Новости
sertifikati01
Претседателот Иванов до младите лидери: Бидете позитивен пример што ќе го следат другите
Среда, 03 Септември 2014

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, ги додели сертификатите на учесниците на петтата по ред Школа за млади лидери, што по негова иницијатива се одржа од 19 до 28 август во Охрид.

Честитајќи им го завршувањето на интензивната обука од сферата на лидерството и менаџментот, претседателот Иванов на учесниците на петтата Школата за млади лидери им посака успех на професионален план.

„Севкупниот наш успех, на државата, на институциите, на градовите, на селата, зависи од успешните поединци и каде и да сте секој пат имајте на ум дека треба да бидете успешни и да претставувате позитивен пример кој што ќе го следат и другите. Затоа ви посакувам само убави нешта, да се радувате на секој успех и да не бидете себични и да ја споделувате радоста. Колку повеќе радоста се шири толку е поголема. Научете да се радувате и на туѓиот успех, ако на другиот му се радувате и вам ќе ви се насмевнат и среќата и судбината", рече претседателот Иванов.

„На секое ниво, ни е потребна солидарност, сплотеност и обединување за она што е заеднички интерес - државата Македонија. Да си ја чуваме државата, да си ја негуваме и сите да даваме свој влог во неа", рече претседателот Иванов пред младите лидери.

Преку видео-врска, на присутните им се обрати канадскиот сенатор Доналд Мередит, кој две години по ред беше предавач на Школата за млади лидери.

„Би сакал да му честитам на претседателот Иванов за визијата да ја одржува оваа школа во последните пет години. Претседателе Иванов, вие сте лидер што трансформира. Ви честитам за воспоставувањето на школата, за поттикнувањето и охрабрувањето на овие млади луѓе", рече сенаторот Мередит.

sertifikati02На годинешната Школа учествуваа вкупно 38 учесници, како и 21 предавач од Македонија, Европa, САД, Канада и Кина.

Идејата на Школата е да им се овозможи на младите, талентирани и амбициозни луѓе од Македонија да ги надградуваат и усовршуваат своите вештини, да ја развиваат својата креативност и лидерски способности.

Првата Школа за млади лидери, по иницијатива на претседателот Иванов, беше организирана во 2010 година.

Меѓу предавачите на годинешната Школа за млади лидери беа и поранешниот српски претседател, Борис Тадиќ, потпретседателот на кинескиот телекомуникациски гигант ZTE, Ксиао Минг, основачот на Пи Ворлд, Коста Петров, директорот на компанијата за јавни комуникации Расел од САД, Џејсон Мико, поранешниот приватен секретар на принцезата Дијана, Патрик Џефсон, асистентот на поранешниот американски претседател Роналд Реган, Мери Џо Џејкоби, директорот на Мултимод групацијата, Тафшир Авал, правникот Мухамед Мешиќ од БиХ, познат по своето познавање на над 70 светски јазици.

За време на петтата Школа за млади лидери, учесниците ги посетија општините Охрид, Вевчани и Ресен, каде од претставници на локалните самоуправи им беа преставени предизвиците со кои се соочуваат овие три општини. Младите лидери, во форма на предлог-проекти, понудија решенија за нивно надминување.

Исто така, учесниците на Школата го посетија и Геријатриското одделение при охридската Општа болница, каде донираа храна и средства за лична хигиена за старите лица сместени во оваа установа.

Вкупно, во изминатите пет години на Школата учествуваа околу 190 млади луѓе и над 120 предавачи, меѓу кои амбасадори, функционери од Европската Унија, директори на меѓународни институти и успешни бизнис компании, професори од реномирани светски универзитети.

sertifikati03

2_alpinizam
Секој врв е тест на посветеноста – Претседателот Иванов го прими македонскиот алпинист Здравко Дејановиќ
Вторник, 02 Септември 2014

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска гo прими македонскиот алпинист Здравко Дејановиќ, по повод неодамнешното освојување на врвот К2, на Хималаите. Претседателот Иванов му честиташе на Здравко Дејановиќ кој е првиот алпинист од Република Македонија што го освојува К-2, еден од најопасните планински врвови во светот.

