Новости
samit100Rotator
Иванов: Договорот за новата ера лежи во градењето доверба и безбедност во регионот
Понеделник, 01 Јуни 2015

portoroz3Државите од регионот се премали за преголемите предизвици што ги наметна глобализацијата. Потребна е поголема соработка меѓу нив, а договорот за новата ера треба да се заснова на градењето доверба и поголема безбедност во регионот, порача Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, на денешниот„ Самит 100", што се одрзува во словенечкиот град Порторож.

Обраќајќи се пред лидерите од Југоисточна Европа и пред претставници на бизнис секторот, претседателот Иванов, посочи дека Македонија сеуште чека влез во Европската унија и во НАТО и оти она што и останува е да инвестира во економијата и образованието.

-Македонија 24 години е заглавена во лифт. Ни горе, ни долу - заглевани и во НАТО и во Европска унија, во Јадранско-јонската иницијатва и во Црноморската иницијатива. Од инает. Гледате што прави она што е наша специфика. Што ни останува – да ја градиме Македонија во висина и затоа се инвестира во економијата и знаењето. Ама некому тоа не му чини, истакна македонскиот претседател.


portoroz0Според претседателот Иванов потребна е поголема поврзаност меѓу државите од регионот и да се изнајдат канали за соработка, кои ќе резултираат со железнички, енергетски и ИКТ поврзувања.

Македонскиот претседател ја поздрави праксата „Самитот 100" да се одржува пред Самитот на процесот Брдо – Бриони и во тој контекст нагласи дека синергијата меѓу бизнис заедницата и државите е особено неопходна во денешни услови.

На самитот, покрај претседателот Иванов присутни се и бизнисмени од Република Македонија. На маргините на самитот, претседателот Иванов оствари билатерални средби со домаќинот, словенечкиот претседател Борут Пахор и со хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ од кои македонскиот претседател побара неодложен почеток на пристапните преговори за членство во Европската унија и прием во НАТО.

„Самитот 100" во Порторож се одржува четврта година по ред. Во 2011 година за првпат Самитот се одржа во Република Србија, во 2013 во Црна Гора, а во 2014 година во Република Хрватска.portoroz6

Portoroz
Претседателот Иванов бара неодложен почеток на преговорите со ЕУ и прием во НАТО
Понеделник, 01 Јуни 2015

Неодложен почеток на пристапните преговори за членство во ЕУ и прием на Република Македонија во НАТО Алијансата, побара претседателот Иванов на денешните средби со претседателот на Република Словенија, г-дин Борут Пахор и претседателот на Република Хрватска, г-ѓа Колинда Грабер Китаровиќ, а во рамки на учеството на „Самит 100", кој денеска се одржува во Порторож.

На средбите со словенечкиот и хрватскиот претседател беа разменети мислења и информации за повеќе актуелни теми од заемен интерес.

Претседателот Иванов ги информираше претседателите на Република Хрватска и Република Словенија за актуелната политичко-безбедносна состојба во Република Македонија. Oценувајќи дека политичката криза и бојкотот на институциите трае предолго, македонскиот претседател ја нагласи потребата и очекувањето политичките лидери преку политички дијалог најитно што може да дојдат до решение кое ќе биде во интерес на граѓаните и евроатланската интеграција на земјата. Најзначајно е, истакна претседателот Иванов, нормализирање на политичкиот дијалог и решавање на сите kolinda-prmпредизвици во рамки на институциите и согласно Уставот и законите. Од друга страна деблокадата на евроинтегративните и евроатланските процеси на Република Македонија кои во голема мера имаат влијание на актуелните состојби, може само позитивно да се одрази во целиот регион. Во тој контекст македонскиот претседател изрази очекување дека Република Словенија, Република Хрватска како и земјите од Брдо Бриони Процесот ќе дадат силна поддршка за неодложен почеток на пристапните преговори со Република Македонија, како и поддршка за прием на земјата во НАТО, согласно пресудата на МСП и Времената спогодба.

Претседателите Пахор и Китаровиќ на средбата истакнаа дека позицијата на Република Словенија и на Република Хрватска во однос на Република Македонија е јасна и константна, изразена како безусловна, континуирана и принципиелна поддршка за ЕУ и НАТО интегративните процеси, со нагласена подготвеност за пренесување на своето искуство на овој план.‎ На средбата беше реафирмиран заемниот интерес за натамошно унапредување на економската соработка, зголемување на трговската размена, привлекување словенечки и хрватски инвестиции во Република Македонија како и за разгледување можности за заеднички настап на трети пазари.‎

Воедно беше разговарано и за престојниот самит на Брдо Бриони Процесот во Црна Гора, како и за состојбите во регионот на Југоисточна Европа.
pahor1

shefild
Потпишан протокол за доделување стипендии „Борис Трајковски“ за постдипломски студии на Сити колеџот во Солун
Вторник, 26 Мај 2015
covekoviprava
Средба на претседателот Иванов со помошникот Генерален секретар на ОН за човекови права
Петок, 22 Мај 2015

Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов, денеска оствари средба со г-дин Иван Шимоновиќ, помошник Генерален секретар на Обединетите нации за човекови права.

