Новости
zname2
Церемонија на свечено менување на државното знаме
Петок, 13 Февруари 2015
agjutant
Полковник Азим Нуредин - нов Аѓутант на Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов
Петок, 13 Февруари 2015

Полковник Азим Нуредин, со Указ на Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, е поставен за нов Аѓутант на Врховниот Командант на Вооружените Сили на Република Македонија.

Полковник Нуредин военото образование го започнал во Средното Воено Училиште во Белград, веднаш по завршувањето на основното училиште, а Воената Академија ја завршил во Скопје. Дипломирал на командно-штабна академија „Генерал Михајло Апостолски" – Скопје и завршил Високи одбранбени студии во школото за Национална Одбрана во Р.Турција. Во текот на воената кариера извршувал бројни должности како командир на вод, чета, командир на караула и командант на баталјон и командант на гарнизон, како и бројни штабни должности во специјалните и механизирано пешадиските единици во неколку гарнизони и единици во Армијата на Република Македонија. Во досегашната војничка кариера има завршено бројни курсеви и учествувано во воени вежби во Република Македонија и странство. Во 2014 година учествувал во мисијата ИСАФ во Авганистан, каде е одликуван со НАТО медал за учество во мировна мисија. Активно го користи турскиот и англискиот јазик.

Досегашниот Аѓутант на Врховниот Командант на Вооружените Сили на Република Македонија, бригадниот генерал Васко Ѓурчиновски, продолжува со извршувањето на должноста командант на полкот за специјални операции на АРМ.

Примопредавањето на должноста Аѓутант на Врховниот Командант на Вооружените Сили на Република Македонија беше извршена денеска при свечената церемонија на менување на државното знаме во Кабинетот на Претседателот на Република Македонија.

praktikanti_EU
Прием за практиканти од Европската Унија
Четврток, 12 Февруари 2015
Referiranje_arm_1
Началникот на ГШ Горанчо Котески му реферираше на претседателот Иванов за борбената готовност на АРМ за 2014 година
Среда, 11 Февруари 2015

Началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник, Горанчо Котески, денеска во Домот на АРМ пред претседателот на Република Македонија и врховен командант на вооружените сили, д-р Ѓорге Иванов, реферирше за борбената готовност на армијата, во 2014 година.

На реферирањето присуствуваа министерот за одбрана Зоран Јолевски, претседателот на Комисијата за одбрана и безбедност во Собранието на Република Македонија, Емил Димитриев, раководители во МО и ГШ на АРМ, и командантите на потчинатите команди и единици во АРМ.

Претседателот Иванов беше информиран за реализацијата на плановите и задачите во 2014 година, согласно функционалните области на армијата.

„Врз основа на извршената сеопфатна годишна анализа на Генералштабот, беше донесен заклучок дека АРМ во изминатата година и покрај објективните потешкотии и ограничувања, беше институција за пример во извршување на задачите, како во земјата така и во меѓународни рамки. Армијата успешно ги извршуваше мисијата и поставените задачи, при што борбената готовност беше на потребното рамниште", истакна началникот на ГШ на АРМ, генерал-потполковник Горанчо Котески.

Тој додаде дека успешното се извршени клучните задачи и проекти кои што ја одбележаа минатата година, како што се: успешно извршување на меѓународните мисии надвор од Македонија, притоа давајќи акцент на завршетокот на мисијата ИСАФ и почетокот на мисијата „Одлучна поддршка" во ИР Авганистан, трансформацијата на АРМ согласно динамичкиот план, асистенција на институциите при елементарни непогоди и спасување, донесување на голем број правила и упатства со доктринарен карактер и за регулирање на непречено извршување на сложени задачи и зајакната регионална и меѓународна армиска соработка.

referiranje_2Началникот на ГШ даде осврт и за процесот на модернизација на АРМ, согласно Долгорочниот план за модернизација во одбраната, кој е усвоен од Владата, како и на имплементација на концептот за резервни сили како клучен фактор во трансформацијата на армијата, кој треба да заврши оваа година, а почна во 2012 година.
Претседателот Иванов, им честиташе на припадниците на АРМ за несебичната ангажираност при издигнувањето во една од институциите со најголема доверба во државата. Нагласи дека АРМ може да послужи за пример, а својата подготвеност, ја докажала преку задоволување на стандардите на НАТО, успешноста во извршување на меѓународните мисии, како и во справување со елементарни непогоди.

Министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски, истакна дека во 2015 година, АРМ ќе добие максимална поддршка за подигнување на борбената готовност. Министерството, додаде тој, ќе продолжи со поддршка на армијата во успешното извршување на нејзината функција.

Како главни приоритети, но и мерки кои во 2015 година ќе придонесат за понатамошно јакнење и подигнување на степенот на борбената готовност и моралот на припадниците на АРМ, се издвоени редовно пополнување на АРМ со персонал, приспособување на обуката според актуелните безбедносни предизвици и барањата на НАТО, продолжување со ангажирање во мировните мисии, реализација на проектот „АРМ мој вистински дом" и натамошно подигање на степенот на обученоста.
referiranje_3

msc01
И во случајот на Македонија да се почитува меѓународното право - учество на 51. Минхенска безбедносна конференција
Недела, 08 Февруари 2015

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, од петок (06 февруари 2015 година) до денеска (08 февруари 2015 година,) во Минхен, Сојузна Република Германија, учествуваше на 51. Минхенска безбедносна конференција, придружуван од Министерот за надворешни работи на Република Македонија, м-р Никола Попоски.

Во фокусот на годинешната конференција беа: Светот во 2015 година, борбата против тероризмот, нерешените конфликти во Европа со акцент на Украина, состојбата на Блискиот Исток, ризиците од бегалска криза, итн.

За време на своето трето учество на Минхенската безбедносна конференција, претседателот Иванов оствари повеќе формални и неформални средби со дел од учесниците на собирот.

На средбата со претседателот Алијев беше разговарано за натамошното продлабочување на билатералните односи меѓу Република Македонија и Република Азербејџан, како и за унапредување на економската соработката.

Во годината кога одбележуваме 20 години од воспоставувањето на дипломатските односи, двајцата претседатели изразија задоволство позитивниот тренд во билатералните односите меѓу двете земји, кои ги карактеризира пријателство, меѓусебно разбирање и заеднички интерес за нивно натамошно проширување и продлабочување.

Претседателот Иванов ја потенцираше потребата за унапредување и динамизирање на економската соработка, и јакнење на трговската размена меѓу двете земји, преку конкретни економски проекти, и додаде дека азарбејџанските инвестиции се добредојдени во Република Македонија. Во тој контекст македонскиот претседател го запозна претседателот Алиев, со поволниот инвестициски амбиент во нашата држава, и со состојбите во македонската економија.

msc03Претседателот Алиев, согласувајќи се со потребата за натамошно интензивирање на политичкиот дијалог, изрази задоволство од претстојната посета на претседателот Иванов на Азербејџан.

„Азарбејџан е подготвен за продлабочување на соработката со Република Македонија, во сите сфери од заеднички интерес и со задоволство ја прифаќам поканата за официјална посета на Република Македонија", нагласи претседателот Алијев на средбата..

Азарбејџанскиот претседател го информираше претеседателот Иванов за енергетските и гасоводни проекти, кои се во фаза на реализација и кои се планирани во Каспискиот регион. На оваа тема, беше договорено интензивирање на контактите.

На средбата беше разговарано за натамошна соработка на мултилатерален план, а беа разменети информации за актуелните состојби во регионот на Југоисточна Европа и на Каспискиот регион.

На средбата со Генералниот секретар на ОБСЕ, претседателот Иванов истакна дека Република Mакедонија високо ја цени улогата на ОБСЕ и поддршката што ја дава на земјата во повеќе сфери - владеење на правото, изборниот процес и законодавство, поддршка на области како што се полицијата и судството, унапредувањето на меѓуетничките односи и соживот.

Република Македонија, истакна претседателот Иванов, целосно ја поддржува работата на организацијата и на г. Заниер..

Македонскиот претседател го запозна соговорникот дека за Република Македонија останува клучниот предизвик да се деблокира статус-кво состојбата во интеграциите. Тој додаде дека евро-атлантските интеграции даваат дополнителна кохезивна сила во нашето општество.

