Соопштенија
shuster
Средба со г. Рудолф Шустер, поранешен претседател на Словачката Република
Вторник, 13 Септември 2016

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска го прими г. Рудолф Шустер, поранешен претседател на Словачката Република.

На средбата претседателот Иванов на поранешниот словачки претседател Шустер му упати честитки за доделениот почесен докторат на Универзитетот „Св. Климент Охридски" во Битола.

Двајцата соговорници разменија мислења за севкупните билатерални односи, констатирајќи дека двете земји градат добри односи кои се базираат на меѓусебно разбирање и пријателство, континуиран политички дијалог, партнерска соработка во голем број области и длабоки културни врски.

Македонскиот претседател изрази очекување за продолжување на позитивната динамика во соработката и натамошно интензивирање на билатералниот политички дијалог на сите нивоа.

Во контекст на аспирациите на Република Македонија за членство во Европската унија и во НАТО, претседателот Иванов изрази очекување дека Словачка, како актуелен претседавач со Советот на ЕУ, ќе даде силна поддршка за неодложен почеток на пристапните преговори.

На средбата беше изразено задоволство од позитивниот развој на економските односи меѓу двете земји и континуираниот раст во трговската размена.

Во однос на соработката во областа на културата и реализираните бројни заеднички активности, двајцата соговорници изразија очекување за нејзино натамошно продлабочување.

PRMportret2
Честитка од претседателот Иванов по повод празникот Курбан-бајрам
Понеделник, 12 Септември 2016

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, по повод верскиот празник Курбан-бајрам упати честитка до поглаварот на Исламската верска заедница реис-ул-улема ефенди Сулејман Реџепи и до сите граѓани од исламска вероисповед во Република Македонија.

Почитуван реис-ул-улема ефенди Сулејман Реџепи,

Дозволете ми, Вам лично, на членовите на Ријасетот, муфтиите, имамите и на сите граѓани од исламска вероисповед во Република Македонија, да Ви го честитам празникот Курбан бајрам.

На овој празник, верниците од исламска вероисповед принесувајќи жртва – курбан го прославуваат приближувањето на човекот кон Бога. Овој ден е присетување на Ибрахимовата подготвеност да го жртвува својот син како знак на покорност кон возвишениот. Одбележувањето на Курбан бајрам го крунисува и аџилакот кој ја симболизира љубовта кон верата, обединувањето, солидарноста и отвореноста.

Муслиманите низ светот го слават „празникот на жртвата" како ден кога благосостојбата ѝ подава рака на сиромаштијата, помагајќи и споделувајќи со фамилијата, пријателите и сиромасите, нагласувајќи ги сите човечки доблести.

Честитајќи Ви го празникот Вам и на сите верници од исламска вероисповед, Ви посакувам благосостојба и мир во Вашите домови и во домовите на Вашите блиски.

д-р Ѓорге Иванов

PRM_portret
Честитки до претседателот Иванов по повод 8 Септември - Денот на независноста
Сабота, 10 Септември 2016

По повод 8 септември, Денот на независноста на Република Македонија и 25-годишнината од создавањето на суверена и самостојна држава, голем број шефови на држави од светот испратија честитки до Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов. Ги пренесуваме пораките добиени до овој момент.

Претседателот на Соединетите Американски Држави, г. Барак Обама во името на американскиот народ упати честитка до претседателот Иванов и до граѓаните на Македонија. „За време на минатиот четврт век, Македонија исполни значајни цели на патот на евроатлантските интеграции. Соединетите Американски Држави се горди што ви беа партнери за ова време. Очекуваме продлабочување на соработката, како што вашата нација продолжува да чекори кон демократска и просперитетна иднина", пишува во честитката на американскиот претседател Обама.

