Новости
zagreb_rotator
Македонија не може бескрајно да се задржува на евроатлантскиот пат – претседателот Иванов во официјална посета на Република Хрватска
Понеделник, 06 Јули 2015


cro01Хрватска во целост ја поддржува Македонија на евроатлантскиот пат. Свесни сме за проблемот со Грција, тоа е билатерален проблем, но наш став е дека поради него, Македонија не може бескрајно да се задржува на тој пат, дека треба да се валоризира се што прави Македонија, истакна претседателот на Република Хрватска, г-ѓа Колинда Грабар Китаровиќ по средбата со претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, во Загреб.

Посочи дека Југоисточна Европа останува недовршена работа и на ЕУ и НАТО бидејќи, како што додаде, овој простор природно припаѓа на евро-атлантските интеграции.

„Ние од Хрватска го поддржуваме членството на нашите соседи во ЕУ и НАТО затоа што тоа е предуслов за траен мир, стабилност и просперитет на просторот на Југоисточна Европа и на тој начин треба да се менува имиџот во светот и ова да стане простор во кој ќе се вложува и кој економски ќе напредува", рече претседателот Грабар Китаровиќ.

На Европа, рече таа, и треба ново засилување и подмладување и затоа е неопходно да не се блокира европската перспектива на земјите од југоисточна Европа.

„Состојбата во Грција дополнително ќе влијае на заморот за проширување на ЕУ. Но, проширувањето е процес кој ќе придонесе за посилна ЕУ и за побрз економски развој. На ЕУ и треба ново засилување и подмладување“, изјави хрватскиот претседател Грабар Китаровиќ.

Македонскиот претседател Иванов рече дека е од големо значење сета помош и поддршка што ја добиваме од Хрватска во нашите евроатлантски интеграции.

„Го отворивме прашањето за членството во НАТО, како Македонија да го добие она што го заслужува да биде членка на НАТО, бидејќи блокадите кои досега ги имавме укажуваат на голема фрустрираност на населението во Македонија. Очекувањата кои ги имавме со зачленувањето се изневерени и со години сме во чекалната на ЕУ и НАТО. Очекуваме поддршка од Хрватска, Македонија да го добие тоа што го заслужува", рече претседателот Иванов.

Во однос на македнско-грчкиот спор за името, хрватската претседателка рече дека ЕУ не сака да увезува никакви нови проблеми и сака потенцијалните проблеми и отворените прашања да се решат пред пристапувањето на државите-кандидатки во ЕУ и НАТО.

cro02„Ние од наша страна ќе поддржиме било каква иницијатива која ќе води кон решение затоа што заморот кој се појави во Македонија се јавува насекаде во југоисточна Европа. Ние сакаме тоа да се реши. Ја охрабрувам Грција да ги направи сите напори во овој момент, за да се надмине проблемот и да се најде решение", изјави Грабар-Китаровиќ.

Претседателот Иванов одговарајќи на новинарско прашање во врска со вчерашниот референдум во Грција на прес-конференцијата во Загреб рече дека очекува состојбата во Грција да се стабилизира, затоа што сите земји во регионот се меѓусебно поврзани и тие состојбите влијаат од една во друга земја.

„Посакуваме да се најде решение и конечно грчкиот народ да почне да живее нормален живот", истакна претседателот Иванов.

Народната банка на Република Македонија, како што посочи, е подготвена и ги има сите можни сценарија како да се справи со предизвиците од последните случувања во Грција.

„Веќе дел од тие мерки се преземени и не постои никаква опасност да бидат загрозени банките во Македонија", кои се заштитени, додаде тој.

Хрватската претседателка Грабар - Китаровиќ изрази стравување дека состојбата во Грција дополнително ќе влијае врз расположението на европските граѓани и на проширувањето.

„Затоа е клучно да се инсистира процесот да продолжи на политичко ниво, на ниво на државници, на ниво на Европската комисија. Не смееме да дозволиме ерозија на европските идеи на отвореноста на слободен пазар затоа што постојат проблеми во поедини делови на Европа", рече претседателот Грабар Китаровиќ.

Во рамки на официјалната посета на Република Хрватска, претседателот Иванов се сретна со претседателот на хрватскиот Сабор, г. Јосип Леко, и положи венец пред „Ѕидот на болката" во Загреб.

cro03

PRM_-_Ilco_FFM
Средба со претседателот на ФФМ г. Илчо Ѓорѓиоски
Среда, 01 Јули 2015
IFTAR_MATTO
Присуство на ифтарска вечера организирана од македонско – турската комора МАТТО
Вторник, 23 Јуни 2015

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, вечерва во Скопје присуствуваше на традиционалната ифтарска вечера во организација на македонско – турската комора МАТТО.

