и покрај отсуствто на редовен политички дијалог, сепак се карактеризираат со висок степен на почитување и пријателство.


Претседателите разменија информации и за актуелните политички и економски состојби во двете земји, стратешките интереси и определби, како и регионалните состојби. Претседателот Иванов истакна дека Република Македонија, покрај стратешките приоритети за интеграција во Европската унија и НАТО, негува интерес и подготвеност за унапредување на соработката со земјите од Африка, следејќи го принципот за отвореност кон сите.

Претседателите Иванов и Кагаме се заложија во наредниот период да се утврдат можностите за билатерална соработка, како и за взаемна поддршка и соработка помеѓу Македонија и Руанда на мултилатерален план.



Новоименуваниот амбасадор на Малави, Исак Чиквеквере Ламба, ги предаде акредитивните писма
Петок, 30 Март 2012
Зголемен интерес за кинески инвестиции во Македонија – средба со вицепремиерот на Кина, Хуи Лиангју
Четврток, 29 Март 2012

Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов денес  оствари средба со вицепремиерот на Народна Република Кина, г-дин Хуи Лиангју.

Претседателот Иванов и Вицепремиерот Лиангју на средбата изразија задоволство од високото ниво на односите меѓу Република Македонија и Народна Република Кина, кои ги оценија како пријателски и блиски.  Двајцата соговорници се согласија дека средбите на високо политичко ниво продолжуваат да придонесуваат кон подобро запознавање на двете земји и искористување на можностите за соработка.

Претседателот Иванов го поздрави постојаното зголемување на трговската размена меѓу Македонија и Кина. Двајцата соговорници се осврнаа и на мерките потребни за натамошно зголемување на трговската размена, од која полза имаат и двете земји.

Претседателот Иванов и вицепремиерот Лиангју разговараа и за стратегиските инвестициски проекти во Република Македонија, за кои интерес изразија кинески институции и компании.

Вицепремиерот Лиангју изрази задоволство од зголемената динамика во соработката и во останатите сфери – образованието, културата и особено земјоделството, оценувајќи ја посетата како успешна, пред сè поради унапредувањето на правната рамка меѓу двете пријателски земји. Тој пренесе срдечни подрави и од претседателот на Народна Република Кина, Ху Џинтао.


Хрватска да биде лобист за интеграција на регионот - Средба со претседателот на хрватското Собрание, Шпрем
Среда, 28 Март 2012

Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов денес во својот Кабинет го прими претседателот на Собранието на Република Хрватска, Борис Шпрем.

Како што и двајцата соговорници заклучија, размената на успешни и конструктивни посети на највисоко ниво е уште еден доказ за взаемното почитување, пријателство и интензивната соработка меѓу Македонија и Хрватска. Парламентарната димензија на соработката е од исклучително значење и придонесува за натамошно продлабочување на односите.

Претседателот Иванов изрази благодарност за отворената поддршка од страна на Република Хрватска за интеграциите на Република Македонија во ЕУ и НАТО, како и за јасниот став на хрватскиот претседател Иво Јосиповиќ дека билатералните прашања не смеат да влијаат врз индивидуалниот пат на која било држава кон Европската унија.

Претседателот уште еднаш истакна дека успехот на Хрватска со приклучувањето кон Унијата е успех и поттик за целиот регион, но и дека очекувањата на Република Македонија и на останатите земји од регионот се Република Хрватска да биде еден силен лобист за забрзана интеграција во евро-атлантските структури.

Во поглед на економската соработка претседателот Иванов и претседателот на хрватското Собрание, Шпрем се согласија дека трговската размена меѓу двете земји е на задоволително ниво и бележи нагорен тренд, но дека секако постои простор за натамошно продлабочување.



 
Почеток < Пред 131 132 133 134 135 136 137 138 139 140 Следно > Крај
Страница 133 од 175