Претседателот на Сојузна Република Германија, г. Јоахим Гаук во честитката до македонскиот претседател истакнува дека Македонија моментално се наоѓа пред значајни реформи, кои преку зајакнување на правната држава и демократијата треба да овозможат понатамошно приближување кон Европската унија. „За активно спроведување на овие реформи потребен е значителен ангажман како и блиска соработка на сите политички и општествени сили. Германија и понатаму ќе продолжи да ве поддржува како пријател и партнер во тоа", стои во честитката на германскиот претседател Гаук.

Честитка до претседателот Иванов упати и претседателот на Република Турција, г. Реџеп Таип Ердоган кој изразува задоволство од фактот што нивото на прекрасните односи меѓу Турција и Македонија, со честите меѓусебни посети на високо ниво уште повеќе се развиваат и стануваат разновидни. „Сакам да потенцирам дека поддршката што ја даваме за евроатлантските интеграции на Македонија, ќе продолжи и во иднина. Сплотувањето на Македонија во евроатлантските институции, која е земја каде што различните етнички и верски заедници живеат со меѓусебно почитување, цврсто сум убеден дека ќе придонесе за зачувување на мирот и благосостојбата не само во Вашата земја, туку и во земјите од Балканот", стои во писмото од претседателот Ердоган.

Честитка по повод Денот на независноста пристигна и од претседателот на Унгарија, г. Јанош Адер, во која се изразува силна поддршка за натамошно развивање на билатералните односи и соработката меѓу двете држави и народи. „Искрено се надевам дека Македонија, како што е докажано многупати низ историјата, успешно се справува со предизвиците од нашето време и успешно ќе го продолжи патот кон европската интеграција. Ве уверувам дека вашата земја и понатаму ќе може да смета на посветена поддршка на Унгарија", пишува претседателот Адер во писмото до македонскиот претседател.

Успех и просперитет на сите граѓани на Република Македонија во честитката до претседателот Иванов посака претседателот на Чешката Република, г. Милош Земан. „Цврсто верувам дека заемното разбирање и пријателство меѓу нашите земји ќе продолжи да се развива во интерес на натамошното јакење на нашата соработка од заемен интерес. Со задоволство се сеќавам на нашата средба во Охрид и на нашиот интересен, реален и инспиративен разговор", се вели во честитката од чешкиот претседател Земан.

Писмо со честитки по повод 8 Септември до претседателот Иванов упати и претседателот на Швајцарската Конфедерација, г. Јохан Н. Шнајдер-Аман. „Уверен сум дека заемната доверба и пријателство меѓу нашите две држави ќе се продлабочат и во наредната година", стои во честитката со желби за здравје и просперитет на граѓаните на Република Македонија.

Претседателот Иванов прими честитки и од кралицата на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Н.В. Елизабета ǁ, кралот на Кралството Холандија Н.В. Вилем-Александер, од кралот на Белгијците, Н.В. Филип, од кралот на Шведска, Н.В. Карл Густав, од императорот на Јапонија, Н.В Акихито како и од султанот на Оман Н.В. Кабус бин Саид со желби за среќа, благосостојба и просперитет на граѓаните на Република Македонија.

BiH_2
Средба со г. Драган Човиќ, член на Претседателството на Босна и Херцеговина
Среда, 31 Август 2016

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска во Вила Билјана во Охрид го прими г. Драган Човиќ, член на Претседателството на Босна и Херцеговина, кој престојува во работна посета на Република Македонија.

Двајцата соговорници констатираа добра билатерална соработка меѓу двете земји, без отворени прашања, и изразија заемен интерес за јакнење и продлабочување на соработката во сите сфери од заеднички интерес. Во таа насока, претседателот Иванов упати покана за официјална посета на трите члена на претседателството на БиХ, за време на која се планира бизнис форум, со цел интензивирање на економската соработка и зголемување на трговската размена.

Економската соработка, констатираа двајцата соговорници, не го следи нивото на политичките односи меѓу двете земји, ниту пак соодветствува со реалните можности и капацитети.

На средбата претседателот Иванов се заблагодари за дадената помош од Босна и Херцеговина по поплавите во скопскиот регион.

