Иванов: Договорот за новата ера лежи во градењето доверба и безбедност во регионот
Понеделник, 01 Јуни 2015   

samit100Rotator

portoroz3Државите од регионот се премали за преголемите предизвици што ги наметна глобализацијата. Потребна е поголема соработка меѓу нив, а договорот за новата ера треба да се заснова на градењето доверба и поголема безбедност во регионот, порача Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, на денешниот„ Самит 100", што се одрзува во словенечкиот град Порторож.

Обраќајќи се пред лидерите од Југоисточна Европа и пред претставници на бизнис секторот, претседателот Иванов, посочи дека Македонија сеуште чека влез во Европската унија и во НАТО и оти она што и останува е да инвестира во економијата и образованието.

-Македонија 24 години е заглавена во лифт. Ни горе, ни долу - заглевани и во НАТО и во Европска унија, во Јадранско-јонската иницијатва и во Црноморската иницијатива. Од инает. Гледате што прави она што е наша специфика. Што ни останува – да ја градиме Македонија во висина и затоа се инвестира во економијата и знаењето. Ама некому тоа не му чини, истакна македонскиот претседател.


portoroz0Според претседателот Иванов потребна е поголема поврзаност меѓу државите од регионот и да се изнајдат канали за соработка, кои ќе резултираат со железнички, енергетски и ИКТ поврзувања.

Македонскиот претседател ја поздрави праксата „Самитот 100" да се одржува пред Самитот на процесот Брдо – Бриони и во тој контекст нагласи дека синергијата меѓу бизнис заедницата и државите е особено неопходна во денешни услови.

На самитот, покрај претседателот Иванов присутни се и бизнисмени од Република Македонија. На маргините на самитот, претседателот Иванов оствари билатерални средби со домаќинот, словенечкиот претседател Борут Пахор и со хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ од кои македонскиот претседател побара неодложен почеток на пристапните преговори за членство во Европската унија и прием во НАТО.

„Самитот 100" во Порторож се одржува четврта година по ред. Во 2011 година за првпат Самитот се одржа во Република Србија, во 2013 во Црна Гора, а во 2014 година во Република Хрватска.portoroz6

  Back<<Назад