Новости
Bozikna_Liturgija
Божиќна литургија во Соборниот храм во Скопје
Среда, 07 Јануари 2015

Претседателот Иванов заедно со сопругата, г-ѓа Маја Иванова, денеска присуствуваа на централното одбележување на Рождеството Христово - Божик во Соборниот храм „Св. Климент Охридски", во Скопје, каде архиепископот охридски и македонски г.г.Стефан богослужеше Златоустова литургија.

- На сите верници кои денеска го слават Рождеството Христово - Божик им го честитам овој голем христијански празник и на сите нив им го посакувам сето она што го посакувам за себе и за своето семејство-многу радост, среќа, успех во животот, во нивните домови да има спокој и мир и да има просперитет и успех. Како што празниците не обединуваат и како овие празнични денови сме сите заедно посакувам во текот на целата година да бидеме сите заедно и да има многу успех и просперитет во целата наша држава, истакна претседателот Иванов.

На бадниковата вечер, паричката се падна во домот на Иванови.

_1
Коледе во домот на претседателот Иванов
Вторник, 06 Јануари 2015

Во пресрет на големиот христијански празник Божик, коледари ученици од второ одделение при Државниот музичко-балетски училишен центар „Илија Николовски-Луј" денеска ја посетија резиденцијата на Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов.

Малите балерини ја испеаја коледарската песна, изведоа пригодна програма за претседателот Иванов, сопруга г-ѓа Маја Иванова и синот Иван, а од нив беа почестени со новогодишни пакетчиња.

Г-ѓа Маја Иванова нагласи дека ја продолжуваат традицијата нивниот дом како и секое православно семејство да биде отворен за коледарите - предвесници на Христовото раѓање.

„Денеска наши гости се учениците од нижото балетско одделение при Државното музичко-балетско училиште во Скопје. Со својата насмевка на лицата, со својата кореографија и костимографија внесоа радост среќа и убавини во нашиот дом во пресрет на големиот христијански празник Божик. На сите православни христијани им посакувам да имаат најубава Бадникова вечер. Нека Христовата светлина внесе радост, убавини и неизмерна среќа во нивните домови. Да бидат исполнети само со позитивни мисли и весели моменти", порача г-ѓа Иванова честитајќи го Божик на сите што го слават.

Согласно традицијата семејството Иванови на бадникова вечера ќе кршат лепче со паричка. Г-ѓа Маја Иванова рече дека минатата година паричката се паднала во куќата и им донела среќа на сите, и додаде дека таа сепак е најзадоволна со успесите на синот Иван, кој лани дипломирал и се запишал на постдипломски студии.

Традицијата коледари да ја посетуваат резиденцијата на Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов е востановена во 2011 година.
kolede2

arm1
Посета на припадниците на Армијата на Република Македонија во касарната „Илинден" во Скопје
Четврток, 01 Јануари 2015

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов на првиот ден од Новата 2015 година ги посети припадниците на Армијата на Република Македонија во касарната „Илинден" во Скопје.

Честитајќи им ја Новата година, претседателот Иванов од негово лично име, но и од името на сите граѓаните на Република Македонија на припадниците на АРМ им искажа благодарност за се она што го прават за одбраната и за мирот во земјата. Тој упати честитки и до сите војници од АРМ кои се во мировни мисии во други земји.

Желбата на сите војници и старешини е конечно оваа година Република Македонија да го добие тоа што го заслужи и што и припаѓа, да биде членка на НАТО, изјави претседателот Иванов.
 
Пред претседателот Иванов рапортираа и надлежните од водот задолжен за неговото обезбедување, по што и Врховниот командант на вооружените сили го откри и камен-обележјето на армиските „волци“ каде што во иднина секој од нив ќе дава заклетва.

Претседателот на Република Македонија и Врховен командант на вооружените сили, д-р Ѓорге Иванов беше придружуван од министерот за одбрана Зоран Јолевски и началникот на ГШ генерал-потполковник Горанчо Котевски.arm2

Novogodisni_paketcija_1
Г-ѓа Маја Иванова заедно со синот Иван, им подарија пакетчиња на децата во Клиниката за детски болести
Среда, 31 Декември 2014

Сопругата на претседателот на Република Македонија, Маја Иванова заедно со синот Иван, денеска ја посетија Клиниката за детски болести во Скопје и им подарија новогодишни пакетчиња на болните деца.

