Новости
Belo_zname
Претседателот Иванов присуствуваше на церемонија на доделување на „Бело Знаме“ во Охрид
Недела, 05 Октомври 2014

Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов, денеска во Охрид, на плажата на хотелот „Инекс Горица", присуствуваше на церемонија на која што му се додели „Бело Знаме", како симбол на чисто и еколошки третирано крајбрежје на тој дел од Охридското езеро.

Претседателот Иванов, обраќајќи се пред присутните на церемонијата на која му беше предадено „белото знаме", истакна дека ова е уште едно признание за Охрид кој веќе се наоѓа на светската мапа по својата чистота, сето она што ни го дала природата, а нашите предци ни го предале нам да го чуваме за идните поколенија.

„Ова што денеска се случи во Охрид е на некој начин апел до сите да се грижат за водите, не само во Македонија туку во целиот свет, имајќи предвид што значи чистата вода за човештвото...Нека биде ова мотив не само делови од крајбрежјето на Охридското Езеро да ги чуваме од загадување, туку да се грижиме за него во целина и да го зачуваме за во иднина", истакна претседателот Иванов.

Проектот се спроведува во организација на Глобалното здружение за подигање на свеста за подводниот свет (ГУВАА), непрофитно еколошко здружение со седиште во Норвешка, кое цели кон чистење на морињата, реките и езерата, како и кон подигање на свеста за последиците од загадувањето на водите, поголема еколошка одговорност и акција.

Претседателот на ГУВАА Кристијан Цуревиќ, говорејќи за значењето на првото бело знаме во Македонија, истакна дека се работи за единствен симбол во светот што означува чистота на водите.

 „Белото знаме денеска оди во четири држави, а Република Македонија е една од тие први држави вклучени во оваа кампања. Навикнати сме речиси секогаш да ги следиме светските трендови во областа на екологијата, овојпат од нашите простори создадовме симбол што ќе го следи целиот свет. Белото знаме не може да се купи, тоа мора да се заслужи“, истакна Цуревиќ.

„Јас се сеќавам дека кога бев дете не постоеше флаширана вода, постоеше само вода од чешма која беше многу чиста.За време на мојот живот почнавме да пиеме вода од пластика,а којзнае за животот на нашите деца што се ќе следи", изјави гитаристот Влатко Стефаноски, кој воедно е и амбасадор на организацијата за Република Македонија.

„Белото знеме" како симбол првпат е поставено во Монако, Франција, а во регионот слични манифестации се одржани во Словенија, Хрватска и БиХ. Глобален амбасадор на ГУВАА е актерот Арманд Асанте.

bon-ton_mavrovo
Спортски Бон-Тон во општина Маврово и Ростуше
Четврток, 02 Октомври 2014
PRM
Средба на претседателот Иванов со претставници на Националниот американско албански совет
Недела, 28 Септември 2014

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, во Њујорк одржа средба со претставници на Националниот американско албански совет.

На средбата се разменија мислења за актуелните политички состојби во Република Македонија, за состојбата во евро-атлантските интеграции, за меѓуетничките состојби, како и за состојбите во регионот.

Претседателот Иванов побара засилен ангажман и лобирање од Националниот американско албански совет во насока на деблокада на евро-атлантските интеграции, како и насочување на капацитетите кон изградбата на просперитетна и економски развиена Република Македонија. Претставниците на Националниот американско албански совет изразија поддршка за таквиот концепт за развој и ги поздравија напорите за создавање економски просперитетна држава.

На средбата, претседателот Иванов истакна дека сите треба да вложуваат максимални напори за негување и унапредување на македонскиот модел на соживот и традиција на почитување на различноста. Во тој дух, македонскиот претседател повика на единство и сплотеност на иселениците од Република Македонија, без разлика на нивната етничка или верска припадност.

Ban
Средба со Генералниот Секретар на Обединетите Нации, г. Бан Ки-мун
Петок, 26 Септември 2014

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, на маргините на 69-то Генерално собрание на Обединетите нации оствари билатерална средба со Генералниот Секретар г. Бан Ки-мун. На средбата присуствуваа и министерот за надворешни работи, г. Никола Попоски и пратеникот за разговорите што се водат во рамки на ОН г. Васко Наумовски

На средбата се разговараше за активностите на Република Македонија во рамките на Обединетите Нации и беа разменети мислења и информации за процесот на разговори помеѓу Република Македонија и Република Грција за надминување на разликата околу името што се водат под покровителство на ОН.

