Новости
912
Средба на претседателот Иванов со учесниците на Школата за млади лидери
Понеделник, 25 Август 2014

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, вчера вечер во Охрид ги прими учесниците на петтата по ред Школата за млади лидери, што по негова иницијатива, се одржува од 19 до 28 август во Охрид.

Посакувајќи им добредојде во Вилата Билјана, претседателот Иванов пред младите лидери ја истакна потребата нашето општество да образува лидери во секоја област, што ќе нудат решанија за предизвиците на новото време.

„Потребни ни се лидери во сите области, не само во политиката. Новото време носи нови предизвици. Во овој свет што брзо се менува, потребни ни се млади луѓе кои ќе понудат решенија за тие предизвици", рече претседателот Иванов на приемот во Вилата Билјана во Охрид.

Пред претседателот Иванов, младите лидери претставија предлог-проекти со решенија за предизвиците со коишто се соочуваат општините Охрид, Вевчани и Ресен, а кои на младите лидери им беа претставени во саботата, на средбите со претставници на овие три локални самоуправи.

На петтата по ред Школа за млади лидери учествуваат вкупно 40 млади луѓе, со различен образовен и професионален фокус. Учесниците на школата имаат можност да слушнат предавања на 20 реномирани предавачи од Македонија, Европа, САД, Канада и Кина.

lideri_ohrid01
Учесниците на Школата за млади лидери во посета на општините Охрид, Вевчани и Ресен
Сабота, 23 Август 2014

Учесниците на петтата по ред Школа за млади лидери, што по иницијатива на Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, се одржува во Охрид, денеска, поделени во три групи, ги посетија општините Охрид, Вевчани и Ресен.

Пред младите лидери беше претставена работата на општините, предизвиците со коишто овие три локални самоуправи се соочуваат во својата работа, предностите и недостатоците, но и потенцијалот со којшто располагаат.

По одржаните презентации, младите лидери, со своите ментори ќе предложат одржливи решенија за претставените проблеми, а предлог-проектите ќе им бидат доставени до градоначалниците на овие три општини,

„Целта на една ваква практична работа е сите наши потенцијални млади лидери, кои што се дел од петтата по ред Школа за млади лидери, да се стекнат со практични вештини, кои што подоцна, во својот професионален живот, ќе можат да ги применат. Ние знаеме дека населението во општините се соочува со секојдневни проблеми, меѓутоа тие секојдневни проблеми треба да ги решаваме. Затоа уште денес треба да ги подготвуваме младите лидери, да инвестираме во нив, за да утре, кога ќе дојдат на едни такви позиции во своите места на живеење, да можат полесно да се снаоѓаат", изјави д-р Гордица Каранфиловска, координатор на Школата за млади лидери, при посетата на општина Охрид.

„За нас како општина Охрид ова е средба е значајна затоа што можевме да размениме искуства со млади луѓе, луѓе коишто допрва ќе имаат обврска да го водат ова општество. Се надевам дека заедничката размена на искуства ќе биде одлична можност и за нас и за нив да видат како во пракса функионира една локална самоуправа, со сите предности и недостатоци, проблеми и предизвици со коишто ние се соочуваме", изјави м-р Димитар Спасески, Сектерат на општина Охрид.

lideri_ohrid01_1За дел од учесниците на Школата за млади лидери, ваквиот тип на посети на општините дава можност за стекнување на практично знаење, што ќе можат да го применат во својот професионален живот.

„Оној аспект што особено ми се допаѓа е што досега на школата имавме тренинзи од извонредни предавачи, меѓутоа овој дел што можеме практично да одиме и да видиме со кои работи се соочуваат луѓето на локално ниво за мене е од клучно значење. Ја поддржувам оваа активност и сакам да видам како и јас можам да имам бенефит, меѓутоа и да дадам на пошироката заедница", изјави Олимпија Христова - Заевска, учесник на Школата за млади лидери

„За мене оваа Школа е од огромно значење, особено од мотивирачки аспект. Ја поздравувам оваа одлична идеја на претседателот Иванов и се заблагодарувам за можноста да бидеме дел од неа. Посетата на општина Охрид, навистина е сосема поинакво искуство. Тука можеме на лице место да видиме кои се проблемите на општината, граѓаните со кои проблеми се соочуваат, да понудиме некои одговори и решенија за тие проблеми. Знаењето што го стекнавме во изминатите неколку дена на теоретска основа, сега можеме да го применеме во пракса, значи да се докажеме на реално поле и да покажеме колку сме подготвени да бидеме лидери", изјави Стефан Ѓурасовиќ, учесник на Школата за млади лидери.

