Новости
arm
Претседателот Иванов ги прими генералите на АРМ и оствари видео врска со македонските мировници во мисиите „АЛТЕА“ и „ИСАФ“
Петок, 16 Август 2013

Претседателот на Република Македонија и Врховен командант на вооружените сили, д-р Ѓорге Иванов, денеска, по повод 18 Август – Денот на Армијата на Република Македонија, ги прими генералите на Армијата на Република Македонија.

На средбата присуствуваа началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-мајор Горанчо Котески, заменик-началникот на ГШ на АРМ, генерал-мајор Несер Сејдини, директорот на ГШ на АРМ, бригаден генерал Димче Петровски, командантот на здружената оперативна команда, бригаден генерал Методија Величковски, началникот на штабот на ЗОК, бригаден генерал Мухамет Рацај и командантот на Првата механизирана пешадиска бригада, бригаден генерал Стојан Димчов.

Претседателот Иванов и раководството на АРМ разменија мислења и информации околу состојбата во Армијата на Република Македонија, ангажманот на македонските мировници во мисиите „ИСАФ" и „АЛТЕА", како и за идните планови за развој, модернизација и унапредување на степенот на борбената готовност на Армијата на Република Македонија.

arm9За време на приемот, претседателот Иванов оствари видео врска со македонските припадници во мировната мисија „АЛТЕА", во Босна и Херцеговина и во мировната мисија „ИСАФ", во Авганистан.

На македонските мировници, претседателот Иванов им го честита Денот на Армијата на Република Македонија и ја поздрави нивната посветеност и професионализам во извршувањето на благородната мисија. „Република Македонија е горда на вас и на вашата храброст. Со придонесот кој го давате во градењето на светскиот мир, вие на најдобар начин ги претставувате сите реформи во македонската армија и го промовирате македонскиот пат кон евроатланските интеграции. Вашиот професионализам е за восхитување," им порача претседателот Иванов на припадниците на мировните мисии.

Македонските мировници се заблагодарија за упатените честитки и пофалби, како и за континуираната поддршка која ја добиваат од претседателот Иванов. Припадниците на мировните мисии во разговорот со македонскиот претседател, истакнаа дека и натаму храбро и достоинствено ќе ги извршуваат своите задачи, бранејќи ги заедничките вредности – мирот, слободата и демократијата.

arm5

shkola1
Започнува четвртата Школа за млади лидери на претседателот Иванов
Петок, 16 Август 2013

Вкупно 42 учесници и 30 предавачи од Македонија, Европа и светот, ќе бидат дел од Школата за млади лидери, што по иницијатива на Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, годинава по четврти пат ќе се одржи од 19 до 31 август во Охрид.

Идејата на Школата е да им се овозможи на младите, талентирани и амбициозни луѓе од Македонија да ги надградуваат и усовршуваат своите вештини, да ја развиваат својата креативност и лидерски способности.

Програмата на школата опфаќа предавања и обуки од сферите на лидерството и менаџментот од страна на еминентни предавачи и гости од врвни образовни и професионални институции, менаџмент-симулации и практични лидерски вежби. Целта на оваа школа е, пред сè, да се стимулираат позитивните вредности кај младите лидери и идни политички, културни и економски предводници на нашата земја. Школата е наменета за млади луѓе со завршено високо образование кои имаат желба да ги развиваат своите лидерски вештини и капацитети, и да придонесат за идниот позитивен развој на општеството и околината во која живеат и работат", вели Гордица Каранфиловска, координатор на проектот.

Годинава на Школата учествуваат и двајца слушатели од Институтот за меѓународно лидерство на американскиот сенатор Џон Меккејн.

На првиот ден од Школата свои предавања ќе одржат д-р Вацлав Клаус, Поранешен претседател на Чешката Република и Н.Е. Цуи Живеи, Амбасадор на Народна Република Кина во Република Македонија, а свое обраќање ќе има г. Иво Шлаус, Претседател на Светската Академија на науки и уметности.

Меѓу предавачите на четвртата Школа за млади лидери се г. Доналд Дејв Мередит, канадски сенатор, г. Тафшир М. Авал, Директор на Групацијата Мултимод од Бангладеш, г. Александре Севињи, Директор на постдипломски студии за комуникациски менаџмент на McMaster-Syracuse и McMaster University од Канада, г. Борис Поркович, Заменик претседател на Институтот за истражување на мали Европски држави од Монако, г. Доналд Стил, Директор на британската компанија Џонсон Асошиејтс и поранешен главен медиа портпарол на BBC, како и г. Драган Стефановиќ, Пензиониран офицер во Армијата на САД и професор на Магистерски студии на програма за јавна администрација во „Апалачиан", Државен универзитет во Северна Каролина. Меѓу предавачите се и истакнати поединци и успешни лидери во компании и образовни институции од Македонија, Шпанија, Нов Зеланд, Хрватска, Босна и Херцеговина, Израел и други земји.