Двајцата соговорници разменија мислења за состојбите во регионот, во контекст на актуелните предизвици и неговите евроатлантски перспективи. Членот на претседателството, г. Човиќ го запозна претседателот Иванов со актуелните политичко-економски состојби во БиХ и со клучните предизвици на БиХ во наредниот период. Претседателот Иванов го реафирмираше интересот на Република Македонија за севкупно продлабочување на односите и соработката со БиХ и ја нагласи поддршката на евроатлантските интегративни процеси и подготвеноста за соработка меѓу двете земји на тој план.

Во поглед на состојбите во регионот, двајцата соговорници изразија загриженост од одредени ретроградни процеси, кои во актуелниот момент, кога Европа и регионот се соочуваат со сериозни безбедносни предизвици, можат дополнително да ги влошат состојбите и односите во регионот.

Заемен е заклучокот дека е неопходно низ дијалог и забрзана интеграција, како и со фокусираност на крупни инфраструктурни поврзувања, да се дојде до политичка, економска и безбедносна консолидација во регионот на југоисточна Европа. На средбата беше разгледана и можноста за дополнително интензивирање на соработката на регионален и на мултилатерален план.

PRMportret2
Честитка по повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица
Сабота, 27 Август 2016

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, по повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица, упати честитка до поглаварот на Македонската православна црква - Охридска архиепископија, Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан и до сите верници од православна вероисповед.

Ваше Блаженство,

Дозволете ми, Вам лично, на сите верници од православна вероисповед, на членовите на Светиот архиjерејски синод и на целото свештенство и монаштво, да Ви упатам искрени честитки по повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица.

Одбележувајќи го овој празник ги чествуваме и љубовта, мудроста и скромноста. Овој ден е потсетник за големината на Мајката на Господ Исус Христос, но и улогата на жената во семејството и во општеството.

Ликот на светицата најчесто се поврзува со страдање и тага, но она што ја велича Богородица е нејзината верба, трпение, скромност и љубов кон Бога и кон ближниот свој. Успението на Пресвета Богородица е сведоштво за победата на понизноста над горделивоста, сигурноста над стравот и себедавањето над егоизмот. Водени од овие христијански вредности и сочувствувајќи со настраданите од неодамнешните поплави, Ве повикувам да бидеме солидарни, хумани и да дадеме помош на оние на кои им е најпотребна. Празникот на Мајката Божја во земјава се прославува и како празник на спасението, грижата и довербата. Овој ден нè учи дека разделбата може да значи и соединување, а грижата за послабите и немоќните наше исправување и просветлување на умот и срцето, мотив за извршување добри дела.

Делото на Пресвета Богородица е вкоренето во нашата традиција и верување, а нејзиното успение е симбол на возвишувањето и вербата во милоста, човечноста и благодатот.

д-р Ѓорге Иванов

Normal 0 false false false EN-US X-NONE X-NONE MicrosoftInternetExplorer4

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, по повод големиот христијански празник Успение на  Пресвета Богородица, упати честитка до поглаварот на Македонската православна црква - Охридска архиепископија, Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан и до сите верници од православна вероисповед.

 

Ваше Блаженство,

 

Дозволете ми, Вам лично, на сите верници од православна вероисповед, на членовите на Светиот архиjерејски синод и на целото свештенство и монаштво, да Ви упатам искрени честитки по повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица.

 

Одбележувајќи го овој празникот ги чествуваме и љубовта, мудроста и скромноста. Овој ден е потсетник за големината на Мајката на Господ Исус Христос, но и улогата на жената во семејството и во општеството.