На петтата по ред школа за млади лидери, што од 19 до 28 август се одржува во Охрид, учествуваат вкупно 40 учесници и 20 предавачи од Македонија, Европa, САД, Канада и Кина.

Идејата на Школата е да им се овозможи на младите, талентирани и амбициозни луѓе од Македонија да ги надградуваат и усовршуваат своите вештини, да ја развиваат својата креативност и лидерски способности.

Програмата опфаќа предавања и обуки од сферите на лидерството и менаџментот од страна на еминентни предавачи и гости од врвни образовни и професионални институции, менаџмент-симулации и практични лидерски вежби.

Во изминатите четири години на Школата учествуваа 150 млади луѓе и над 100 предавачи, меѓу кои амбасадори, функционери од Европската Унија, директори на меѓународни институти и успешни бизнис компании, професори од реномирани светски универзитети.

lideri_ohrid02

5
Мост на различностите од сите меридијани – претседателот Иванов го прими годинешниот лауреат на Струшките вечери на поезијата
Петок, 22 Август 2014

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска во „Вила Билјана" во Охрид, ги прими годинешниот лауреат, јужнокорејскиот поет Ко Ун, кој што се закити со наградата „Златен венец" и организаторите на 53-то издание на Струшките вечери на поезијата.

Македонскиот претседател, на годинешниот лауреат г.Ко Ун, му ја честиташе наградата „Златен венец", една од најпрестижните светски награди, која што воедно е и најголемо признание за целокупната поетска дејност.

„Пишаниот збор е стожер на различните идентитети кои што го градат големиот мозаик на културни вредности од минатото сегашноста и иднината. Струшките вечери на поезијата ја отсликуваат вековната културна традиција на овој град и на Република Македонија, мост што ги поврзува јазиците културите и историјата од сите меридијани. Оваа светска поетска манифестација нуди нови можности за културна, но и политичко-економска соработка меѓу државите", рече претседателот Иванов.

Годинешниот лауреат г.Ко Ун му се заблагодари на македонскиот претседател за укажаната чест, споделувајќи ги импресиите од досегашниот престој во земјава, како инспирација за натамошно интензивирање на комуникацијата меѓу Република Македонија и Јужна Кореја во сите сфери од заеднички интерес.

„Импресиониран сум од многу нешта во Македонија, од убавините на Струга, Охрид и Охридското езеро, од успехот на Струшките вечери на поезијата. Она што особено ме воодшевува е македонската култура, моделот на соживот и вредноста на почитта кон различностите, која македонскиот народ ја негува како низ вековите така и денес. Тоа е за почит", истакна јужнокорејскиот поет г. Ко Ун.

Македонскиот претседател ги поздрави учесниците и организаторите на Струшките вечери на поезијата изразувајќи очекување дека успешната реализација на оваа врвна меѓународна културна манифестација ќе продолжи и во иднина, затоа што е од особено значење за презентацијата на македонското и светското поетско творештво, како и за збогатувањето на нашата култура и афирмацијата на Република Македонија во светот.

Годинешново 53-то издание на „Струшки вечери на поезијата" се одржува од 21 до 26 август и ќе учествуваат околу 120 поети, меѓу нив педесетина од странство, од 34 различни земји. Новина која што од годинава редовно ќе биде застапена е поетскиот портрет на тројца значајни македонски автори. Годинава тоа се Богомил Ѓузел, Радован Павловски и Влада Урошевиќ. Заедно со УНЕСКО ќе се додели наградата „Мостови на Струга", а едно од најзначајните изданија годинава ќе биде антологијата на словачката поезија.
1

PRM-Stefanovski1
Претседателот Иванов го прими европскиот шампион Игор Стефановски - историски успех во македонскиот автомобилизам
Четврток, 21 Август 2014

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска гo прими македонскиот автомобилист, Игор Стефановски – Иџе, по повод освојувањето на титулата европски шампион на ридски патеки во класата H, со што ги исполни и критериумите за добивање на признанието спортист од светска категорија.