„Секој ваков успех е за почит и претставува мотив за нови достигнувања. Вие најдобро знаете дека освојувањето на секој врв е огромен предизвик кој може да се совлада само со верба во себе, посветеност и со пожртвуваност. Среќен сум што нашата земја има безброј вакви позитивни примиери, затоа што спортските успеси се тие со кои сите млади луѓе се идентификуваат", рече претседателот Иванов, додавајќи дека и во иднина ќе продолжи безрезервно да ги поддржува ваквите успеси.

Дејановиќ се заблагодари за укажаната чест и внимание од македонскиот претседател, и ги сподели впечатоците и искуствата од искачувањето на Хималаите, како една од најсуровите планини во светот, и од врвот К2, кој досега го искачиле само 300 планинари во светот. Нашиот алпинист истакна и дека Република Македонија нуди прекрасни предели за развој на планинарството и алпинизмот и дека тоа треба максимално да се искористи.

„Важно е човек да си ги знае своите лимити и во согласност со нив да си ги поставува целите. Почнав со малите планини, чекор по чекор, скалило по скалило дојдов до највисоките врвови. Со последното достигнување навистина се чувствувам исполнето, и за следната година планирам нови подвизи", изјави алпинистот, Дејановиќ.

Здравко Дејановиќ во 2010-та го освоил Монт Еверест, а мината година се обидел да го совлада и К2, но времеските услови не го дозволиле тоа. Годинашното достигнување беше дел од меѓународната експедиција сочинета од Иранецот Реза Шахале и Шерпасот Мингма Гајле.
5_alpinizam

04
Претседателот Иванов се сретна со турскиот претседател Ердоган и со премиерот Давутоглу
Петок, 29 Август 2014

Учеството на претседателот на Република Македонија на инаугурацијата на новоизбраниот претседател на Република Турција, беше можност за претседателот Иванов да оствари неформални средби со негови колеги.

На средбите со новиот претседател на Турција, Реџеп Таип Ердоган, и со новиот премиер, Ахмед Давутоглу, претседателот Иванов им го честиташе преземањето на новите функции. Во разговорите беше нагласено взаемното задоволство што двете земји традиционално негуваат исклучително пријателски односи, кои се на ниво на стратешко партнерство. Взаемен заклучок е дека во наредниот период во фокусот на соработката треба да бидат економијата и инвестициите. На интерес на соговорниците, претседателот Иванов ги запозна со актуелните политички и економски состојби во Република Македонија. На средбите беше разговарано и за состојбите во евроатлантските интергации на Република Македонија, како и за претстојниот НАТО Самит во Велс. Беше договорена динамика на средби и размена на посети во наредниот период.

Во разговорите со Емирот на Државата Катар беа разменети информации и мислења за развојот на билатералните односи, и беше договорена размена на посети во наредниот период со цел давање на дополнителен импулс во соработката. За можностите за јакнење на билатералните односи и соработка, претседателот Иванов разговараше и со претседателот на Казахсатан, Назарбаев.
6a

shkola2808.01
Заврши петтата по ред Школа за млади лидери на претседателот Иванов
Четврток, 28 Август 2014

Со предавањето на надвојводата Карл Фон Хабсбург, член на династијата Хабсург и поранешен австриски европратеник денеска заврши петтата по ред Школа за млади лидери, што од 19 до 28 август се одржа во Охрид, по иницијатива на Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов.

На годинешната Школа учествуваа вкупно 38 учесници, како и 21 предавач од Македонија, Европa, САД, Канада и Кина.

Идејата на Школата е да им се овозможи на младите, талентирани и амбициозни луѓе од Македонија да ги надградуваат и усовршуваат своите вештини, да ја развиваат својата креативност и лидерски способности.