Директорка на Клиниката за детски болести, Аспазија Софијанова се заблагодари и истакна дека првата дама на државата е пријател на Клиниката и дека го заокружила овој последен ден од годината со мало внимание кое вратило многу насмевки.

- Со една позитивна мисла и енергија, со едно мало внимание и со поздравување со рака, на сите дечиња кои ќе останат на Клиниката им се врати насмевката. Верувам дека нашата соработка ќе продолжи и идната година, посочи Софијанова.

Иван Иванов рече дека им посакува на децата што побрзо да се вратат во своите домови и да ги исполнат со нивните безгрижни детски насмевки.

- Би сакал на сите дечиња и на сите семејства да им посакам среќни новогодишни и божикни празници со најискрени желби за многу здравје, среќа, успеси, љубов, бериќет и само позитивни мисли во Новата 2015 година, додаде Иванов.

Заради лекување, 80 деца од кои најголем број се на Онколошкиот оддел, заедно со своите мајки новогодишната ноќ ќе ја поминат на Детската клиника.
Novogodisni_paketcija_2

arh01
Претседателот Иванов ја додели Големата годишна награда за најуспешно реализирано архитектонско дело во 2014 година
Петок, 26 Декември 2014

Спортскиот центар „Јане Сандански" на архитектонското студио „Радо Инжинеринг" и проектантите Ѓоко Радовановиќ и Горан Тодоровиќ е најуспешното реализирано архитектонско дело за 2014 година.

Наградата, што ја доделува Асоцијацијата на архитекти на Македонија, ја врачи Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, кој е покровител на манифестацијата.

„Квалитетот на архитектурата се постигнува преку натпревар на идеи, концепти и визии за тоа каков треба да биде просторот во кој луѓето можат да живеат, да работат, да спортуваат, да творат. Поттикнувајќи го развојот на архитектурата и архитектонското творење, како и афирмацијата на македонската архитектура и творештво во меѓународни рамки, Асоцијацијата на архитекти на Македонија и оваа година по 38-ми пат ги вреднува најуспешните архитектонски остварувања. Ова признание е дотолку поголемо што доаѓа токму од колегите кои најдобро умеат да ја проценат вредноста на градителските потфати и архитектонските дострели", рече претседателот Иванов на доделувањето на наградата, што се одржа во Музејот на Град Скопје.

arh02

Inzenerski_prsten
Обраќање по повод формирањето на Алумни Асоцијацијата на добитници на признанието „Инженерски прстен“
Четврток, 25 Декември 2014

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, се обрати по повод формирањето на Алумни Асоцијацијата на добитници на признанието „Инженерски прстен", кое што се одржа на Технолошко Металуршкиот Факултет во Скопје.

Претседателот Иванов, на добитниците на признанието „Инженерски прстен", им порача дека ваквото признание е одговорност за нудење нови решенија, и им посака Алумни асоцијацијата да биде уште еден субјект кој што ќе дава значаен придонес за севкупниот живот, затоа што инженери се потребни во сите струки и области.

„Преку тоа што сте го добиле како признание, сте ја презеле одговорноста да нудите решенија, да бидете креативни и иновативни и да дадете свој придонес во овој возбудлив свет во кој живееме. Во текот на целиот живот ќе бидете соочени со предизвици и нудење решенија, понудете и го тоа и на вашата држава, Република Македонија. Живееме во свет во кој што се чувствува отсуство на идеи и решенија, ни требаат нови идеи, нови решенија, луѓе кои што со отворен ум ќе дадат придонес во севкупниот живот", рече претседателот Иванов.

По повод 55-годишнината од основањето на Технолошко Металуршкиот Факултет, на претседателот Иванов му беше доделено пригодно признание.

 
Почеток < Пред 71 72 73 74 75 76 77 78 79 80 Следно > Крај
Страница 80 од 198