Претседателот Иванов им честита на Стефановски и на членовите од неговиот тим за освоената титула, потенцирајќи ја важноста на тимската работа како основен предуслов за големите успеси. - Со врвните резултати кои што во континуитет ве следат, ја претставувате Република Македонија во вистинското светло. Вие сте позитивен пример и мотив за голем број млади луѓе кои што од вас ќе учат за спортските вредности. Ваков подвиг во која било област, заслужува големо внимание и почит. Ви посакувам уште многу вакви достигнувања кои што истовремено придонесуваат и за меѓународната афирмација на Република Македонија, рече на средбата претседателот Иванов.

Игор Стефановски – Иџе, му се заблагодари на претседателот Иванов за укажаната чест, притоа споделувајќи ги импресиите од освоената титула како и предизвиците со кои што се соочил на тркачките патеки. - Мислам дека е гордост за сите спортисти, а воедно и наша одговорност да ја претставиме Македонија на едно добро ниво секаде каде што настапуваме. Ова е огромна сатисфакција за нас, но верувам дека со ваквиот добар пласман ја израдувавме и целата македонската јавност, истакна нашиот најдобар автомобилист.

Игор Стефановски - Иџе и неговиот механичарски тим постигнаа историски успех во македонскиот автомобилизам. Станува збор за најпознат и најспектакуларен шампионат за ридско брзински натпревари во Европа и во светот, под покровителство на Меѓународната федерација за автомобилизам (ФИА). На шампионатот учествуваат најквалитетните автомобилисти од Европа и професионални фабрички тимови.
PRM-Stefanovski3

ch_1
Средба со претставници на кинеската телекомуникациска компанија ЗТЕ
Вторник, 19 Август 2014

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска во Охрид се сретна со г. Ксиао Минг, потпретседател на кинеската телекомуникациска компанија ЗТЕ, задолжен за Европа, кој денеска одржа предавање на Школата за млади лидери, што по иницијатива на претседателот Иванов, се одржува во Охрид. На средбата присуствуваше и амбасадорот на Народна Република Кина, Н.Е. г. Вен Џеншун.

Претседателот Иванов беше информиран за успесите на компанијата на глобален план, како и за нивните бизнис активности и планови во Република Македонија.

Претседателот Иванов упати честитки за резултатите на компанијата на глобален план и изрази благодарност за поддршката за Школата за млади лидери, нагласувајќи дека Република Македонија и Народна Република Кина бележат историски највисоко ниво во меѓусебните односи и треба да ги искористат сите можности и потенцијали за натамошно јакнење на економските врски, како и соработката во областа на науката, образованието и културата.

Потпретседателот на ЗТЕ, г. Минг, истакна дека е импресиониран од самата идеја за основање на школа за млади лидери, упатувајќи честитки за организацијата на највисоко ниво како и за квалитетните предавачи и учесници. Искажа подготвеност компанијата да ја продолжи соработката и поддршката на школата и во наредните години.

Компанијата ЗТЕ, основана во 1985 година во Народна Република Кина, е телекомуникациска компанија, присутна во 160 земји од светот.

lidericover
Потребни ни се лидери за предизвиците на новото време – отворена петтата Школа за млади лидери на претседателот Иванов
Вторник, 19 Август 2014


lideriweb01Живееме во свет, кој е многу повеќе поврзан и зависен од кога било во историјата на човештвото и чуствува глобални предизвици. За животот во таков век потребни се и лидери, кои ќе знаат да излезат во пресрет на сите предизвици што ги носи новото време, рече Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов на отворањето на петтата Школа за млади лидери, што од денеска до 28 август се одржува во Охрид.