На средбата се разговараше и за состојбите во поширокиот регион.

msc04Претседателот Иванов посочи дека Република Македонија го поддржува усвојувањето на Декларацијата за улогата на ОБСЕ во справувањето со феноменот на странски борци, во контекст на имплементација на резолуциите 2170 (2014) и 2178 (2014) на Советот за безбедност на Обединетите Нации, што се однесуваат на справувањето со насилниот естремизам.

„Српското претседавање со ОБСЕ треба да се искористи за зајакнување на регионалната соработка во нашиот регион, по прашањето за справување со насилниот екстремизам и странските борци.Потребни се соодветни проекти, во соработка со ОБСЕ, за соочување и превенција од овие закани", порача претседателот Иванов на средбата.

„Општа оценка е дека постои огромна загриженост, пред се, за состојбите во Украина. Тоа носи многу емоции, како што се виде во излагањата на учесниците, а се чувствува и вознемиреност иако на 51. Минхенската безбедносна конференција, како еден од најзначајните глобални форуми, се расправа за прашања од безбедноста, но и за сите прашања кои се предизвици на нашето време".

Ова го истакна претседателот Иванов, по денешното завршување на тридневната конференција во Минхен.

Тој додаде оти Минхенската конференција е позната како форум на кој секогаш се настојува преку дијалог и на мирен начин да се решаваат конфликтите кои постојат и да се превенира.

Потенцирајќи дека конференцијата е можност за средби со многу лидери, експерти и други луѓе кои носат одлуки во сферата на безбедноста, претседателот Иванов информира дека сите негови досегашни учества на оваа конференција, вклучувајќи ја и оваа година, ги искористил за размена на мислења, контакти и средби, со сите оние кои на некој начин се поврзани со нашиот регион.

На билатералните средби во Минхен, македонскиот претседател укажа за нашата состојба бидејќи, како што рече, можевме да слушнеме дека најчесто се повикуваат на почитување на меѓународното право.

msc02„Укажав дека тоа е и нашиот проблем што го имаме со нашиот сосед, затоа што отсуствува почитувањето на меѓународното право и веќе донесените договори кои постојат. Укажав и на тоа дека Македонија долго време е блокирана поради непочитувањето на меѓународното право од страна на нашиот јужен сосед и оти за нас треба да важат оние позитивни искуства кои ги имаме во нашиот регион за паралелно движење на процесот на преговарање за членство во ЕУ, кој го трансформира нашето општество", изјави претседателот Иванов.

Македонскиот претседател појасни дека сите земји од нашиот регион ги трансформираа своите општества и сите нивни институции се прилагодени на европските стандарди и принципи односно се менува целиот амбиент.

Токму тоа е она што нас ни недостасува и поради блокадата ги гледаме и актуелните состојби кај нас во земјата и до каде сето тоа води, рече претседателот Иванов, додавајќи дека неговите соговорници пројавиле интерес за се она што е закана за нашиот регион како што се тероризмот и странските борци.

На 51. Минхенска безбедноста конференција учествуваа околу 20 шефови на држави и влади, околу 60 министри за надворешни работи и за одбрана, 30 извршни директори на глобални компании и парламентарни делегации. Меѓу учесниците беа германскиот сојузен канцелар, г-ѓа Ангела Меркел, како претставник на земјата домаќин, потпретседателот на САД, г. Џозеф Бајден, претседателите на Литванија, на Естонија, на Бугарија, на Финска, на Азербејџан и на Словенија, г-ѓа Далиа Грибаускаите, г. Томас Хенрик Илвес, г. Росен Плевнелеив, г. Саули Нинисте, г. Илхам Алијев и г. Борут Пахор, холандскиот премиер, г. Марк Руте, рускиот министер за надворешни работи, г. Сергеј Лавров, Генералниот секретар на НАТО, г. Јенс Столтенберг, Генералниот секретар на ОБСЕ, г. Ламберто Заниер, и др. На конференцијата учествуваа и повеќе поранешни државници, меѓу кои поранешниот американски државен секретар Медлин Олбрајт и поранешниот Генерален секретар на ОН, Кофи Анан.

