Новости
konferencija_rotator
Дводневна Конференција за млади лидери „Предизвици и можности за балканското лидерство денес“
Сабота, 29 Ноември 2014

konf01Живееме во свет во којшто сосема поинаку функционираат и политиката, и економијата, и безбедноста и комуникациите. Во тој свет потребни се лидери кои ќе знаат да носат одлуки, рече Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, на отворањето на дводневната Конференција за млади лидери „Предизвици и можности за балканското лидерство денес" во Охрид.

Според претседателот Иванов, радува фактот што се повеќе луѓе се приклонуваат на школите на мислења кои на се даваат планетарно значење, пред се на климатските промени, економијата, политиката и безбедноста.

„Да бидете креативни и да создавате иновативни идеи. Да не подлегнувате на доминантните школи, кои од вас ќе создадат само потрошувачи, потрошувачи на идеи, добра и на туѓи мисли", рече претседателот Иванов пред учесниците на конференцијата.

Учесници на Конференцијата за млади лидери „Предизвици и можности за балканското лидерство денес" се претставници на петте генерации на Школата за млади лидери, што по иницијатива на претседателот Иванов, се одржува на годишно ниво од 2010 година.

На отворањето на конференцијата се обрататија поранешниот Претседател на Република Бугарија, г. Георги Прванов и поранешниот Претседател на Република Албанија, г. Бамир Топи.

„Мислам дека треба да има комуникација меѓу младите луѓе од двете земји, бидејќи ако вие создадете таква клима, многу полесно ќе биде кога некој од вас ќе биде претседател, премиер, градоначалник, и тогаш иднината на нашите две земји ќе изгледа многу поубаво", рече поранешниот бугарски претседател Прванов.

„Јас сум денес тука, во својство на поранешен претседател, но со еден силен, слободен глас, глас којшто верувам има влијание, и јас верувам дека со сите наши напори, на Албанија, на Македонија, на Србија и останатите земји во регионот, треба да имаме една заедничка точка, а таа заедничка точка, се разбира, е Европската Унија", рече поранешниот албански претседател Топи.

Во рамки на дводневната Конференцијата за млади лидери „Предизвици и можности за балканското лидерство денес" свои предавања ќе одржат проф. Драган Стефановиќ и г. Мухамед Мешиќ, а ќе се одржи и дебата на тема „Придонесот на ИСЛАА во лидерството на следната деценија".

Досега, на Школата за млади лидери, учествуваа околу 200 млади луѓе со различен академски и професионален фокус. Учесниците на досегашните школи се организирани во Алумни асоцијација – ИСЛАА, регистрирана како посебно здружение, каде преку организација на семинари, панел дискусии, предавања, средби со амбасадори, учество во младински настани, продолжува развојот на знаењата и вештините на досегашните учесници на школата.

konf03

Sredba_gragjani_nk
Средба со граѓани во Народната канцеларија во Скопје
Петок, 21 Ноември 2014

Претседателот Иванов, денеска во Народната канцеларија во Скопје оствари средба со граѓани, на која што се запозна со нивните ставови и мислења околу севкупните состојби во општеството, и ги слушна нивните сугестии, согледувања и визии за идниот развој на Република Македонија.

На средбата со претседателот Иванов, интересот на дел од граѓаните беше во фокусот на проекти од областа на иновациите, предизвиците во образованието, прашања поврзани со судството, зачувувањето на македонскиот идентитет. Граѓаните разговараа и за перспективите на младите и проблемите со невработеноста.

Васил Аргировски, добитник на повеќе дипломи за постигнати особени резултати во полето на иновации и технички унапредувања, побара поддршка во реализирањето на својата иновација за енергетска ефикасност, проект кој како што истакна Аргировски, би бил од огромна корист за Република Македонија.

Елизабета Николовска пак, средбата со претседателот Иванов, ја искористи за да ги сподели предизвиците со кои што се соочува нејзиниот 16 годишен син Никола, млад успешен шахист. Ја претставувал Република Македонија на европско и на светско ниво, и е најмладиот FIDE мајстор.

Ферди Исмаили и Незир Хусеини од Асоцијацијата за демократки развој на Ромите, АДРР СОНЦЕ, со претседателот Иванов споделија дел од предизвиците со кои што се соочува ромската заедница, притоа оценија дека компаративно со голем број земји, Република Македонија е лидер во заштитата на правата на ромската популација.

Димитар Џундев, дипломиран во областа генетика, се заблагодари за можноста да се сретне со претседателот Иванов и притоа ја сподели желбата за градење на својата кариера во Македонската академија на науките и уметностите.

Македонскиот претседател ги запозна граѓаните со активностите во вршењето на неговите уставни и законски надлежности, даде свои оценки и мислења за секој случај поединечно, притоа нагласи дека како и досега ќе ги користи механизмите во негова надлежност, за поуспешно надминување на сите предизвици со кои што се соочуваат граѓаните.
Sredba_gragjani_nk2

filozofija2
Одбележан Светскиот ден на филозофијата
Четврток, 20 Ноември 2014
novo_selo_1
Спортски Бон-Тон и посета на ПОУ „Св. Климент Охридски“, во општина Ново Село
Среда, 19 Ноември 2014

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска престојуваше во посета на општина Ново Село, по повод одржувањето на спортско културната манифестација „Традиционални спортски игри - Спортски Бон-Тон". Во рамки на посетата, претседателот Иванов и неговата сопруга г-ѓа Маја Иванова, во пресрет на 20 Ноември, Меѓународниот ден на детето го посетија ПОУ „Св. Климент Охридски", наменето за деца со посебни образовни потреби.