Целта на Школата, како што подвлече претседателот Иванов, е да создаде луѓе кои ќе растат во височина, кои ќе достигнуваат највисоки критериуми и ќе бидат најдобри во својата област.

„Не ни требаат само луѓе во политиката, туку ни требаат луѓе кои знаат да водат и во бизнисот, образованието, спортот, културата и во секоја свера од секојдневниот живот. Ни требаат млади луѓе кои ќе имаат самодоверба, ќе знаат да носат одлуки. Да знаат кога, каде и со кој се носат одлуки. Малите земји се ограничени територијално, но не се ограничени да се воздигнуваат", нагласи претседателот Иванов.

Главна тема на годинешната школа, како што посочи претседателот Иванов, е процесот на носење одлуки, односно како да се донесе вистинска одлука, затоа што ќе не препознаваат по одлуките што ќе ги носиме и по нив ќе не разликуваат од другите.

„Одлуки носиме секојдневно во нашиот живот, но убедливо, во тоа да се донесе вистинска одлука е она што ни го менува нашиот живот и животот на другите. Македонија да биде место на успешни луѓе, луѓе кои растат во височина со највисоки стандарди, критериуми и принципи", рече претседателот Иванов, порачувајќи им на младите лидери да гледаат напред во иднината.

Поранешниот српски претседател и предавач на Школата, Борис Тадиќ, забележа дека ни се потребни лидери, кои ќе преземат одговорност и ќе ги водат своите општества и земји во правата насока. Европа, додаде тој, се соочува со вистински предизвици, а Балканот е дел од стариот континент, кој е најфрагментиран и традиционално многу тежок регион, што дури и денеска се соочуваме со многу предизвици.

lideriweb02„Што е со европската перспектива за нашиот регион, што е со замореноста од проширувањето, што е со Европа и лидерството во Европа. Денес мора да си го поставиме прашањето, како можеме да си ги решиме нашите проблеми. Проблемите во Македонија, Србија, Албанија, односно во земјите кои уште не се членки на Европската унија. Без силно лидерство, посветеност, визија, енергија и без трпение не би можеле да решаваме таков вид проблеми и не би можеле да бидеме успешни во изнаоѓањето на решенијата за предизвиците со кои се соочуваме. Не можеме да го постигнеме тоа самостојно, бидејќи сме меѓусебно поврзани со други земји и други култури", рече поранешниот српски претседател Тадиќ.

Сенаторот во Парламентот на Канада, Доналд Дејв Мередит му се заблагодари на претседателот Иванов за организацијата и можноста што им ја дава на младите за подобрување на менаџерските и лидерски компетенции.

„Тие ќе бидат лидерите на иднината. Претседателе би ви се заблагодарил за вашата визија и желба да оставите трајно наследство, да ги одгледувате и градите младите лидери за идните генерации", рече Мередит, кој втор пат учествува на Школата за млади лидери.

Мери Џо Џејкоби, асистент на поранешниот американски претседател Роналд Реган, на младите лидери им укажа дека денеска е многу полесно од времето кога таа била млада, бидејќи, според неа, сега го имаме интернетот, масовните комуникации, мобилните телефони.

„Имате многу повеќе опции, многу повеќе начини да изнајдете потреби, да ги исполните тие потреби и да придонесете не само за македонското општество и македонскиот успех, туку и за успехот на светот", изјави Џејкоби.

Поранешниот приватен секретар на принцезата Дијана, Патрик Џефсон, посочи дека неговиот живот бил исполнет со многу патувања низ светот и работел за многу видни личности. Изрази надеж дека некои од лекциите што ги научил изминатите години ќе има можност да им ги пренесе денес на младите лидери од утрешнината.

На годинашната Школа за млади лидери, што петта година се организира на иницијатива на претседателот Иванов има 40 учесници и 20 предавачи од Македонија, Европа, САД, Канада и Кина. Во изминатите четири години на Школата за млади лидери учествуваа над 150 млади луѓе.

lideriweb03

 
Почеток < Пред 81 82 83 84 85 86 87 88 89 90 Следно > Крај
Страница 88 од 198