На средбата, беа разменети мислења за актуелната политичка состојба во Република Македонија, како и за активностите кои се преземаат со цел нејзино надминување.

Претседателот Иванов ја потенцираше важноста од нормализирање на политичкиот дијалог, и решавање на сите предизвици во рамки на институциите и согласно Уставот и законската легислатива. Во тој контекст, беше посочено дека долготрајниот бојкот на институциите, долгото отсуство на политички дијалог, не се одразува добро на демократијата и не e во интерес на европските и евроатланските интеграции на Република Македонија.

Помошник Генералниот секретар на ОН изрази загриженост за случувањата во Куманово, ја потенцира неопходноста од кредибилно, професионално и транспарентно делување на сите институции и политички фактори, а истовремено го поздрави отпочнувањето на политичкиот дијалог под покровителство на Европската унија, а со цел надминување на политичката криза.

Воедно, македонскиот претседател потенцираше дека во оваа ситуација е потребно одговорно однесување на сите општествени фактори и ги реафирмираше заложбите на Република Македонија за почитување на човекови права и принципот на владеењето на правото.

На средбата беа разменети мислења за актуелните состојби во регионот, како и за почитувањето на човековите права во регионален контекст.

vlaska
Средба со претставници на Влашката заедница во пресрет на 23 Мај – Националниот ден на Власите
Среда, 20 Мај 2015

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, во пресрет на 23 Мај – Националниот ден на Власите, денеска ги прими претставниците на Влашката заедница во Република Македонија.

На средбата беа разменети мислења за состојбата на Влашката заедница во Република Македонија, во контекст на остварување на нивните права, како и за нивното активно учество во севкупниот политички и општествен живот во Република Македонија. Претседателот Иванов ги поддржа активностите на Влашката заедница, нивната конструктивност на политичката сцена, и ги поздрави нивните залагања за промовирање на влашката култура, јазик и традиција во Република Македонија. Претставниците на Влашката заедница се заблагодарија на македонскиот претседател за неговата посветеност кон рамноправноста на сите етнички заедници во Република Македонија, и изразија задоволство од неговиот ангажман во градење на мултиетничко, мултијазично и мултирелигиско демократско општество.

На средбата, претставниците на Влашката заедница ги искажаа и нивните видувања околу актуелната политичка состојба во Република Македонија, при што соговорниците се согласија дека е неопходна одговорност од сите политички фактори во државата и што поскоро надминување на политичката криза во земјата, со цел Република Македонија да продолжи со реформскиот процес и исполнување на европските и евроатланските аспирации.

Претседателот Иванов им го честиташе Националниот ден на Власите, порачувајќи им дека Власите отсекогаш биле општествено ценети и лојални граѓани, и ги охрабри и во идната да продолжат со активности кои значат придонес во градењето на македонскиот модел на соживот.
vlaska1

invalidinatrudot
Средба на претседателот Иванов со претставниците на Националниот сојуз на инвалиди на трудот
Среда, 20 Мај 2015

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов денеска ги прими претставниците на Националниот сојуз на инвалиди на трудот на Република Македонија, по повод 60 годишнината од активно делување на организацијата.

Претставниците на сојузот го запознаа претседателот Иванов за активностите на организацијата во изминативе години, како и за предизвиците со кои се соочуваат во сферата на инвалидите на трудот. Во тој контекст беа разменети мислења околу предлозите на сојузот со цел разрешување на проблемите од областа на инвалидското осигурување, како и за нивните иницијативи за подобро нормативното уредување на одредени прашања.

На средбата со претседателот Иванов, воедно беа разменети мислења околу поддршката што сојузот ја добива од страна на државните институции, како и за нивната соработка со останатите меѓународни организации.

Македонскиот претседател истакна дека како и досега, и во иднина ќе продолжи да ги поддржува активностите на Националниот сојуз, со цел унапредување на положбата на инвалидите на трудот и целосно остварување на нивните права и потреби. Воедно, претседателот Иванов изрази поддршка за брзо решавање на приоритетните барања на инвалидските организации, како и поддршка за подобрување на законската легислатива, и нејзино доследно имплементирање.

По повод 60 годишнината од нивното активно делување, претставниците на Националниот сојуз на инвалиди на трудот му доделија благодарница на Претседателот на Република Македонија за досегашната поддршка и успешната соработка.

 
Почеток < Пред 71 72 73 74 75 76 77 78 79 80 Следно > Крај
Страница 73 од 198