„Со кампањата Бон тон, настојуваме децата да ги осознаат оние традиционални игри кои што ги практикувале нивните родители, нивните предци, и да им овозможиме колку што е можно повеќе да комуницираат и да се дружат меѓусебе, бидејќи современиот живот носи предизвици во кои децата се сѐ повеќе затворени, не комуницираат. Преку овие традиционални игри, децата се запознаваат меѓусебе, а тоа очигледно им причинува и ним задоволство, рече претседателот Иванов.

Во пресрет на утрешниот, Меѓународен ден на детето, заедно со мојата сопруга, претставникот на УНИЦЕФ, и претставници од локалните власти, го посетивме и училиштето за деца со посебни потреби, да видиме со што сѐ се соочуваат, бидејќи знаеме дека современиот живот носи предизвици, кои што налагаат сосема поинаков приод", истакна претседателот Иванов, додавајќи дека имале можност да ги слушнат заклучоците и констатациите на педагозите и дефектолозите. Заклучоци, кои, како што изјави македонскиот претседател, ќе бидат доставени до надлежните институции, за да се посвети поголемо внимание на овие деца.

Координаторот на проектот Спортски Бон-Тон, Иван Анастасовски, изјави дека се направени одредени истражувања, со цел да се интегрираат децата со посебни потреби, заедно со децата кои што се веќе вклучени во проектот Спортски Бон-Тон. - Ова ќе овозможи да можеме да понудиме адаптибилна програма за физичко образование на лицата со посебни потреби, програма која што потоа би се вклучила во регуларното основно образование во Република Македонија", рече Иван Анастасовски.

Градоначалникот на Ново Село, Блажо Велков, изрази задоволство што денеска неговата општина беше домаќин на спортско културната манифестација, заблагодарувајќи се за присуството на претседателот Иванов, г-ѓа Маја Иванова и на претставниците од УНИЦЕФ, кои што денеска, во пресрет на 20 Ноември, Меѓународниот ден на детето, одблиску се запознаа со предизвиците на учениците од основното училиште „Св. Климент Охридски".
novo_selo_2

NMN2013
По петти пат избор на „Најдобар млад научник“ – поттик за младата научна и истражувачка мисла од претседателот Иванов
Недела, 16 Ноември 2014

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, на почетокот на следната година по петти пат ќе го додели признанието „Најдобар млад научник".

Јавниот повик за избор на „Најдобар млад научник" за 2014 година е отворен до 31 декември за сите млади луѓе до 30 години, кои во досегашната научна работа имаат постигнато научни резултати што придонесуваат за позитивен развој на општеството и околината во која живеат и работат.

Услов за конкурирање на заинтересираните е да имаат добиена меѓународна награда, меѓународно или домашно признание за научно-истражувачка дејност, резултатите од научното истражување да биле објавени во релевантно домашно или меѓународно списание и да имаат своја применетост.

Проектот „Најдобар млад научник", инициран од страна на претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, има за цел да го поттикне развојот и да ги стимулира вложувањата во науката, да ги поддржи научните установи и младиот научен кадар, но и да ги награди врвните научни достигнувања.

„Изборорот на најдобар млад научник на годишно ниво од страна на Претседателот на Република Македонија претставува поттик на младата научна и истражувачка мисла во Република Македонија. Веќе петта година по ред имаме валозирација на заложбата на претседателот Иванов за поддршка на науката, научните установи и младиот научен кадар", вели проф. д-р Атанас Кочов, претседател на Комисијата за признанието „Најдобар млад научник".

Она што особено ме рaдува, вели проф. Кочов, е фактот што почнувајќи од 2010 година, кога првпат се додели признанието, бројот на апликанти од година во година се зголемува.

„Тоа јасно покажува дека во Република Македонија постои потенцијал на млад научноистражувачки кадар, кој е посветен на научната мисла и дејност. Македонија располага со кадар кој е спремен да одговори на предизвиците на науката и современите технолошки процеси во светот. Научните успеси на младите и нивната имплементација во секојдневните процеси, се сигурен придонес за севкупниот општествено-економски развој на нашата Македонија. Токму затоа, ги охрабрувам младите истражувачи да ја достават потребната документација на јавниот повик, со цел нивниот успех да биде препознаен и награден со престижно признание од Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов", вели проф. Кочов.

Признанието „Најдобар млад научник" беше прв пат доделено од страна на претседателот Иванов во 2010 година, на м-р Никола Златанов, докторант на Универзитетот на Британска Колумбија, Канада.

Во 2011 година признанието му беше доделено на д-р Трифче Сандев, кој своето високо образование го има стекнато на Институтот за физика, на Природно-математичкиот Факултет – Скопје, каде и ја одбрани неговата докторска теза.

Во 2012 година признанието „Најдобар млад научник" беше доделено на д-р Катерина Бачева, која своето високо образование го има стекнато на Институтот за хемија при Природно-математичкиот факултет.

Во 2013 година признанието го доби м-р Петар Стојанов, биоинформатичар кој во Броуд Институт, Бостон, САД се занимава со биоинформатичка анализа на генетските промени кај малигните заболувања.

Апликацијата за учество на јавниот повик треба да содржи биографија, реализирани проекти во 2014 година со кои се конкурира и доказ за државјанство на Република Македонија.

Заинтересираните своите документите треба да ги достават до Кабинетот на Претседателот на Република Македонија најдоцна до 31.12.2014 година.

NMNoglas2014

zname1
Свечено менување на државното знаме во Кабинетот на Претседателот на Република Македонија
Петок, 14 Ноември 2014
 
Почеток < Пред 81 82 83 84 85 86 87 88 89 90 Следно > Крај
Страница 82 од 198