Обраќајќи се пред присутните претставници на јавниот и политичкиот живот, дипломати, бизнисмени и претставници на граѓански асоцијации и здруженија, претседателот Иванов рече дека рамазанските пости го означуваат духот на вековната традиција на исламот во Република Македонија.

"Мило ми е што денес сум на ифтарската вечера организирана од МАТТО – Стопанската комора на Македонија – Турција која како организација претставува економски, но и културен мост меѓу Македонија и Турција. Токму успешната економска соработка е израз на актуелните потреби, но и одраз на традиционалните врски, заемното почитување и пријателството. А македонската традиција, пак, е втемелена врз искуството на нашето многуетничко, многурелигиско и многујазично општество, кое со векови овозможувало мирна коегзистенција меѓу сите религии на нашиот простор. Традиција што создаде цврсти пријателства меѓу луѓе од различни религии. Традиција која претставува наша голема придобивка со која се гордееме", истакна претседателот Иванов во своето обраќање.

"Рамазан е месец во кој не мислиме само на себе и на нашите потреби, туку и на другите, на нашите соседи, роднини и пријатели.
Во овие мигови на празнување посакувам кај сите верници од исламската вероисповед да преовладува чувството на мир, љубов и меѓусебно разбирање. Да преовладуваат вредностите кои ги зближуваат и ги поврзуваат, а не ги разделуваат луѓето и народите.
Уште еднаш, вам, и на сите верници од исламска вероисповед во Република Македонија, ви ги честитам рамазанските пости", рече претседателот Иванов во своето обраќање на вечерата.

bratislava_rotator
На Македонија и е направена неправда за членството во ЕУ и во НАТО - учество на безбедносниот форум ГЛОБСЕК 2015 во Братислава
Недела, 21 Јуни 2015


Izjava_2Во рамки на тридневниот безбедносен форум ГЛОБСЕК 2015 што се одржа во Братислава, Словачка Република, претседателот Иванов оствари повеќе билатерални средби и учествуваше на панел - дискусии чиј општ впечаток е дека на Македонија и е направена неправда во однос на почетокот на преговорите за членство во ЕУ и НАТО.

- Македонија трпи од неодлучноста на Европскиот Совет и отсуството на политики кои даваат резултати и затоа, рече, сите се свесни дека мора нешто да се менува и Македонија да добие датум за почеток на преговори за членство во ЕУ.

На остварените средби ,претседателот Иванов ги запознал своите соговорници со актуелната состојба во земјава.

- Покрај слабостите што ги имаме во функционирањето на нашата демократија, голема причина е и застојот што го има во Македонија во евроинтеграциите и во НАТО, а сето тоа создава фрустрации и влијае на политичката култура. Македонија мора да добие дополнителна енергија да се придвижи напред во НАТО и во евроинтеграциите, бидејќи однесувањето на една земја членка и во ЕУ и во НАТО создава безбедносен вакум во нашиот регион, кој сега го пополнуваат глобални актери, изјави претседателот Иванов заокружувајќи го учеството на ГЛОБСЕК 2015.

Надоврзувајќи се на безбедносната состојба во земјава, претседателот Иванов ја нагласи подговтвеноста на нашата Армија и рече дека сме најпроверувана Армија во НАТО и пошироко, со 16 Акциони планови за членство, со 24 ротации во Ирак, 19 Авганистан, а со самото тоа истакна Иванов, покажавме деканашите војници се на ист ранг, а некаде и поподготвени од самите земји - членки на Алијансата. Тоа, подвлече претседателот Иванов , кај нас создава големи обврски, а никакви привилегии.

- Неопходен ни е тој безбедносен чадор, каде што сите земји од регионот ќе знаат како да се заштитат од големите предизвици. Поука за нашите политичари е да бидат свесни за опкружувањето и предизвиците кои се случуваат и на Блискиот Исток и на Кавказот и на целиот Балкан, што пак за европските политичари е Бермудски триаголник, порача претседателот Иванов.

Што се однесува до политиките на ЕУ, според претседателот Иванов, единствена успешна политика е проширувањето и ако таа доживее неуспех, се поставува прашањето иднината на самата ЕУ.