Македонскиот претседател го информираше Генералниот секретар за проактивниот и конструктивен пристап на Македонија во процесот.

Со нелегалните блокади на заслуженото членство на Република Македонија во НАТО не се создава амбиент на сигурност и стабилност на Балканот, и затоа ни е потребно Советот за безбедност да опстои на безусловно почитување на своите резолуции. Почитување на меѓународното право, меѓународните договори и пресуди е клучот за стабилен поредок во светот, потенцираше македонскиот претседател.

Во тој контекст претседателот Иванов дополни дека до решение е можно со поголема конструктивност, посветеност и добра волја, која во овој момент не постои од страна на нашиот јужен сосед, и со придржување до рамката во која се водат разговорите - резолуциите на Советот за безбедност, Времената спогодба и на пресудата од Меѓународниот суд на правдата во Хаг.

Македонскиот претседател потенцираше дека се потребни директни средби на високо ниво помеѓу официјални претставници на двете држави, во насока на надминување на статус кво ситуацијата.

Претседателот Иванов побара од Генералниот Секретар Бан Ки Мун процесот да добие поголем интензитет, и побара поголема ангажираност од страна на генералниот секретар за активност од страна на Обединетите Нации во процесот на изнаоѓање на решение за наметнатиот спор со Република Грција.

polska
Билатерални средби на маргините на 69-то Генерално Собрание на Обединети Нации
Петок, 26 Септември 2014

Средба со претседателот на Република Полска - Изборот на Доналд Туск за Претседател на ЕС е добра вест за Македонија.

Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов, на маргините на 69-то Генерално собрание на Обединетите нации оствари средба со претседателот на Република Полска, Н.Е. г. Бронислав Коморовски. Двајцата соговорници констатираа дека односите меѓу двете земји се пријателски, без отворени прашања, и со плодна соработка во сите сфери од заеднички интерес. Претседателот Иванов го реафирмираше интересот за развој и унапредување на економската соработка во контекст на зголемени контакти на бизнис заедниците и граѓаните на двете земји, како и за интензивирање на соработка во областа на образованието и културата. Претседателот Иванов искажа задоволство од континуираниот политички дијалог, и воедно изрази благодарност за отворената поддршка од Полска во однос на нашиот евроатлански пат, додавајќи дека очекува истата да продолжи и во иднина. Македонскиот претседател апелираше за почетокот на преговорите со Македонија да биде на дневен ред на декемвриските состаноци на Советот на ЕУ со цел да се донесе одамна заслужената и долгоочекувана одлука за нашата држава. Во контекст на НАТО, РМ бара почитување на меѓународното право, меѓународните договори и пресудата на МСП, и во таа насока очекува поддршка од Полска. Ширењето на зоната на слобода и стабилност во регионот на Балканот, особено денес, кога сите земји се соочуваат со сериозни закани и предизвици, е придобивка и за Алијансата и за нашиот регион нагласи Иванов, додавајќи дека во контекст на ЕУ, очекуваме и во нашиот случај да се применат позитивните примери од регионот, на паралелно движење во интеграцијата и надминувањето на билатералните прашања. Претседателот Коморовски истакна дека Македонија може во Полска да гледа како на земја партнер и поддржувач во однос на нашите севкупни евро-атлантски интегративни процеси, дополнувајќи дека процесот на проширување на ЕУ и НАТО мора да продолжи со државите од западен балкан. Претседателот Иванов упати честитки за изборот на полскиот премиер, Доналд Туск за Претседател на Европскиот Совет. Двајцата соговорници разменија мислења и за актуелните случувања во Украина. Претседателот Иванов истакна дека Македонија се залага за деескалација на тензиите, и ги поддржува сите напори за мирно решавање на кризата.
latvija1
Средба со претседателот на Латвија, Андрис Берзин - Поддршка за РМ за време на латвиското претседавање со ЕУ

Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов, на маргините на 69-то Генерално собрание на Обединетите нации оствари средба со претседателот на Латвија, Н.Е. г, Андрис Берзин. На средбата, двајцата претседатели разговараа за продлабочување и унапредување на билатералните и економските односи, како и за европските и евроатланските интеграции на Македонија. Претседателот Иванов изрази задоволство од достигнатото ниво на односите меѓу двете земји, во контекст на политичката соработка кое се традиционално добри и пријателски. Претседателот Иванов се заблагодари за досегашната поддршка и помош која Република Латвија ја дава за нашето интегрирање во евро-атланските структури, и изрази надеж дека истата ќе продолжи и во иднина, особено кога Латвија ќе го превземе претседавањето со ЕУ од јануари 2015. Во тој контекст македонскиот претседател истакна дека Република Македонија предолго го чека заслуженото членство во Алијансата, како и следната фаза во интеграцијата во ЕУ. РМ бара почитување на меѓународното право и на меѓународните обврски, и во таа насока очекува поддршка од Латвија и од земјите – членки на ЕУ, кои воедно се и членки на НАТО, дополнувајќи дека е потребно и во нашиот случај да се применат позитивните примери од регионот, на паралелно движење на преговорите. Претседателот Берзин нагласи дека проширувањето ќе биде високо на агендата на латвиското претседателство, и дека дава целосна поддршка по однос на евро-атлантските интеграции на Република Македонија

SpanijaСредба со шпанскиот крал Фелипе VI - Иванов го покани шпанскиот крал да ја посети Македонија

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, на маргините на 69-то Генерално собрание на Обединетите нации оствари неформална средба Н.В. Кралот Фелипе VI. На средбата беше изразено задоволство од позитивниот развој на билатералните односи меѓу Република Македонија и Кралството Шпанија. Претседателот Иванов истакна дека во наредниот период потребно е зголемување на политичкиот дијалог и размена на посети на сите нивоа. Во тој контекст македонскиот претседател додаде дека отворањето на македонската амбасада во Мадрид и шпанската амбасада во Скопје е добар чекор за зголемување на политичките односи, и воедно упати отворена покана до кралот Фелипе VI за посета на Македонија. Претседателот Иванов изрази подготвеност за искористување на сите можности за натамошно продлабочување на односите во сфери од заеднички интерес, со посебен акцент на можностите за развој на економската и соработката во културата. Воедно македонскиот претседател додаде дека Република Македонија е дел и придонесува со свој влог во Алијансата на Цивилизациите, каде основачи се Шпанија и Турција.

japonijaСредба со јапонскиот премиер Шинзо Абе - Надеж дека Јапонија наскоро ќе отвори амбасада во Македонија

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов на маргините на 69-то Генерално собрание на Обединетите нации оствари неформална средба со јапонскиот премиер Шинзо Абе. Претседателот Иванов и премиерот Абе изразија задоволство од развојот на билатералните односи меѓу двете земји кои оваа година ја бележат својата 20 годишнина, особено од нагорниот тренд во политичкиот дијалог. Во тој контекст претседателот Иванов изрази надеж дека Јапонија наскоро ќе отвори своја амбасада во Скопје, со што севкупната соработка меѓу двете земји би се зголемила и продлабочила. Двајцата соговорници констатираа дека односите ги карактеризира пријателство и меѓусебно разбирање, но и дека постои огромен неискористен потенцијал за натамошно унапредување и продлабочување на соработката во сите области од заеднички интерес, а особено во економската сфера. Во оваа прилика, претседателот Иванов изрази благодарност за досегашната техничка-економска соработка и за бројните донации и реализирани проекти, и изрази подготвеност за реализација на нови проекти.

slovackaПрва средба со новоизбраниот претседател на Република Словачка, Андреј Киска - Словачка ја поддржува евроатлантската интеграција на Македонија

Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов, на маргините на 69-то Генерално собрание на Обединетите нации оствари средба со претседателот на Словачката Република, Н.Е. г. Андреј Киска. На средбата беа потврдени добрите билатералните односи и континуираниот политички дијалог помеѓу Република Македонија и Словачката Република, засновани на долги традиционални врски на пријателство и меѓусебно разбирање. Соговорниците констатираа дека меѓусебната билатерална соработка континуирано се продлабочува, но дека истовремено постои голем неискористен потенцијал за поинтензивна соработка во голем број области од заемен интерес, а особено на полето на економијата, инвестициите, образованието, културата и туризмот. Претседателот Иванов го информираше соговорникот за состојбата со реализацијата на нашите стратешки цели,членството во ЕУ и НАТО, како и за процесот кој се води во рамките на ОН за надминување на билатералната разлика со Грција. Претседателот Киска истакна дека Словачка како и досега ќе продолжи со поддршката на стратешките цели на РМ, нагласувајќи дека ги подржуваат позитивните примери на паралелно движење во интеграцијата во ЕУ и надминувањето на билатералните проблеми во ЗБ. На средбата која беше прва со новоизбраниот словачки претседател, беа разменети мислења и информации за состојбите во регионот на Балканот, а претседателот Иванов упати отворена покана кон својот колега за реализација на официјална посета на Македонија.