Последниот дел од Школата, координаторот на проектот, д-р Гордица Каранфиловска изјави дека лидерството носи одговорност, а според неа одлуките што ги носиме денес имаат влијание врз утрешниот ден.

„Доколку не ги подготвиме младите лидери денес, не можеме да очекуваме добри резултати во иднина. Со оваа идеја на претседателот Иванов за организирање Школа за млади лидери, ние веќе петта година по ред инвестираме во младите, со цел да им пренесеме искуства што ќе им користат во животот и професионалниот ангажман во иднина", рече Каранфиловска.

Програмата опфаќа предавања и обуки од сферите на лидерството и менаџментот од страна на еминентни предавачи и гости од врвни образовни и професионални институции, менаџмент-симулации и практични лидерски вежби.

Фон Хабсбург од своја страна укажа на огромната едукативна вредност што ваквите академии ја имаат во насока на професионалната дообразба на младите луѓе.

shkola2808.02„Не смееме да заборавиме дека особено за младите луѓе кои имаат амбиции да бидат идни лидери и високо да котираат во секоја сфера од бизнис-заедницата и општественото живеење, мора да ги развиваат и посебните умеења и вештини во секојдневното комуницирање. Младите мора да бидат свесни за опкружувањето во поширока смисла, за потребата да бидат чекор напред пред другите кога станува збор за нивниот поглед на светот настрана на професионалната наобразба. Оттаму сметам дека академија што дава можности на младите лидери филозофски да ги поимаат и разбираат нештата надвор од рамките на нивниот професионален ангажман е од огромна важност за живот во еден глобализиран свет во кој живееме денес", нагласи тој.

Целта на оваа школа е, пред сè, да се стимулираат позитивните вредности кај младите лидери и идни политички, културни и економски предводници на нашата земја.

Олимпија Христова-Заевска е една од 38-те млади лидери што беа дел од Школата, која е дел од иницијатива осмислена да ги поттикнува младите луѓе да излезат надвор од секојдневната вообичаена шема и да се издигнат над она што го гледаат во своето секојдневние.

„Ова беше инспиративна можност за младите да бараат начини како да го променат секојдневието, да ги поместат границите и активно да влијаат за донесување промени. Мислам дека целта е постигната, оттаму што со понудените извонредни предавачи од различни области, бевме испровоцирани да размислуваме какви лидери сакаме да бидеме, што значи промената внатре во себе и надвор во општеството, рече Христова-Заевска.

„Се надевам дека со собраното искуство од Школата што ни го пренесоа предавачите ќе помогнеме Македонија да биде едно поубаво место. Иницијативата на претседателот Иванов е навистина нешто прекрасно", изјави Горан Велковски, учесник на Школата.

Меѓу предавачите на годинешната Школа за млади лидери беа и поранешниот српски претседател, Борис Тадиќ, канадскиот сенатор, Доналд Мередит, потпретседателот на кинескиот телекомуникациски гигант ZTE, Ксиао Минг, основачот на Пи Ворлд, Коста Петров, директорот на компанијата за јавни комуникации Расел од САД, Џејсон Мико, поранешниот приватен секретар на принцезата Дијана, Патрик Џефсон, асистентот на поранешниот американски претседател Роналд Реган, Мери Џо Џејкоби, директорот на Мултимод групацијата, Тафшир Авал, правникот Мухамед Мешиќ од БиХ, познат по своето познавање на над 70 светски јазици.

За време на петтата Школа за млади лидери, учесниците ги посетија општините Охрид, Вевчани и Ресен, каде од претставници на локалните самоуправи им беа преставени предизвиците со кои се соочуваат овие три општини. Младите лидери, во форма на предлог-проекти, понудија решенија за нивно надминување.

Исто така, учесниците на Школата го посетија и Геријатриското одделение при охридската Општа болница, каде донираа храна и средства за лична хигиена за старите лица сместени во оваа установа.

Вкупно, во изминатите пет години на Школата учествуваа околу 190 млади луѓе и над 120 предавачи, меѓу кои амбасадори, функционери од Европската Унија, директори на меѓународни институти и успешни бизнис компании, професори од реномирани светски универзитети.