 

Ликот на светицата најчесто се поврзува со страдање и тага, но она што ја велича Богородица е нејзината верба, трпение, скромност и љубов кон Бога и кон ближниот свој. Успението на Пресвета Богородица е сведоштво за победата на понизноста над горделивоста, сигурноста над стравот и себедавањето над егоизмот. Водени од овие христијански вредности и сочувствувајќи со настраданите од неодамнешните поплави Ве повикувам да бидеме солидарни, хумани и да дадеме помош на оние на кои им е најпотребна. Празникот на Мајката Божја во земјава се прославува и како празник на спасението, грижата и довербата. Овој ден нè учи дека разделбата може да значи и соединување, а грижата за послабите и немоќните наше исправување и просветлување на умот и срцето, мотив за извршување добри дела.

 

Делото на Пресвета Богородица е вкоренето во нашата традиција и верување, а нејзиното успение е симбол на возвишувањето и вербата во милоста, човечноста и благодатот.

 

д-р Ѓорге Иванов

/* Style Definitions */ table.MsoNormalTable {mso-style-name:"Table Normal"; mso-tstyle-rowband-size:0; mso-tstyle-colband-size:0; mso-style-noshow:yes; mso-style-priority:99; mso-style-qformat:yes; mso-style-parent:""; mso-padding-alt:0in 5.4pt 0in 5.4pt; mso-para-margin:0in; mso-para-margin-bottom:.0001pt; mso-pagination:widow-orphan; font-size:11.0pt; font-family:"Calibri","sans-serif"; mso-ascii-font-family:Calibri; mso-ascii-theme-font:minor-latin; mso-fareast-font-family:Calibri; mso-fareast-theme-font:minor-latin; mso-hansi-font-family:Calibri; mso-hansi-theme-font:minor-latin; mso-bidi-font-family:"Times New Roman"; mso-bidi-theme-font:minor-bidi;}

PRM-PRT
Средба со г. Реџеп Таип Ердоган, претседател на Република Турција
Петок, 26 Август 2016

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, во рамки на работната посета на Република Турција, денеска во Истанбул оствари средба со претседателот на Република Турција, г. Реџеп Таип Ердоган.

Во фокусот на разговорите на двајцата претседатели беа билатералните односи и соработка, со акцент на прашања од сферата на безбедноста, мигрантската криза и економските односи.

На средбата претседателот Иванов изрази сочувство и жалење за серијата терористички напади во земјата, вклучувајќи го и денешниот, врз полициски контролен пункт во југоисточна Турција.

Турскиот претседател Ердоган изрази сочувство и жалење за поплавите од 6 август. Во тој контекст претседателот Иванов се заблагодари за помошта од Република Турција.

На средбата е договорено зајакнување на контактите и соработката на безбедносните служби во делот на превенција и размена на информации во борбата против тероризмот, како и за предизвиците поврзани со мигрантската криза. Двајцата претседатели се согласија за потребата од потесна билатерална соработка, но и соработка преку регионални и мултилатерални механизми, како и продолжување на економската соработка.

На средбата двајцата претседатели взаемно се информираа за актуелните политички и економски состојби во двете земји. Претседателот Иванов повтори дека Република Македонија ja поддржува демократски избраната влада на Република Турција.

Претседателот Иванов истакна дека го поддржува нормализирањето на состојбите во Република Турцијa и повика на почитување на демократските институции и избегнување на секаков вид на насилство и крвопролевање. Македонскиот претседател порача дека политичките цели треба да се постигнуваат единствено со дијалог и во согласност со волјата на граѓаните на избори.

Претседателот Иванов престојува во работна посета на Република Турција на покана на претседателот на Република Турција, г. Реџеп Таип Ердоган. Во рамки на посетата, претседателот Иванов присуствува на свеченото отворање на третиот мост над Босфорот „Јавуз Султан Селим". На свеченото отворање присуствуваат и бројни државни претставници, меѓу кои претседавачот со претседателството на БиХ, г. Бакир Изетбеговиќ, претседателот на Владата на Република Бугарија, г. Бојко Борисов, Кралот на Бахреин, Хамад бин Иса ал Калифа.

 
Почеток < Пред 41 42 43 44 45 46 47 48 49 50 Следно > Крај
Страница 44 од 175