Во рамките на форумот, претседателот Иванов оствари средба и со американскиот сенатор Џон Меккејн на која е реафирмиран заедничкиот интерес за натамошно зајакнување на стератешкото партенерство меѓу Република Македонија и на САД. Интеграцијата во ЕУ и во НАТО, нагласил претседателот Иванов, останува стратешки приоритет за Република Македонија и во таа насока се заблагодарил за американската поддршка за аспирациите на земјата за членство во НАТО, изразувајќи истовремено и очекување за нејзино натамошно зајакнување.

McKejn_4

Сенаторот Меккејн изразил поддршка за Република Македонија за нејзините евроатлантски интеграции и повторил дека го поддржува ставот на граѓаните да одлучуваат за името на својата држава.

Внатрешно-политичката состојба во Македонија во насока на решавање на кризата и идните активности кои ОБСЕ има намера да ги спроведе преку мисијата во Скопје, беа дел од темите на кои претходно разговараа претседателот Иванов и генералниот секретар на ОБСЕ, Ламберто Заниер.

Претседателот Иванов посочи дека недостигот на доверба меѓу разузнавачките и полициските служби во регионот и недоволната размена на разузнавачки податоци за заканите се основни елементи за регионална безбедносна нестабилност.

Заниер изразил поддршка за иницијативата на претседателот Иванов за формирање регионален контратерористички центар за закани од насилен екстремизам и радикализам и заканата од странски терористички борци и програмите за дерадикализација и контрарадикализација. Тој искажал подготвеност за поддршка и за активности со програми за тренинг и едукација во јакнење на капацитетите на органите за прогон во Македонија кон борбата против формите на транснационалниот организиран криминал со акцент на сузбивањето на илегалната миграција и организираните криминални мрежи.

Zanier_2

Forum_3
Учество на претседателот Иванов на безбедносниот форум “ГЛОБСЕК 2015”
Сабота, 20 Јуни 2015

Претседателот Иванов, за време на учеството на Глобалниот форум за безбедност ГЛОБСЕК 2015 во Братислава, се обрати на сесијата „Балканска шаховска табла: Дали влогот е целосна и слободна Европа".

„ Време е да ги користиме вистинските зборови за да ги опишеме состојбите. Република Македонија е жртва на неодлучноста на Европскиот Совет, на одлуките на некои кои не мислеле на последиците од нивните одлуки. Во голема мера денешните состојби се резултат на предолгото држење на Македонија во чекалната. Не барам алиби за состојбите и кај нас има вина, потенцира претседателот Иванов на сесијата „Балканска шаховска табла: Дали влогот е целосна и слободна Европа", што заврши доцна синоќа, во рамки на безбедносниот форум што се одржува во Братислава.
Претседателот Иванов потсети дека Република Македонија има добиено шест позитивни препораки за членство во ЕУ, а со 16 Акциски планови за членство во НАТО, како што рече, македонската е најпроверена Армија во историјата на човештвото.

„Во услови на криза и вакви состојби мора да има друг начин на носење одлуки. Има недостаток на солидарност во поглед на поддршка за интеграција во Регионот, има и недостаток на соработка и доверба меѓу безбедносните служби во Регионот. Целата доверба што се градеше со години поради несоработката на Косово, но и други служби е разнишана", рече меѓу другото претседателот Иванов.

Во рамки на учеството на Глобалниот форум за безбедност, претседателот Иванов во Братислава оствари средба со претседателот на Република Полска, г. Бронислав Коморовски.

KOMOROVSKI_001

На средбата беа разменети мислења и информации за актуелните политички економски состојби во двете земји како и за севкупните безбедносни политички состојби во регионот, вклучувајќи ја и Република Македонија.

Претседателот Иванов изрази благодарност за поддршката од Република Полска во реализација на стратешките цели на Република Македонија за полноправно членство во Европската унија и во НАТО. Република Македонија и нејзините граѓани високо ја ценат вашата лична поддршка и поддршката на Полска, рече претседателот Иванов.
.
Претседателот Иванов имаше средба и со вицепремиерот и министер за надворешни работи на Словачката Република, г. Мирослав Лајчак, на која заеднички беше констататирано дека билатералните односи меѓу Македонија и Словачката Република се одлични.

Lajcak_1

Претседателот Иванов на средбата информираше за политичката и безбедносната состојба во Република Македонија, а беа разменети мислења и за генералните состојби во регионот на Jугоисточна Европа, како и за состојбите со евроатланстските интеграции.

Министерот Лајчак потенцира дека Словачка добро ги разбира последиците од предолгата статус-кво состојба во интеграциите и дека како и досега Република Македонија може да смета на поддршката од неговата земја.

Forum_10

 
Почеток < Пред 71 72 73 74 75 76 77 78 79 80 Следно > Крај
Страница 71 од 198