Новости
krivolak
„Ова е уште една потврда дека местото на АРМ е во НАТО“ – претседателот Иванов присуствуваше на вежбата „Македонски блесок 9“ на Криволак
Четврток, 17 Октомври 2013

Со оваа воена вежба АРМ уште еднаш покажа дека е подготвена да се спротивстави на сите можни закани, да ги извршува најкомплексните борбени дејствија и како и досега да ги задоволи сите НАТО-стандарди, оцени претседателот на Република Македонија и врховен командант на вооружените сили, д-р Ѓорге Иванов, по денешното изведување на вежбата „Македонски блесок 9" на АП „Криволак" и ЦО „Пепелиште".

Со овие вежби, нагласи претседателот Иванов, се одржува и кондицијата на припадниците на АРМ.

„Ова е уште една потврда дека местото на АРМ е во НАТО и оти не е прашање дали, туку моментот кога Армијата ќе биде дел од Алијансата", изјави претседателот на Република Македонија и врховниот командант на вооружените сили. „Со оваа вежба се покажа дека припадниците на АРМ се подготвени да се спротивстават на сите можни закани, дека можат да извршат најкомплексни и офанзивни борбени дејствија, кои се во согласност со сите НАТО стандарди. Се надевам дека овие вежби кои денеска ги изведоа припадниците на АРМ, ќе ги добијат највисоките оценки", рече претседателот Иванов.

krivolak1Началникот на ГШ на АРМ Котески оцени дека денеска е изведена најголемата и најкомплексната вежба од страна на АРМ од нејзиното формирање, во која учествуваа сите видови армиски родови.


„Се оценуваше декларираната единица која брои 1.200 припадници со логистика од 400 други припадници на АРМ", појасни Котески и истакна дека е многу горд како началник на ГШ на АРМ од она што денеска беше прикажано.

Инаку, воено-тактичко-теренската вежба „Македонски блесок 9" се одвиваше реално со боева муниција. Се очекува на НАТО-оценување ниво 1 од страна на НАТО-тим од Здружената команда во Неапол на Полската болница „Роу 2".

На денот за високи гости на Криволак покрај практичната примена на тактиките и процедурите за изведување офанзивни борбени дејства припадниците на АРМ ја демонстрираа обученоста во извршувани различни гаѓања од пешадиско и артилериско вооружување.

krivolak2

prilep1
Посета на Прилеп и Солунска глава по повод 11 Октомври
Петок, 11 Октомври 2013

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска го посети Прилеп, каде присуствуваше на одбележувањето на 11 Октомври – Денот на народното востание, при што положи свежо цвеќе на споменикот на Методија Андонов - Ченто и ја посети смотрата на вооружувањето и воената опрема со која располага Армијата на Република Македонија.

По Прилеп, претседателот Иванов отпатува на планинскиот врв Солунска глава, кадешто ги посети стационираните единици на АРМ.

„Ова беше извонредна можност да ја посетиме Солунска глава, и на војниците и старешните и на полицaјците кои се тука, да им го честитаме празникот 11 Октомври. Бидејќи е ретка можноста да се посетат вакви објекти, еве ги искористивме последните сончеви денови кои ги има Македонија во октомври, да ја посетиме оваа единица. Воедно, во Прилеп учествувавме на смотрата, каде беше презентирано сето оружје со кое располага АРМ, и каде можеа граѓаните да видат со што располага нашата армија. Токму на денот на борецот да видат кои се тие што ја продолжуваат традицијата на нашите првоборци, кои биле во антифашистичкото востание, и кои го дигнале Народното востание на 11 октомври. Така да, на овој пригоден начин го одбележуваме и празникот и им посветуваме внимание на војниците кои се продолжувачи на таа наша светла традиција", изјави претседателот Иванов за време на престојот на Солунска глава.

SG1

podgradec
Претседателот Иванов во посета на Поградец : Македонците во Албанија да бидат лојални на државата и да ги имаат сите права
Четврток, 10 Октомври 2013

Македонците во Албанија мора да го поттикнуваат секој напредок на државата во која живеат, бидејќи тоа е во интерес на евроинтеграциите, истакна претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов на денешната средба со претставници на македонската заедница во Поградец.

Според македонскиот претседател, важно е нивниот удел да биде позитивен, да бидат лојални граѓани на државата Албанија, потикнувачи на позитивните трендови и процеси.

„Со политичката организираност стануваат субјект во политичкиот живот каде можат преку институциите да ги стекнуваат сите нивни барања и потреби. Кога имате во соседни земји малцинства на државите секојпат треба да се размислува позитивно и креативно. Да не излезе дека ние Македонците од Македонија бараме права за Македонците во Албанија, туку напротив на Балканот ни е потребно, Албанците во Македонија да се изборат за правата на Македонците во Албанија и тогаш се создава таа солидарност меѓу двете заедници и взаемна помош, користење на позитивните искуства во интерес на државите во кои живеат заедниците", изјави претседателот Иванов.

podgradec1Претседателот Иванов изјави дека е неопходна и промена на свеста на припадниците на албанската заедница во Македонија, да даваат придонес за правата на Македонците во Албанија, затоа што тоа поттикнува и меѓудржавна соработка, ги зближува двете општества. Има можност и за аплицирање за многу грантови од Европската унија кои се однесуваат на регионални проекти и фондови кои ја поттикнуваат меѓуграничната соработка, од што корист ќе имаат сите на Балканот.