Минхенската безбедносна конференција, со која претседава амбасадорот Волфганг Ишингер, претставува најугледен и најреномиран форум на глобално ниво, посветен на прашањата од безбедноста, промовирањето на мирното решавање на конфликтите, меѓународната соработка и дијалог во надминувањето на безбедносните предизвици на денешнината и иднината, со особен фокус на трансатлантското партнерство. Република Македонија, претставена на највисоко ниво, редовно учествува на конференцијата.

msc05

poplava_2
Претседателот Иванов во посета на поплавените подрачја во Пелагониско
Вторник, 03 Февруари 2015

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска ги посети поплавените подрачја околу Црна Река во Пелагониско, како и селата Тројкрсти и Лознани.

Претседателот Иванов го посети селото Тројкрсти каде што припадниците на АРМ, вработени во јавните претпријатија од Прилеп и во Противпожарната единица поставуваа вреќи со песок како превентивна заштита по најавата за нови дождови.

Како што е најавено од надлежните институции во Прилеп денеска треба да се постават околу 6 илјади вреќи песок крај Црна Река и каналот „Блато" кај селата Чепигово, Тројксти и Тополчани.

„Денеска сме во Пелагониско за да го видиме пробивањето на Црна Река и сите активности кои се преземаат од Армијата, од општините и јавните претпријатија бидејќи се очекуваат нови врнежи, па овие пробиени места треба да се санираат. Тука се околу 250 припадници на Армијата и во текот на денешниот ден се обидуваат да постават вкупно 10 илјади вреќи со песок кои колку толку да ја санираат состојбата, изјави македонскиот претседател.
poplava1
Претседателот Иванов го повика и локалното население да се вклучи во поставувањето вреќи со песок.

„Локалното население треба да им помогне на војниците и на сите ангажирани од јавните претпријатија за колку толку да се избегнат поголеми катастрофи од кои се зафатени и соседните земји", рече претседателот Иванов.

Началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-потполковник Горанчо Котески информираше дека војската е ангажирана во неколку региони.

- Изминатите денови Армијата е ангажирана во Штип, Струмица, Куманово и овде, во пелагонискиот регион, особено по течението на Црна Река. АРМ го даде својот максимум и е подготвена да ги вложи сите капацитети во помош на граѓаните и локалните самоуправи кои се загрозени од поплавите, рече тој.

Генералот Котески нагласи дека Армијата максимално е ангажирана и подготвена е дури и за евакуација на загрозено население.

poplava_3„Во овој момент се вклучени 700 војници, како и механизација, ги снабдува со гориво општините зафатени со поплавите. Подготвени се два тима од воздухопловството доклоку дојде до евакуација на загрозено население", истакна Котески.

Градоначалникот на Прилеп Марјан Ристески информираше дека на синоќешниот состанок на Кризниот штаб одржан во Битола со кој раководи министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески договорено е поголемите општини Битола и Прилеп да им помогнат на помалите општини.

„Ја понудивме сета помош за да се подготвиме за евентуалните нови најавени дождови. Преку Армијата се обезбедени неколку стотини војници, а двете општини ги пуштија на терен вработените од јавните претпријатија. Од Прилеп се ангажирани преку 100 луѓе кои помагаат да се постават вреќите со песок по течението на Црна Река и онаму каде што е направен пробив. Се надеваме дека ќе успееме зашто водостојот на реката и на сите канали е на највисоко ниво", рече Ристески.

Градоначалникот на Битола, Владимир Талески ја потврди помошта на општината за да се санира течението на Црна Река.

„Проблемот во пелагониско е што мрежата на Црна Река нема капацитет да ги прими сите води. Се обидуваме да ја пренасочиме водата да не дојде до куќите во населените места. Има и големи процепи кај селата Радово и Чарлија. И таму има луѓе и активности, рече Талески. Се очекува во 14 часот да има нови информации кога во Битола ќе се состане Регионалниот кризен штаб со министерот Миле Јанакиески", изјави тој Талески.
poplava_4

 
Почеток < Пред 71 72 73 74 75 76 77 78 79 80 Следно > Крај
Страница 78 од 198