Во изминатите три години на Школата учествуваа 115 млади луѓе и 70 предавачи, меѓу кои амбасадори, функционери од Европската Унија, директори на меѓународни институти и успешни бизнис компании, професори од реномирани светски универзитети.

Учесниците на досегашните школи се организирани во Алумни асоцијација – ИСЛАА, регистрирана како посебно здружение, доказ дека се работи за жив проект, од кој постојано произлегуваат нови идеи и иницијативи.

shkola2

zname
Церемонија на промена на државното знаме
Петок, 09 Август 2013
Претседателот Иванов присуствуваше на Ифтарска вечер во организација на Исламската верска зедница
Четврток, 01 Август 2013

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, вечерва во Скопје присуствуваше на традиционалната Ифтарска вечера во организација на Исламската верска заедница во Република Македонија.

На присутните и на сите припадници на исламската веросиповед во Република Македонија, претседателот Иванов им ги честита рамазанските пости и светиот месец Рамазан, посакувајќи им мир, љубов и разбирање и порача дека рамазанските пости го означуваат духот на вековната традиција на исламот во Република Македонија. Во нашето општество кое е многуетничко, многујазично и многурелигиско се почитуваат различностите, и таа традиција на соживот и почит треба да се негува и понатаму и со тоа да се дава пример на младите генерации, рече пред присутните претседателот Иванов.

Поглаварот на Исламската верска заедница, Реис Ул Улема Сулејман ефенди Реџепи се заблагодари за присуството на претседателот Иванов и ја поздрави воспоставената практика секоја година да присуствува на традиционалната Ифтарска вечера, оценувајќи дека ваквиот потег на Претседателот претставува почит кон исламот и кон муслиманите во Република Македонија.

iftar1
Рамазан е месец посветен на благородни дела – претседателот Иванов присуствуваше на Традиционалната Ифтарска вечер во Скопје
Недела, 28 Јули 2013

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, вечерва во Скопје присуствуваше на Традиционалната Ифтарска вечер во организиција на Демократската Партија на Турците во Македонија.

Обраќајќи се пред присутните претставници на јавниот и политичкиот живот, дипломати, бизнисмени и претставници на граѓански асоцијации и здруженија, претседателот Иванов рече дека рамазанските пости го означуваат духот на вековната традиција на исламот во Република Македонија.

„Заедничкото живеење и запознавањето меѓу луѓето и народите подразбира меѓусебно почитување. Почитување кое е возможно само ако се надминуваме едни со други во добрина. Ако се натпреваруваме во милосрдието, во помошта што им ја даваме на луѓето. Токму Рамазан е месец посветен на овие благородни дела. Месец во кој не мислиме само на себе и на нашите потреби, туку и на другите, на нашите соседи, роднини и пријатели. Во овие мигови на празнување посакувам кај сите верници од исламската вероисповед да преовладува чувството на мир, љубов и меѓусебно разбирање. Да преовладуваат вредностите кои ги зближуваат и поврзуваат, а не ги разделуваат луѓето и народите", рече претседателот Иванов во своето обраќање.

„Република Македонија посветено ја негува вековната традиција на соживот. Традиција втемелена врз искуството на нашето многуетничко, многујазично и многурелигиско општество кое со векови овозможувало мирна коегзистенција меѓу религиите. Традиција што создаде цврсти пријателства меѓу луѓе од различни религии. Традиција која претставува наша голема придобивка со која се гордееме. Придобивка која покажува дека живееме според европските принципи и дека местото на нашата земја ѝ е во рамките на европското семејство на нации и држави. Уште еднаш вам, присутните, и на сите верници од исламска вероисповед во Република Македонија, ви ги честитам рамазанските пости", рече претседателот Иванов во своето обраќање на вечерата.

iftar2

zemjotres1
Претседателот Иванов присуствуваше на одбележувањето на 50-годишнината од скопскиот земјотрес
Петок, 26 Јули 2013
 
Почеток < Пред 101 102 103 104 105 106 107 108 109 110 Следно > Крај
Страница 109 од 198