„На Балканот му треба големо отворање, не само инфраструктурно да се поврзува, туку и ментално, да почнат луѓето да мислат позитивно и да ги гледаат сите иницијативи во подобрување на состојбите и на државите и на припадниците на заедниците", нагласи претседателот Иванов.

Македонскиот претседател очекува набрзо резултати сите иницијативи на Македонците во Албанија да бидат во корист на државата, која треба да добие и кандидатски статус, да го почне процесот на евоинтегрирање во интерес на целиот регион.

Главен проблем на македонската заедница во Албанија, како што беше посочено на средбата со македонскиот претседател е образованието на мајчин јазик и вработувањето.

Јован Шкамби, претседател на македонското здружението „Преспа" од Поградец истакна дека ја поддржуваат Владата во Тирана за да направи чекор да бидат вработени Македонци и да ја развијат економијата.

Изјавата на албанскиот премиер Еди Рама, Петре Шкамби Спироски, ја гледа како голема надеж за Македонците во Албанија.

- Македонците мора да се помогнат, бидејќи не може да се бараат права за Албанците во странство, без да им се дадат права на малцинствата тука, подвлече Шкамби Спироски, потсетувајќи на пораката од претседателот Иванов сите барања да ги реализираат во албанската држава, со тамошните власти, бидејќи нивната иднина е во Албанија.

Со денешната средба, според претседателот на Македонската алијанса за европска интеграција Едмонд Темелко, се овозможи Македонците да ги споделат проблемите и предизивиците со шефот на македонската држава и се надева на добра политичка воља за решавање на проблемот со воведување македонски јазик во училиштата.

- Го инициравме прашањето за повторно вработување на Макдонците во албанската армија, кои со формирањето на Националната армија во 1996 година беа отпуштени, да се ресоцијализираат. Во општина Порградец иако има мнозинско македонско население нема ниту еден вработен Македонец во општинста администрација, изјави Темелко, додавајќи дека не се води грижа за македонското малцинство.

Средбата на претседателот Ѓорге Иванов со припадници на македонската заедница од Пустец, Корча и Поградец се реализира на нивна иницијатива, а е договорена при неговата последна посета на Албанија.

podgradec2

kalinka4
Здрави поколенија се и здрава држава – Претседателот Иванов со сопругата Маја на „Ден на калинката“ во Валандово
Среда, 09 Октомври 2013

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, со својата сопруга г-ѓа Маја Иванова, денеска во Валандово присуствуваа на манифестацијата „Ден на калинката ", што се организираше во рамки на кампањата „Здрава храна за детство без мана", чиј покровител е г-ѓа Иванова.

На настанот, на кој учествуваа и Николче Чурлиновски, градоначалник на Општина Валандово, ракометарот Наумче Мојсоски и поранешниот фудбалер Миле Боев, децата од валандовското основно училиште „Јосип Броз – Тито" имаа можност да берат калинки и да се запознаат со корисните својства на овој вид овошје.


„Денеска сме во Валандово, градот на калинката, и град за којшто ме врзуваат многу убави работи. Многу сум радосна што денеска кампањата „Здрава храна за детство без мана", во организација на организацијата „ОХО", ја поддржува и мојот сопруг, којшто всушност ја поддржува од самиот нејзин почеток, и еве денеска сме тука - во неговиот роден град. Овој денешен настан го организираме малку поневообичаено од претходните, на кои имавме приредби, минатиот пат ја посетивме фабриката за ориз, а еве денес сме на нива, каде што со децата имавме берба на калинки. Децата можеа да се запознаат како расте калинката, како се бере калинката, кои се нејзините хранливи состојки. Уште еднаш, од овде од Валандово, повик до сите оние којшто се вклучени во правилен развој на децата, да се подигне јавната свест на целото општество за тоа што значи здравата храна за младите поколенија, затоа што здрави поколенија се и здрава држава", изјави г-ѓа Иванова.

kalinki2„Јас сум денеска тука, во мојот роден град, да ја поддржам оваа кампања „Здрава храна за детство без мана", бидејќи пред се ни требаат здрави поколенија. Овие деца да ја знаат моќта на овошјето, на зеленчукот, и на сето она што го дава нашето поднебје. Навистина ми е мило што децата ги стекнуваат овие навики постојано да се хранат со здрава храна, да се во здрава околина, и навистина да вложуваме за млади за иднината. А ние сме тие што мораме да мислиме за иднината на младите", изјави претседателот Иванов на денешната манифестација.