Прва средба на македонски и египетски претседател во 20 години дипломатски односи

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, на маргините на 69-то генерално Собрание на Обединетите Нации се сретна со претседателот на Арапската Република Египет, Абдел Фатах ел-Сиси, прва средба на ниво на претседатели во 20-годишните дипломатски односи. Двајцата претседатели изразија подготвеност за натамошното зајакнување на севкупните односи меѓу Република Македонија и Арапската Република Египет. Како прв чекор во таа насока, беше договорено во наредниот период да се зајакнат политичките контакти на сите нивоа. Претседателот Иванов ја прифати поканата за негова посета на Египет. Како приоритетни сфери на кои треба да биде ставен акцентот беа посочени, соработката во економската сфера, зголемување вкупниот обем на трговската размена, соработката во сферата на културата и образованието, и унапредување на договорната сфера меѓу двете земји. Претседателот Иванов и претседателот ел-Сиси разменија мислења за случувањата во регионот на ЈИЕ и на Блискиот Исток. Двајцата претседатели изразија подготвеност за соработка меѓу Република Македонија и Арапската Република Египет и на мултилатерален план.
sisi1

klimatski_samit1
Претседателот Иванов присуствуваше на „Климатскиот самит 2014“ во Њујорк
Среда, 24 Септември 2014

Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов вчера во Њујорк, во рамките на Генералното собрание на Обединетите нации, присуствуваше на Климатскиот самит 2014, каде што се одвиваа серија дискусии за климатските промени, за што свое излагање имаше и министерот за надворешни работи г. Никола Попоски. Голем број државници, но и холивудски ѕвезди како Леонардо ди Каприо, настапија во Обединетите нации со апели за интервенција со која би требало да се запрат климатските промени.

Претседателот Иванов рече дека и претседателот Обама во своето обраќање на приемот ја истакнал потребата од заедничка акција по прашањето на климатските промени.

„Претседателот Обама до присутните на приемот го истакна токму тоа дека се соочуваме навистина како цивилизација со такви закани произлезени од климатските промени што мора совеста на целото човештво да биде на повисоко ниво. И ние како земја, како Македонија, сме дел од сите тие иницијативи. Македонија секогаш придонесува за сето она што се презема за да се соочиме со сите предизвици кои ги носат климатските промени", изјави претседателот Иванов, најавувајќи дека дел од своето обраќање пред Генералното Собрание на ОН во петок ќе го посвети на ова прашање.
klimatski_samit_2
Во средбите кои македонската делегација ги има во Њујорк, на вчерашните панели посветени на климатските промени, се истакнува дека Македонија е првата земја од регионот на западен Балкан која го комплетираше третиот национален извештај според рамковната конвенција на ОН за климатските промени, потоа има спроведено проценка за ублажување на ефектот на климатските промени преку истражувачкиот центар ИЦЕИМ при МАНУ и има воведено систем за компјутерско набљудување на испуштањето на штетни гасови во индустрискиот сектор.

Во рамките на Климатскиот самит, на настан организиран за улогата на информатичката технологија за сузбивање на загадувањето, беше истакната и новата мобилна апликација Skopje Green Route. Апликацијата, изработена во заеднички проект на Програмата за развој на Обединетите нации, градот Скопје, Министерството за животна средина и просторно планирање и Факултетот за информатички науки ФИНКИ, беше претставена како еден од седумте најдобри проекти на кои треба да се посвети внимание за нивниот придонес за намалување на загадувањето. Апликацијата на жителите на Скопје
кои имаат андроид уред ќе им нуди опции за движење низ градот кои ќе бидат полесни, побрзи, но и подобри за животната средина.

„Ви се обраќам како еден од 400.000 луѓе кои неодамна маршираа низ улиците на Њујорк, и еден од милијардите луѓе низ светот кои се грижат за климатските промени. Не можеме да се преправаме дека климатските промени сами од себе ќе ги снема. Гледаме дека климатските екстремни настани зачестуваат, а поларните капи се топат со брзина без преседан", изјави Леондардо Ди Каприо од говорницата на Генералното Собрание на Обединетите нации.
klimatski_samit_3

 
Почеток < Пред 81 82 83 84 85 86 87 88 89 90 Следно > Крај
Страница 85 од 198