Учесниците на досегашните школи се организирани во Алумни асоцијација – ИСЛАА, регистрирана како посебно здружение, каде преку организација на семинари, панел дискусии, предавања, средби со амбасадори, учество во младински настани, продолжува развојот на знаењата и вештините на досегашните учесници на школата.

shkola2808.03

foto_4
Претседателот Иванов на Бизнис Форум во Анкара, ги повика турските бизнисмени да инвестираат во Македонија
Среда, 27 Август 2014

Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов, во рамки на посетата на Република Турција по повод утрешната инаугурација на новоизбраниот турски претседател Реџеп Таип Ердоган, денеска присуствуваше на Бизнис Форум што се одржа во индустриската зона Остим, Анкара. Индустриската зона Остим е една од најголемите зони во Турција со 5 000 компании и преку 50 000 вработени во 17 различни индустриски сектори. На Бизнис Форумот присуствуваа претставници од 5 индустриски сектори од сферата на обновливата енергија, медицината, градежништвото, автомобилската и одбранбената индустрија кои претставуваат повеќе од 80 компании.

Македонскиот претседател ги повика турските бизнисмени да ја посетат нашата држава и да ги искористат нејзините предности и капацитети во реализацијата на нивните бизнис планови. Претседателот Иванов во своето обраќање ги потенцираше условите за странски инвестиции во Република Македонија и ги запозна турските бизнисмени со сето она што Македонија го правеше изминативе години на економски план.

„Ве повикувам да ја посетите Македонија и да ја внесете земјата во вашите анализи и размислувања за ширење на вашиот бизнис, и да се уверите дека Македонија нуди големи можности. Да ги разгледате постојните капацитети, да разговарате со компаниите кои се веќе присутни во Македонија и да го слушнете нивното искуство", рече претседателот Иванов пред присутните на Бизнис Форумот во Остим.

Претседателот Иванов подвлече дека меѓу Република Македонија и Република Турција постојат односи кои ги карактеризира традиционално пријателство и партнерство, дека комуникацијата и соработката меѓу двете земји е интензивна на сите нивоа и дека стратегијата за зајакнување на билатералните односи од 2008-та, успешно се реализира.

- Нашите две држави денес имаат исклучително добри претпоставки да се фокусираат на она што е најважно, економската соработка, инвестициите. Нас не радува перманентниот економски развој и економските успеси на Република Турција. Едно е јасно, можеме многу повеќе и во инвестициите и во трговската размена. Тоа треба да е фокусот во наредниов период, истакна македонскиот претседател.

foto_1Во рамки на посетата на Република Турција, претседателот Иванов ги посети и компаниите Истем Медикал и Телмек. Во компанијата Истем Медикал, македонскиот претседател одржа средба со раководството на која беше информиран за нивните бизнис планови врзани со инвестирањето во Македонија. Истем Медикал е компанија за производство на медицински препарати, која според потпишаниот договор, во Македонија ќе инвестира околу 10 милиони евра. Според најавите, за 2 месеца треба да почне изградба на фабрика во зоната Бунарџик, каде на почеток ќе бидат вработени 100 лица, а се очекува за неколку години бројот на вработени да стигне до 250.

При посетата на компанијата Телмек, претседателот Иванов беше информиран за нивната заинтересираност за инвестирање во Република Македонија, и се запозна со портфолиото и успесите на оваа компанија, која е извозно ориентирана и успешно работи на пазарите надвор од Турција. Телмек е компанија за производство на механички делови за компании од сферата на информатиката, технологијата, градежништвото, автомобилската индустрија, медицинскиот и одбранбениот сектор.

Претседателот Иванов се наоѓа во дводневна посета на Република Турција, по повод утрешната инаугурација на новоизбраниот турски претседател Реџеп Таип Ердоган.
foto_5

 
Почеток < Пред 81 82 83 84 85 86 87 88 89 90 Следно > Крај
Страница 87 од 198