Целта на кампањата „Здрава храна за детство без мана" е да се подигне свеста за консумирање на здрава храна кај децата и учениците. Кампањата се реализира трета учебна година во градинките и училиштата, како дел од програмата „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем" во соработка со Министерството за образование и наука и здружението „ОХО".

kalinki3

valandovo1
Претседателот Иванов на „Спортски бон-тон“ во Валандово
Вторник, 08 Октомври 2013

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска во својот роден град Валандово присуствуваше на спортско-културна манифестација, во рамки на проектот „Социјална и етничка интеграција преку спортот (Спортски бон-тон)". На манифестацијата учествуваа ученици од општините Валандово, Кавадарци, Росоман, Аеродром, Дебар, Центар Жупа и Теарце, кои се вклучени во проектот.

Според претседателот Иванов, децата преку проектот учат да другаруваат и да се однесуваат спортски. „Да знаат да бидат толерантни, да го почитуваат тој што победува, да му честитаат. И поразениот и победникот да бидат на исто место и да почувствуваат дека учествуваат во нешто што придонесува за јакнење на борбениот дух, бидејќи спортот е она што го челичи и телото и духот. Луѓето да можат да почувствуваат дека така треба да се однесуваат и во секојдневниот живот, да си помагаат меѓу себе, да бидат солидарни, и да ја почитуваат сета онaa различност што ја имаме како држава. Бидејќи тука доаѓаат млади луѓе од различни места од државата. Да знаат дека во Македонија има и муслимани, и христијани, и Евреи, да знаат дека има и Македонци, и Албанци, Турци, Срби, Роми, Бошњаци и Власи. Сите да го почувствуваат тој дух на младешки живот, бидејќи и ние сме биле млади и знаеме колкава ни била таа потреба да најдеме другар со кој ќе правиме тим. Како тим знаеме да победуваме и едноставно да го почувствуваат тој дух дека целиот живот е борба, дека мора да се борите. Ако не се борите, не можете ни да победите“, изјави претседателот Иванов.valandovo2Целта на проектот е промовирање на спортот како општествена активност преку која со игра, забава и дружење на децата и младите од различна етничка припадност се зацрврстуваат меѓуетничките односи во Република Македонија.

„На некој начин, за првпат, во договор со претседателот, се обидовме овде да промовираме спортски игри, коишто се подзаборавени, за кои новите генерации немаат многу познавање, едноставно да им ги покажеме на децата и со самото тоа да покажеме преку спортот дека ние можеме да ги социјализираме и да ги тргнеме од компјутерите, бидејќи денес децата по цел ден се пред компјутери, да ги извадиме на улица, да бидат заедно, да се социјализираат, да се дружат. Едноставно, тоа е пораката на Спортски бон-тон, заедно со сите авторитети, нормално со првиот авторитет во државата, претседателот Иванов, изјави Иван Анастасовски од Геостратешки институт „Глобал", носител на проектот.

„Зарем има поубаво кога децата се дружат тука. Основата е дека децата треба да се тргнат од компјутерите, подзаборавените игри повторно да ги исполнуваат. Ние родителите во сето тоа да им помагаме, а авторитетите да учествуваат и да ги збратимуваат овие градови“, изјави градоначалникот на општина Валандово, Николче Чурлиновски.

Денешниот настан е претпоследен од серијата спортско-културни манифестации во рамки на спроведувањето на проектот, кој ќе биде заокружен со настан во општината Аеродром.
valandovo3

biblioteka1
Г-ѓа Маја Иванова и синот Иван Иванов учествуваа на хуманитарната акција „Читај книга и подари здравје“
Сабота, 05 Октомври 2013

Сопругата на Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, г-ѓа Маја Иванова и синот Иван Иванов, денеска учествуваа во хуманитарната акција „Читај книга и подари здравје" во Градската библиотека „Браќа Миладиновци".

Хуманитарната акција се организира со цел опремување библиотека-игротека на Клиниката за детски болести.

Г-ѓа Иванова и синот Иван, во улога на библиотекари, зачленуваа деца во Градската библиотека „Браќа Миладиновци". Приходот од членарината е наменет Клиниката.

„Убаво е да се биде тука, во овој храм на книгата каде, во улогата на библиотекарис, со мојата мајка покажавме дека неизмерно ја поддржуваме хуманитарната и благородна акција. Младите денес се помалку читаат книги, но тоа е затоа што живееме во ера на интернет, на технолошки напредок. Мојот татко често знае да каже - ова се аудио-визуелни генерации", изјави Иван, синот на претседателот Иванов.

Вљубеник е, рече, во добрата книга и сака многу да чита.

„Би упатил апел до сите млади, пособено до моите врсници, да ги вратат своето чувство и љубов кон книгата, да останат љубопитни и гладни за многу знаења бидејќи сите пораки и тајни што ни се потребни се скриени длабоко во некоја книга", изјави Иван, синот на претседателот Иванов.

biblioteka2

 
Почеток < Пред 101 102 103 104 105 106 107 108 109 110 Следно > Крај
Страница 104 од 198