Новости
alijev
Средба со претседателот на Република Азербејџан г. Илхам Алијев
Вторник, 28 Април 2015

Одличните политички односи треба да се материјализираат со економска соработка, е заклучокот од денешната средба во Баку на претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, со претседателот на Република Азербејџан, г. Илхам Алијев.

Двајцата претседатели разменија мислења за севкупните билатерални односи меѓу двете земји, оценувајќи дека на 20-годишнината од нивното воспоставување се базираат на меѓусебно разбирање, пријателство и заеднички интерес за нивно натамошно проширување и продлабочување.

Заемна констатација беше дека одличните политички односи треба да се материјализираат со економска соработка и јакнење на трговската размена меѓу двете земји, како и иницирање на директни азербејџански инвестиции во македонското стопанство.

Во таа насока претседателот Алијев ја прифати поканата од претседателот Иванов за официјална посета на Република Македонија во наредниот период, а договорено беше надлежните институции како и бизнис заедниците на двете земји да ги продолжат и да ги интензивираат контактите.

Азербејџанскиот претседател го информираше претседателот Иванов за енергетските и гасоводни проекти, кои се во фаза на реализација и кои се планирани во Каспискиот регион (Тап и Танап), и притоа беше договорено во најскоро време да отпочнат консултации на таа тема. На средбата беше разговарано и за можни инвестиции во земјоделството и инфраструктурата, и за натамошна соработка на мултилатерален план, а беа разменети информации и за актуелните состојби во регионот на Југоисточна Европа и на Каспискиот регион.‎

Претседателот Алијев упати честитка за реформите и резултатите кои Република Македонија ги постигнува во економијата и бизнис климата. Претседателот Иванов ја прифати поканата од претседателот Алијев за учество на отворањето на Европските игри во Баку во 2015-та година.
alijev_ivanov

canakale_1
Претседателот Иванов на одбележување на 100 годишнината од битката на Чанаккале
Петок, 24 Април 2015

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов престојува во работна посета на Република Турција, на покана на претседателот на Република Турција, г. Реџеп Таип Ердоган, по повод свеченостите за одбележување на 100 годишнината од битката на Чанаккале.

Претседателот Иванов присуствуваше на главната сесија на конференцијата „Првата светска војна на нејзината 100 годишнина", на која учествуваа и премиерите на Турција, Австралија, Нов Зеланд и претседателот на Ирак, како и на вечерата која во чест на шефовите на држави и влади ја приреди претседателот на Република Турција, г. Реџеп Таип Ердоган. Претседателот Иванов учествуваше и на свеченостите во меморијалниот центар на жртвите од Комонвелтот, „Cape Helles Commonwealth Memorial" во Чанаккале.

Покрај македонскиот претседател на церемонијата присуствуваа државници од над 60 држави од целиот свет, меѓу кои дваесетина шефови на држави, премиери, министри, претседатели на парламенти, како и претставници на меѓународни организации. Меѓу присутните беше и Н.В. Принцот Чарлс кој имаше свое обраќање во име на Сојузниците, претседателите на Ирска, Ирак, Азербејџан, Албанија, Црна Гора, Косово, претседавачот со претседателството на Босна и Херцеговина, емирот на Катар, како и премиерите на Австралија, Нов Зеланд, спикерот на руската Дума.

Во делегацијата предводена од претседателот Иванов е и началникот на Генералштабот, Горанчо Котески.
canakale_2

nk_skopje
Изложба во Народната канцеларија на Претседателот на Република Македонија
Среда, 22 Април 2015

Во Народната канцеларија на Претседателот на Република Македонија во Скопје денеска е поставена изложба на минерали и кристали од Република Македонија, по повод Денот на планетата Земја - 22 Април.

„Идејата за прославување на Денот на планетата земја преку промоција на македонските кристали е да се даде нова опција и приод кон темата планета Земја. Обично одбележувањето најчесто е со чистење на животната средина, садење дрвја и цвеќиња", истакна промоторот на македонскиот рубин Дејан Шкартов.

Во Македонија, рече тој, скапоцените камења никогаш не биле третирани на начин на кој што треба, затоа што во минатото геолошките анализи биле насочувани кон индустриските потреби.

Шкартов посочи дека кога почнале да работат со скапоцени и полускапоцени камења и забележале дека во Македонија постои рубин, како и интересот од странски познавачи почнала промоцијата, но и заштитата на скапоцените камења особено на Македонскиот рубин.

rumen_nikolov
Средба со Началникот на ГШ на Вооружените сили на Република Бугарија, вице адмирал Румен Николов
Вторник, 21 Април 2015
jankulovski
Средба со г. Живко Јанкуловски, Национален координатор за имплементирање на Националната платформа за намалување на ризици од катастрофи на Република Македонија
Петок, 17 Април 2015

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска го прими д-р Живко Јанкуловски, Национален координатор за имплементирање на Националната платформа за намалување на ризици од катастрофи на Република Македонија.

На средбата беа разменети мислења и информации за надлежностите на националниот координатор во насока на намалувањето и справувањето со ризиците од катастрофи, преку ефикасно искористување на расположливите ресурси и капацитети на надлежните институции. Зборувајќи и за последиците од неодамнешните поплави коишто ја зафатија Република Македонија, беше истакната потребата од подобрена локална, регионална и национална координација на надлежните институции, за поефективен пристап кон намалувањето на ризиците и последиците од непогоди и катастрофи, преку превенција и рано предупредување.

veligden
Претседателот Иванов присуствуваше на Велигденската воскресна литургија во Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје
Недела, 12 Април 2015

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, со сопругата г-ѓа Маја Иванова, денеска во Соборниот храм „Св. Климент Охридски" во Скопје присуствуваше на Велигденската воскресна литургија со која чиноначалствуваше Поглаварот на МПЦ-ОА, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан.

Македонскиот претседател на сите православни верници им го честиташе најголемиот христијански празник Воскресение Христово - Велигден и им посака многу здравје, среќа, љубов, духовен мир и меѓусебно почитување.

„Посакувам овие празнични денови да ги поминеме во духовен мир, семејна хармонија и слога, да им посветиме должно внимание и почит и да ги даруваме со многу радост и многу љубов нашите семејства, нашите пријатели, нашите соседи. Во духот на нашите традиции да ги почитуваме сите оние вредности што ни овозможиле да опстојуваме низ векови и да се соочуваме со сите предизвици. Христос Воскресе, навистина Воскресе", изјави претседателот Иванов.

 
Почеток < Пред 71 72 73 74 75 76 77 78 79 80 Следно > Крај
Страница 75 од 198